Најстудено утрово е во Битола, најтопло во Крушево


Најстудено утрово е во Битола -3 степени Целзиусови, -2 се измерени во Скопје – Петровец, Берово и Струмица, -1 во Тетово, Демир Капија и Велес, 0 во Скопје–Зајчев Рид, Штип, Кавадарци, Прилеп, Mаврови Анови и Гевгелија, 1 во Куманово, 2 во Крива Паланка, Охрид, Претор и Виница, 4 во Попова Шапка и 5 во Kрушево, […]

Дел од Пинтија без вода


Од ЈП „Водовод и канализација“ денеска известија дека поради уличен дефект на „Саса“ 18, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од Пинтија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Планинарскиот спортски клуб „Пелистер“ слави 90 години постоење


Здружението планинарско-спортски клуб „Пелистер“ – Битола, најтрофејното и најстарото национално планинарско-спортско друштво на Република Македонија, формирано во 1935 година, слави 90 години постоење. Во рамки на јубилејната програма, вечер во Битола пред планинарите и рекреативците од градот и држава, ќе гостува д-р Сашко Кедев, кој во битолскиот театар ќе ја претстави преентацијата „14х8000 метри“, а […]

Без струја делови од Илинден и Ѓорче Петров


Без електрична енергија денеска во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе останат корисниците на улица „Бунарџик“ во Општина Илинден, информира РЦУК-Скопје. Струја од 09:00 до 15:00 часот ќе немаат и дел од корисниците на улиците „Мице Козар“ и „Ѓуро Салај“ во Општина Ѓорче Петров.

Сообраќајот на граничниот премин Евзони – Богородица утрово се одвива нормално


Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) утрово се одвива нормално. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.  АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, […]

Сончево со наместа зголемена облачност во утринските часови


Времето денска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени […]

Томовски најавува саем во Скопје, жичница од градот до средно Водно и нов владин авион


Директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) Ивица Томовски синоќа најави дека е можно Скопје наскоро да добие Саем, но и жичница од болницата во Козле до средно Водно. Како што информира Томовски во гостување на „Сител“, се размислува и за набавка на нов владин авион зашто „Лирџетот“ е стар веќе 20 години, […]

Астрономски календар


 Денеска е четврток, 11 декември 2025 година, 345-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 20 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 52 минути, а ќе зајде во 16 часот и 2 минути. Денов трае 9 часа и 10 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, […]

АМСМ: Повторно е блокиран сообраќајот на ГП Евзони-Богородица


Од 17:00 часот повторно е блокиран сообраќајот на Граничниот премин Евзони (ГП Богородица), информира АМСМ. Оттаму посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува […]

Бектеши нема потпишано ниту една лиценца за „Пулс“, тврди одбраната


Одбраната на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши, во својот воведен говор на судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, тврди дека причинско-последична врска во дејствија на обвинетиот Бектеши, спротивно на законски обврски по кои е должен да постапува нема, ниту Министерството со кое […]

Миланов: Дискотеката „Пулс“ е изградена пред да биде формирана ДЗС


Нема причинско последична врска меѓу поранешниот директор на ДЗС Беким Максути и пожарот во „Пулс“ во Кочани, тврди неговиот адвокат Еленко Миланов, на денешното рочиште на кое продолжија излагањата на одбраната на обвинетите. „Не може да одговара службено лице за тоа што некој во својот дом или приватен објект не поставил уреди за заштита од […]

Одбраната на поранешниот директор на ДЗС, Аднан Џаферовски: Не можете да обвинете некого за пропуст, ако не можете да докажете што пропуштил


На денешното рочиште за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, одбраната на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, остро ја оспори правната конструкција на обвинението, тврдејќи дека обвинителството не го утврдило причинскиот контекст меѓу неговата функција и несреќата. Адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска оцени дека обвинението против нејзиниот клиент се темели на […]

Андоновски: Се воведува единствен електронски број на граѓанинот


Инфраструктура за интероперабилност меѓу институците постои, но тоа не е само ИТ прашање. Не се доволни 2,6 милиони трансакции месечно на оваа плаформа, може и мора  да има десет пати повеќе. Институците не смее да функционираат како засебни острови, туку да бидат дел од платформата и да разменуваат податоци, порача денеска министерот за дигитална трансформација […]

Јавен обвинител ќе се избира на јавен оглас, најави Мицкоски


Главен јавен обвинител ќе биде избиран на јавен повик, на кој ќе може да се пријави секој оној кој ќе ги исполнува условите согласно закон и согласно објавениот повик, најави денес премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашања на новинарите во врска со предлогот на Владата за разрешување на главниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски. Премиерот рече […]

Зелен хуман град бара да се забранат огнометите


ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД преку својот претставник во Советот на Град Скопје, Марјан Калевски, поднесе Иницијатива за забрана на огномет на територија на градот со која се забранува употреба на експлозивни материи од страна на физички или правни лица со цел одбележување прослави или каков било вид на забава.   „Oгнометите предизвикуваат значително загадување на животната […]

Мултифункционалниот центар во Ново Лисиче ќе го смени изгледот на маалото


Мултифункционалниот центар во Ново Лисиче, кој треба да биде на располагање на потребите на Скопје Град на културата 2028, треба да биде готов до крајот на 2027 година. Центарот се наоѓа во срцето на ново Лисиче зад спортскиот центар „Марко Божиновски“, а неговата изградба ќе чини 99 милиони денари во прва фаза, доделени од Владата […]

Фетаи: Предлогот за разрешување на Коцевски е добро образложен, очекувам да помине


Мислам дека целиот проблем околу корупцијата на високо ниво се состои во правосудниот систем. Затоа е и покрената иницијативата за разрешување на јавниот обвинител. Мислам дека судскиот систем треба да се реформира. Работиме во таа насока со нашите партнери, изјави денеска заменик-претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, одговарајќи на новинарски […]

Формиран Меѓуопштински одбор за управување со отпад за Пелагонискиот регион


Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион денес, во Скопје, одржаа конститутивна седница и официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) – формален и функционален механизам што ги обединува двата региона во единствена структура за управување со отпад. Со ова, државата прави решителен чекор кон воведување модерен, координиран систем за управување со отпад […]

ЕК најавува „енергетски автопатишта“ за намалување на трошоците и зголемување на енергетската независност


Европската комисија денеска предложи Европски пакет за енергетски мрежи, со кој се превидува модернизација на постојната инфраструктура и создавање на т.н. „енергетски автопатишта“ со што ќе се овозможи ефикасен проток на енергија низ сите земји членки, поевтина чиста енергија и забрзување на електрификацијата. Се проценува дека на овој начин ќе се придонесе за намалување на […]

Започна Регионалниот форум „Од политика до импакт: Унапредување на интегритетот и институционалните реформи во Западен Балкан“


 Во Скопје почна регионалниот форум „Од политика до импакт: Унапредување на интегритетот и институционалните реформи во Западен Балкан“, кој се очекува да донесе нови заложби, продлабочена координација меѓу земјите од регионот и напредни пристапи во борбата против корупцијата, вклучително и користење на технологија и вештачка интелигенција. Меѓу другите, на настанот обраќања имаа и собранискиот претседател […]