„Пет фест“ на 1 јуни во Скопје


На 1 јуни во Паркот на Франкофонијата во Скопје ќе се одржи „Пет фестивал“ посветен на домашните миленици, одговорното сопствеништво и благосостојбата на животните. Организаторите најавуваат учество на повеќе од 60 професионалци кои ќе ја презентираат својата работа во Пет индустријата. Кинолошкиот сојуз првпат ќе ги претстави меѓународните шампиони во неколку раси, нивните карактеристики и …

„Пет фест“ на 1 јуни во Скопје Read More »

Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето


На седница на собраниската Комисија за здравство денеска треба да се одржи продолжение на надзорната расправа на тема „Ефектите од аерозагадувањето во Скопје и во другите градови врз здравјето на луѓето и мерките што се преземаат за заштита на јавното здравје”. Надзорната расправа почна завчера, а продолженија се најавени и за утре и за 26 …

Продолжува надзорната расправа за аерозагадувањето Read More »

Македонското научно здружение за аутизам слави 25 години постоење


Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА) денеска го одбележува  јубилејот – 25 години од основањето, круна на четврт век исполнет со посветена работа, истражувања, едукација и поддршка за лицата со аутизам и нивните семејства. Во 2000 година група истакнати професионалци ја иницираа идејата за создавање здружение што ќе работи на унапредување на условите за живот, …

Македонското научно здружение за аутизам слави 25 години постоење Read More »

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одбележува 76 години од основањето


Најстарата и најголема високообразовна институција во земјава, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје годинава одбележува 76 години од своето основање. По тој повод, Универзитетот организира тридневна програма на настани кои ќе се одржат денеска, на 23 и 30 мај, како дел од чествувањето на јубилејот и патрониот празник – Денот на светите Кирил и …

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ одбележува 76 години од основањето Read More »

Конференција за одговорноста за човековите права и за нивното унапредување


 Конференција на тема „Одговорност за човековите права: Националните одговори на препораките на Народниот правобранител и Универзалниот периодичен преглед за унапредување на човековите права“ денеска ќе се одржи во Скопје во организација на народниот правобранител, со финансиска поддршка од норвешкото Министерство за надворешни работи, во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП и …

Конференција за одговорноста за човековите права и за нивното унапредување Read More »

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени Целзиусови. И во Скопје ќе …

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд Read More »

За пет месеци Клиниката за гинекологија ќе добие нов лик


Од денеска почна комплетното реновирање и реконструкција на амбулантите, лабораториите и специјалистичките кабинети на Клинички центар „Мајка Тереза“ ЈЗУ УК Гинекологија и акушерство во Скопје. Реконструкцијата е во износ од 29 милиони денари со што, се очекува, да се создадат услови за поефикасна дијагностика и лекување на пациентите. Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, …

За пет месеци Клиниката за гинекологија ќе добие нов лик Read More »

СДСМ ги обвини Максим Димитриевски и неговиот кум за шеми со станови


„Општина Куманово е алатка за остварување на приватните бизнис интереси на градоначалникот Максим Димитриевски и неговиот кум Драган Митевски“, обвини денес СДСМ , посочувајќи дека „по скандалот со продажбата на земјиштето кај поранешен ЧИК, излегува нов сомнителен случај – нов скандал, шеми со станови вредни околу 140.000 евра“.   -Во 2010 година, Максим Димитриевски купува …

СДСМ ги обвини Максим Димитриевски и неговиот кум за шеми со станови Read More »

На ужалените од трагедијата во Кочани им продавале „молитви во тегли“ – уапсен велешанец


  На 20.05.2025 во СВР Струмица, претставник на МПЦ – OA – Струмичка Eпископија пријави дека од почетокот на 2025 до 20.05.2025 на социјални мрежи се појавила фан страна со назив „Библиска Македонија“ каде се објавувале религиозни содржини, пораки и кратки исечоци од веќе објавени беседи на Владиката Јаков.   Исто така, според пријавеното, на …

На ужалените од трагедијата во Кочани им продавале „молитви во тегли“ – уапсен велешанец Read More »

НБ: Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити


Народната банка на Република Северна Македонија денеска објави дека анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 11,6 проценти што произлегува од повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 11,8 проценти како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, …

НБ: Граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени кредити Read More »

Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, вели Мицкоски


Дел од минатите раководства на АД МЕПСО барале мито од инвеститорите и тоа во моментот се истражува. Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека наскоро ваквите тврдења ќе бидат обелоденети во јавноста.  – Најголемиот конзум што го има Македонија е во зима, отприлика втората половина од јануари меѓу 18 и 20 часот и тоа е 1,5 гига. …

Во МЕПСО им се барало мито на инвеститори, вели Мицкоски Read More »

Аеродром се фали дека по 15 години набавил механизација за зеленило – барем да ја употребат


Општина Аеродром, по цели 15 години, набави нова современа механизација за одржување на урбано зеленило, објави денеска општината, а сега се очекува и да ја употребат.   Користењето на оние машини што ги има се случува од ретко поретко. Ако претходно се користеа барем сезонски, во некој период од секое годишно време, сега тоа не …

Аеродром се фали дека по 15 години набавил механизација за зеленило – барем да ја употребат Read More »

За сите оние кои годинава ќе одат во Грција: Ова се казните за сообраќајни прекршоци


За сите оние кои годинава ќе одат во Грција, казните за прекршоци во сообраќајот се следните: – Возење под дејство на алкохол: 78 до 1.200 евра, зависно од количеството/промилите – Брзо возење (до 20 км/ч над дозволеното): 100 евра – Црвено светло и претекнување на полна линија: 700 евра – Возење без појас: 350 евра …

За сите оние кои годинава ќе одат во Грција: Ова се казните за сообраќајни прекршоци Read More »

Митрополитот Пимен на интронизацијата на Папата Лав XIV


Митрополитот Европски г. Пимен како претставник на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија присуствувал на интронизацијата на Римскиот Папа Лав XIV, на 18 мај во Ватикан, објави Литургија.мк. Утредента по интронизацијата, митрополитот Пимен присуствувал на официјален прием во Апостолската палата, којшто папата го организирал за членовите на делегациите на сите Православни помесни цркви и на Ориенталните …

Митрополитот Пимен на интронизацијата на Папата Лав XIV Read More »

Арсовска на ново градилиште во Чаир, до Ганиу: Сите те знаат што човек си (видео)


Градоначалничката на Град Скопје, замина на втора дивоградба во Чаир и го прозва чаирскиот градоначалник, да дојде и да објасни зошто се гради и на ова градилиште. „Не ни се заканувај, не ни ги праќај овие со „поршиња“ да ни се закануваат“, му порачува во живо Арсовска на Висар Ганиу. Заклучува дека тие што ќе …

Арсовска на ново градилиште во Чаир, до Ганиу: Сите те знаат што човек си (видео) Read More »

Армискиот полигон Криволак од 26 мај до 9 јуни домаќин на војските на седум НАТО држави и две партнерски


Унапредување на регионалната безбедност, зајакнување на подготвеноста на НАТО како и поддршка на одбранбените планови на Алијансата е целта на мултинационалната вежба „Immediate Response 25“ која од 26 мај до 9 јуни ќе се одржи на армискиот полигонот Криволак. Како што информираше денеска началникот на генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски оваа вежба е една од најголемите …

Армискиот полигон Криволак од 26 мај до 9 јуни домаќин на војските на седум НАТО држави и две партнерски Read More »

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Штип


Во 11:25 часот нормализиран е сообраќајот на експресниот пат Штип, од крстосница кај с.Крупиште до крстосницата кај с.Спанчево, соопшти АМСМ. Сообраќајот на овој патен правец беше во прекин од 09:15 часот поради потреби на МВР. Сообраќајот беше пренасочуван по стариот пат.

Од попладне нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h


 Во попладневните и вечерните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град, информира УХМР. Од утре ќе има изолирана појава на нестабилност со локален дожд …

Од попладне нестабилно време со врнежи од дожд, грмежи и силен ветер над 60 km/h Read More »

Тенкови „Леопарди“ и „Апачи“ хеликоптери ќе вежбаат на Криволак


Тенкови Леопард 2А6, хеликоптери Апачи AH-64, Хамви возила, JLTV оклопни возила и разна друга опрема и средства ќе бидат користени на воениот полигон Криволак, во рамките на вежбата во која ќе учествуваат над 2000 воен персонал од 7 земји членки на НАТО и две партнерски земји. Македонија ќе биде домаќин на воената вежба “Immediate Response …

Тенкови „Леопарди“ и „Апачи“ хеликоптери ќе вежбаат на Криволак Read More »