Пендаровски: Ќе бидам претседател на сите граѓани


Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски, денеска на трибина со жители на Бутел, истакна дека оваа општина со децении е пример за тоа како треба да функционира концептот едно општество за сите и заедништвото меѓу граѓаните од различните етнички заедници. – Овде, во оваа општина, го минав најголемиот дел од животот со […]

Заев: Дваесет и шест години по приемот во ОН решивме спор и пишуваме нова историска страница


На денешен ден, 8 април 1993 година, нашата земја беше примена како членка на Обединетите Нации под референцата „поранешна југословенска Република Македонија“ (“the former Yugoslav Republic of Macedonia”), напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев кој вели дека денеска е убав ден да се потсетиме дека ПЈРМ (FYROM) замина неповратно во историјата. -Убав ден […]

ВМРО-ДПМНЕ демантира дека се прифатени дел од нивните забелешки за законот за обвинителството


Во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев дека наводно се прифатени дел од забелешките на ВМРО-ДПМНЕ во однос на преговорите за законските нормативи од областа на обвинителството реагира ВМРО-ДПМНЕ. „Или господинот Заев го нема прочитано новиот предлог кој министерката за правда, Десковска го достави до претставникот на ВМРО-ДПМНЕ или пак Заев продолжува свесно да […]

Силјановска-Давкова на средба со млади во Битола – Тие се движечката сила на едно општество


Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска оствари средба со пензионери во Градскиот парк и средба со млади во кафе „Јагода“. Силјановска Давкова при средбата со младите посочи дека тие се движечката сила на едно општество, гласот на промените, иновативноста, и надежта на секое општество од кое почнуваат промени. Најдобар […]

Намалена затворската казна на возачот што ја прегази Фросина


За смртта на младата студентка Фросина Цековска која беше прегазена на пешачки премин кај Универзална сала во април 2015-та, Апелациониот суд ја намали затворската казна за 29-годишниот возач, јавува Телма. Скопјанецот Љубиша Видојковиќ добил тригодишна затворска казна односно апелација му ја намалила казната за една година. Покрај тоа Апелациониот суд му определил и мерка од […]

На Инфективната клиника 33 пациенти со морбили, еден во потешка здравствена состојба


Еден пациент е во потешка здравствена состојба со белодробна тромбоемболија како компликација од морбили, и е хоспитализиран на Одделот за интензивно лекување на Клиниката за инфективни болести. Со компликации од морбили хоспитализирани се и три деца и двајца возрасни кои имаат пневмонија, информираат од таа јавна здравствена установа. Посочуваат дека четворица пациенти со морбили се […]

Општина Кисела Вода прогласи Ден на жалост за поранешната градоначалничка Билјана Беличанец


Со едноминутен молк членовите на Советот на Општина Кисела Вода ја започнаа денешната вонредна седница свикана поради смртта на поранешната градоначалничка Билјана Беличанец. На седницата едногласно се донесе одлука утрешниот ден да биде прогласен за ден на жалост на територијата на општината. Со одлуката се откажуваат сите културни, спортски, забавни и други манифестации. – Денеска на […]

Поранешни амбасадори се обединија во Совет – ќе ги советуваат институциите за надворешната политика


Евроатлантските интеграции и унапредување на добрососедските односи се основните принципи кои ќе треба да ги почитуваат членовите на Советот на амбасадорите, што денеска се формираше, а во кое може да членуваат сите поранешни амбасадори и поранешни министри за надворешни работи. На факултетот ФОН денеска се одржат основачкото Собрание на Советот, кој претставува независно, непартиско, непрофитабилно […]

Осудени за „27 април“ побарале помилување од претседателот Иванов


До кабинетот на претседателот на државата Ѓорге Иванов се доставени неколку барања за помилување на осудени лица за случајот „27 април“. Од кабинетот на претседателот за МИА велат дека последното од повеќето барања за помилување пристигнало во петокот во попладневните часови. За насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, на 15 март годинава на […]

Заев: Иванов нема право да ги помилува осудените за „27 април“


Премиерот Зоран Заев вели дека законски не е можно претседателот да ги помилува осудените за нападот на Собранието на 27 април 2017, одговарајќи на новинарско прашање дали е можно Ѓорге Иванов да ги помилува на заминување, откако до Претседателот стигнале неколку барања за амнестија од осудените. „Не очекувам аболиција од претседателот Иванов оти не постои […]

ДИК: Во избирачките места со помалку од десет избирачи нема да се одвива гласање


Во избирачките места во кои има помалку од десет избирачи нема да се одвива гласање. Граѓаните ќе гласаат во најблиското соседно избирачко место кое не треба да биде подалеку од три километри. Ова го изјави претседателот на државна изборна комисија (ДИК), Оливер Деркоски на денешното отворање на 31 седница. Граѓаните ќе бидат известени од општинските изборни комисии […]

Студентите по медицина од Тетово на пракса во болниците во Скопје


Студентите по медицина на Универзитетот во Тетово ќе можат дел од едукацијата да ја поминат во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје согласно заложбите на институциите да се отворат здравствените установи за кадарот без оглед каде студираат, најавија денеска министерот за здравство Венко Филипче и деканот на Тетовскиот медицински факултет, Кастриот Хаџиреџа на денешната нивна […]

Заев: Прифатени повеќе сугестии на ВМРО-ДПМНЕ за СЈО


„Изработена е нова верзија за законот за СЈО, во која во одредени сегменти се прифаќаат голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ и веќе се испратени до претставникот на најголемата опозициска партија“, истакна премиерот Зоран Заев на работилницата „Гаранција за млади“ во организација на Агенцијата за млади и спорт. Премиерот очекува дека денеска да биде разгледана […]

Заев: „Бомбите“ нема да важат за случаите по 30 јуни 2017 година


Изработена е нова верзија за законот за СЈО, во која  во одредени сегменти се прифаќаат голем дел од сугестиите на ВМРО-ДПМНЕ и веќе се испратени до претставникот на најголемата опозициска партија, истакна премиерот Зоран Заев на работилницата „Гаранција за млади“ во организација на Агенцијата за млади и спорт. Тој очекува дека денеска да биде разгледана […]

Ромките се соочуваат со невработеност и немање пристап до гинеколог


Иницијативата на жени од Шуто Оризари го одбележува Меѓународниот ден на Ромите алармирајќи за пречките со кои и денес се соочуваат Ромките во нашата држава. „Пречките не можеме да ги доброиме, но низ годините јасно станува дека најголеми меѓу нив се невработеноста и немањето пристап до услуги за репродуктивно здравје. Незаконската наплата и неефикасните мерки […]

СДСМ: Милошоски е лажен патриот, тајно преку телефон преговараше ново име на државата


Антонио Милошоски е истиот оној кој целата јавност го слушна како тајно преку телефон преговараше ново име на државата, како за него е прифатливо ,,сложено име, посложено здравје” и дека нема проблем да биде Горна, Долна Македонија, во заграда или без заграда Вардар, пред или по Република, се вели во соопштението на СДСМ. Според СДСМ, […]

Собранието доби функционална фитнес сала


Собранието ја информира јавноста дека во рамки на склучениот договор од 25 септември 2013 година, со Друштвото за градежништво БЕТОН АД Скопје, согласно кој набавувачот  треба да набави мебел и останата опрема за новоизградените и реконструираните простории, опремена е и собраниската теретана со вкупна вредност од 1.096.383 денари. Теретаната е во функција од 10 јули […]

Ден на Ромите: Еднакви права и достоинствен живот за сите


Потребно е силно ангажирање од сите чинители за вистинска имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбите на Ромите во државата. Еднакви права и достоинствен живот за сите, е единствениот пат за една успешна заедничка земја. За тоа не се доволни само конференции и проекти, туку и делување за градење вистинско инклузивно општество. Ова беше истакнато […]

Запознајте ги Ромите и тие нека ве запознаат вас


Ромите се најголемо малцинство во Европа, но, дискриминацијата на Ромите и натаму е многу распространета во многу аспекти од животот – се вели во изјавата на главниот координатор на проектот „Интеграција на Ромите 2020“ на Регионалниот совет за соработка (РСС), Орхан Усеин, по повод Меѓународниот ден на Ромите.   Според податоците од последното регионално истражување […]

Ромите во Тетово уште живеат без водовод и канализација


На улицата „29 ноември“ во Тетово 60-тина години поголема заедница на семејството Красниќи живее во кал, без поплочени улици и со само една чешма, и беше посочено денеска на градоначалничката Теута Арифи која организираше прием за граѓански здруженија по повод 8 Април, Меѓународениот ден на Ромите. – Побаравме да се работи на водовод, канализација и поставување […]