Нови 881 случај со Ковид-19, починати 22, оздравени 806 пациенти


Во последните 24 часа се направени 2902 тестирања, а регистрирани се 881 случај со Ковид-19 во: Скопје-425, Куманово-40, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-55, Тетово-32, Струга-24, Велес-23, Битола-39, Охрид-33, Кавадарци-22, Гостивар-30, Гевгелија-10, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Кочани-23, Пробиштип-4, Демир Хисар-4, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-1, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-12, Ресен-4, Неготино-19. Починати се 22 лица, седум пациенти од […]

Бабовски и Рахиќ одат на нови должности, Бојан Лазаревски вд директор на Агенцијата за филм


Владата на Република Северна Македонија на денешната седница, на предлог на Комисија за именување, прифати повеќе кадровски решенија, соопшти владината прес-служба. Николче Бабовски е разрешен од должноста директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и е именуван за вршител на должност директор на Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна […]

На инфективните оддели во државава се лекуваат 1302 пациенти, има слободни кревети


Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 805 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство. Во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово […]

Владата не сака да се спогодува со ексфункционерите обвинети од СЈО


Владата нема намера да се спогодува со ексфункционерите обвинети во предметите на СЈО, а кои поднесоа апликации против државата пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур повикувајќи се на аболицијата од бившиот претседател Ѓорге Иванов. Нивните апликации пред меѓународниот суд се во почетна фаза, односно во фаза кога државата добива известување од Стразбур […]

Заев: Имаме разбирање за одлуката на Србија да го суспендира патувањето без ПЦР тест


Србија ќе паузира со примената на Меморандумот за патување без ПЦР тестови склучен со Северна Македонија и Албанија, поради барањето на некои европски земји, за што навремено информирала српската Влада, изјави денеска премиерот Зоран Заев -Веројатно, Германија и некои други земји бараат од земјите кај нас, веќе одржаа состанок и со нашиот министер за внатрешни […]

Маричиќ: Со процесот на филтрирање ќе се тргнат зачмаените судски предмети


Како Влада и како Министерство за правда не сме надлежни да постапуваме во случаи каде има наводно застарување или долго задржување на предмети во определен суд, но токму заради вакви појави треба многу сериозно да го сфатиме и спроведеме процесот на проверка на работата на судиите, рече министерот за правда Бојан Маричиќ  одговарајќи на новинарско […]

Почина пензионираниот генерал Бранко Дракалоски


По кратко боледување предизвикано од Ковид-19, на 60-годишна возраст почина бригадниот генерал во пензија Бранко Дракалски, соопштија Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија. Во текот на неговата воена кариера до неговото пензионирање во 2015 година, бригадниот генерал Бранко Дракалски, има извршувано повеќе високи воени должности, а во период од 2009 – 2014 година беше и […]

Општина Центар урна нелегален ресторан на Водно


Секторот за инспекциски работи денеска излезе на терен и продолжи со акцијата за отстранување на нелегални објекти на територијата на општина Центар. Како што информираат општинските власти, станува збор за случај во кој инвеститорот „Вандербилт тенис клуб“ ДООЕЛ Скопје не постапил по решение издадено од општината за самостојно отстранување на градбата. „Со денешната активност е […]

Владата нема да се спогодува со тужителите за прислушкувањето, ќе бара докажување на случаите низ правна постапка


Владата нема да ја искористи можноста за спогодување со подносителите на тужбите против државата во врска со деветте предмети кои се однесуваат на тековните кривични постапки за незаконското прислушување. Граѓаните имаат право да ја дознаат вистината, а оние што евентуално сториле криминал или ги прекршиле законите, треба да одговарат за своите дела. Не сакаме и […]

Караџовски: Прославувањето мора да биде одговорно, без поголеми групирања


 Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски вели дека не може да се забранat прослави, но оти прославувањето мора да биде одговорно, без поголеми групирања и со луѓе кои во изминатиот период ги почитувале мерките. – Патувањата не се лимитирани. Прославата на Нова година доколку е одговорна, може да се направи во било кој […]

Заев: Новогодишната ноќ ќе ја прославам во мојот дом со семејството


Премиерот Зоран Заев, на денешната прес-конференција на која што информираше дека Владата ги усвои предложените мерки од Комисијата за заразни болести, изјави дека новогодишната ноќ ќе ја прослави во својот дом, заедно со неговото поблиско семејство. – Лично јас ќе бидам во мојот дом, заедно со сопругата и со двете деца. На влада исто укажавме, […]

Филипче: Децата и лицата кои прележале КОВИД-19, засега, нема да се вакцинираат


Засега не се препорачува вакцинирање на деца, а се смета дека и луѓето кои што го прележале КОВИД-19 и имаат антитела, се доволно заштитени и не треба да бидат во групата за вакцинација. Ова денес го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања на прес конференцијата на која беа објавени новите рестриктивни […]

Вакцините ќе стигнат во март, најави министерот Филипче


Најавите преку Ковакс системот е дека вакцините против КОВИД-19 ќе ги добиеме во месец март, изјави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање. Според неговите информации таква е ситуацијата и во другите земји во регионот кои набавките ги вршат преку овој механизам. „Во разговор со грчкиот министер за здравство, тој […]

Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести – кафеаните ќе работат до 18 часот, забранети прославите


Владата ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести – кафеаните ќе работат до 18 часот, а забранети се и прославите во периодот од 18 декември до 20 јануари на полноќ, соопшти денес на прес конференција премиерот Зоран Заев. „Ситуацијата налага акција и ние како одговорна влада ги преземаме овие рестриктивни мерки за време на […]

Комерцијална банка донираше две амбулантни возила за полесно справување со КОВИД-19 (фото)


За потребите на здравствениот систем во борбата против КОВИД-19 денеска се донирани две амбулантни возила кои ќе бидат наменети за Здравствениот дом во Скопје и за Општата болница во Охрид. Донацијата е од Комерцијална банка во вредност од 336 илјади евра, а покрај возилата, вклучува и кислородни концентратори и околу 7..000 тестови. – Комерцијална банка […]

Филипче: Ако угостителските објекти работат подоцна, поголем е ризикот за ширење на вирусот


Мерката за затворање на угостителските објекти околу новогодишните и божиќните празници е со цел да нема поголеми групирања, а со тоа и ризик за пренесување на корона вирусот. – Периодот што следува има поводи за масовни собири во угостителски објекти и нивна повеќечасовна работа по завршување на работното време на граѓаните е поголем ризик за […]

МО ги презеде сите мерки за безбедно уништување на бомбите пронајдени во Битола, без загадување на животната средина


На Криволак денеска започнува уништувањето на бомбите од Првата светска војна, пронајдени во Битола, а прелиминарна проценка на емисиите на суспендирани честички од детонирање на експлозии, од лабораторијата АМБИКОН при Универзитетот Гоце Делчев од Штип, по барање на Министерството за одбрана покажала дека детонациите нема да предизвикаат промена во квалитетот на воздухот во пошироката околина на […]

Општинскиот кризен штаб во Пехчево со нови мерки за заштита пред новогодишните празници


Општинскиот кризен штаб во Пехчево донесе нови мерки за заштита од Ковид-19 во пресрет на новогодишните празници.  Зајакнатите полициски контроли во градот се меѓу позначајните мерки кои ќе бидат преземени за да се спречи групирање околу празниците, информираа од Кризниот штаб.   – Кризниот штаб на општина Пехчево ја разгедуваше досегашната ситуација со пандемијата заради […]

Во последните 24 часа во Скопје во болница се примени 43 нови пациенти со Ковид-19


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 497 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за […]