(Видео) Почнува вакцинацијата во Македонија – Добринка Јовановска и Габриела Темелковска први примија вакцина


Фото: Б. Грданоски

Со вакцинација на двајца здравствени работници, денеска во 10 часот во модуларната болница во Скопје ќе почне процесот на имунизација во земјава.

Добринка Наунова Јовановска, примариус доктор инфектолог и Габриела Темелковска, главна сестра на инфективна клиника се првите здравствени работници кои денеска ја примија вакцината против Ковид-19.

Фото: Б. Грданоски

-Безболно е и се чувствувам одлично. Препорачувам сите да се вакцинираат, за да стекнеме имунизација во целата држава, рече Јовановска.

.

– Денеска продолжува вакцинацијата на сите вработени на Инфективната клиника. Следат вработените во сите ковид центри, најпрвин тука, во Скопје, а од викендот и болниците ширум државата и приватните болници – рече министерот за здрваство Венко Филипче, кој присуствуваше на почетокот на вакцинацијата.

 

Пунктот во модуларната болница ќе има шест вакцинални позиции, кои ќе работи во две смени од 8 до 20 часот, а вакцинацијата ќе ја спроведуваат медицински тимови од Здравствен дом Скопје.