Спасовски – Ди Џовани: Остануваме отворени за соработка во полза на заедничката цел – заштитата на најмалите


Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и државната секретарка Магдалена Несторовска денеска имаа средба со претставникот на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција Ди Џовани. На средбата, како што соопшти МВР, се разгледуваа досегашната и идната соработка меѓу Министерството и Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава. Министерот Спасовски истакна дека покрај размената на информации и гледишта […]

Пратеник или нотар – Антонио Милошоски ја загуби нотарската лиценца


Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, ја загуби нотарската лиценца затоа што тоа е неспоиво со функцијата претставник на народот, пишува „А1он “. Министерството за правда му ја одзело нотарската лиценца согласно законот, затоа што тие две работи се неспоиви, што произлегува од Законот за нотаријат. Милошоски доби лиценца да врши нотарска служба уште во 2016 […]

„Ди Пресе“ за убиството на Тодор Паница: Атентат во ложата два


Австрискиот весник објавува приказна за убиството на Тодор Паница, член на ВМРО, во виенскиот Бургтеатар во 1925 година. Поводот е тоа што неговиот гроб од виенските гробишта ќе биде преселен, веројатно во Бугарија   Отмар Лаходински Никогаш претходно не го забележав белиот надгробен споменик што го открив на Денот на сите светци на Централните гробишта […]

Во Берово утрово најстудено -11 степени


Утрово најстудено беше во Берово, -11 степени, а максимален еден степен беше измерен во Гевгелија и Дојран. Како што информира УХМР, до седум часот беше -9 во Скопје Петровец, -8 во Струмица, Битола, Крушево и Маврово, -7 во Крива Паланка, Прилеп, Штип и Демир Капија, -6 во Скопје Зајчев Рид, -5 во Тетово, -4 во […]

Засадени нови дрва во градинка во Кисела Вода


Општина Кисела Вода со средства од Владата, во дворот на градинката „Мимоза“, лоцирана во урбаната заедница „Цветан Димов“, засади 130 зимзелени садници. Покрај оградата на градинката, засадени се 50 лејланди и 80 прунуси. За наводнување на садниците, кои ќе формираат зелена ограда, поставен е и автоматски систем. Имено, за уредувањето на дворот, на објектот „Мимоза“, […]

ЕСЕ: Намалена транспарентноста на тендерите во јавното здравство


Нивото на транспарентност во објавувањето информации за спроведените постапки за јавни набавки во здравствени институции бележи тренд на намалување. Ова го покажува мониторингот на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), кое во периодот од 2016 до 2019 година континуирано го следеше процесот на јавни набавки во 62 здравствени институции. Институциите за овие […]

До година ќе се вработуваат инспектори во ДЗСИ


Инспекциските служби се важен контролен механизам за правилно спроведување на секоја уредба, одлука, протокол и мерка, што ги преземаме за спречување на ширење на корона вирусот. Повеќе од било кога е важно да ги почитуваме мерките и протоколите, да носиме маска, да одржуваме растојание и да нема групирања, порача вицепремиерот за борба против корупцијата и […]

Филипче во посета на Интерните клиники: Волонтери од ВМЦ и студенти од шеста година на медицина се вклучуваат во работата на ковид-центрите


 Лекари и медицински сестри од Воено медицинскиот центар (ВМЦ) и студенти кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во Скопје, од денеска почнаа да волонтираат во ковид-центрите во Скопје. Првата група лекари и медицински сестри веќе е вклучена во сменската работа и во дежурствата, соопшти Министерството за здравство. Министерот за здравство Венко Филипче […]

Од корона вирус почина Енвер Малиќи, заменик-градоначалникот на Скопје


Енвер Малиќи, заменикот градоначалник на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше заразен и од коронавирусот. Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, го назначи Енвер Малиќи за негов заменик пред три години, во 2017 година. Малиќи на последните локални избори беше избран како советник на Град Скопје […]

Светски ден на борба против Сида: Епидемијата на ХИВ сè уште активен проблем на јавното здравје


Интензивниот фокус на пандемијата на Ковид-19, не смее да ги намали напорите да се справиме со епидемијата на ХИВ, која сè уште е активен проблем на јавното здравје во државава и на луѓето засегнати од овој вирус, соопшти Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ „Заедно посилни“ по повод 1 декември, Светски ден […]

Речиси двојно поголем број оздравени пациенти од новодијагностицирани со Ковид-19, но се уште висок бројот на починати


Речиси двојно поголем број оздравени пациенти – 544 од новодијагностицирани – 336 (од вкупно направени 1.181 тестирање) се евидентирани во извештајот за состојбата со Ковид-19 на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Но, и натаму е висок бројот на починати пациенти, кој изнесува 32. Според министерот за здравство Венко Филипче, мерките кои Комисијата за […]

Трет повик за предлог-проекти за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија


Третиот повик за предлог-проекти за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија ќе биде објавен денеска. Како што сооопшти Министерството за локална самоуправа, амбасадорот на Европската унија во Северна Македонија Дејвид Гир и Луиџи Сорека, амбасадор на Европската унија во Албанија официјално ќе го објават Третиот повик за предлог-проекти за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија […]

Сончево, но студено со минимални температури до минус 11 степени


Времето денеска ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје ќе биде сончево со појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти […]

Починаа 32 лица, позитивни 336


  Точно една минута пред полноќ (прилично невообичаено за досегашната практика) Министерството за здравство ги објави податоците за состојбата со пандемијата на Ковид-19 во последните 24 часа. Бројката на починати и натаму е голема – 32 лица. Направени се 1.181 тестирања и позитивен наод имаат 336 лица, што изнесува 28 отсто и тоа е прв […]

Кој чита – почитува


Деновиве, кога сите продавници организираа попусти, поттикнати од таканаречениот „Црн петок“, од акцијата не изостанаа и книжарниците.  Речиси сите издавачки куќи ги понудија своите изданија на половина цена, а некои дадоа дури и поголеми попусти. Тоа беше прилика за вљубениците во пишаниот збор да ги надополнат своите библиотеки со нови изданија.  Затоа, мирно застанаа во […]

МВР: Полицајката Ангелеска е на одмор и нема дадено отказ


Службеничката во МВР, Јасмина Ангелеска , во моментот користи годишен одмор и до Одделот за правни работи на БЈБ досега не е стигнато барање за прекин на работниот однос, велат од Министерството за внтрешни работи по Фејсбук објавата на полицијакта која на јавноста и е позната по инцидентот со пајак службата, поконкретно со недоразбирањето со […]

ЦУК бара да се продолжи кризната состојба


Групата за процена во Центарот за управување со кризи бара продолжување на кризната состојба во државата за нови 30 дена. Со денешната втора седница на Групата за процена раководеше, в.д. директорот на Центарот, Стојанче Ангелов, а учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи. -Беше […]

Калеска Ванчева: Законот за спроведување попис мора да биде донесен, недозволиво е процесот да се политизира


Пратеничката на СДСМ, Снежана Калеска Ванчева вечерва изјави дека е исклучително важно и потребно Законот за спроведување на попис што побрзо да се донесе. Калеска Ванчева во Топ тема на ТВ Телма рече дека попис мора да има и дека за аспектите за пописот треба да се остават на стручњаците, односно на луѓето кои по […]

Џафери: Се прават напори Собранието да изнајде заедничко прифатливо решение со опозицијата за онлајн работење


Се прават напори Собранието да изнајде заедничко прифатливо решение со опозицијата за работа и гласање од далечина, со цел непречено функционирање на законодавниот дом, истакнал претседателот на Собранието Талат Џафери на денешната средба со британската амбасадорка во земјата Рејчел Галовеј. Како што се наведува во соопштението од собраниската прес-служба, Џафери изрази задоволство од повторната средба […]

Утре сончево, но студено со минимални температури до -11 степени целзиусови


 Времето утре ќе биде претежно сончево, по одделни котлини со појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во Скопје ќе биде сончево со појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти […]