Земјотрес од 3,3 степени по Рихтер во Гостиварско


Земјотрес со интензитет од 3,3 степени по Рихтер е регистриран попладнево во 12:57 часот во гостиварскиот регион. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет информира дека епицентарот на земјотресот е на 60 километри југозападно од Скопје, односно во епицентралното подрачје Гостивар-Тетово. Земјотресот е почуствуван во околината на Гостивар, Кичево и Маврово и околината со интензитет од три […]

Шахпаска: Ако продолжи корона кризата, социјална заштита ќе им треба на нови 6.000 семејства


Оние самохрани родители што не успеаjа да аплицираат за поддршката од 6.000 денари, Владата ќе размислува да ги опфати во следниот период, со некоја нова мерка, рече денеска министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска. Според Шахпаска, ако продолжи корона кризата, догодина се очекува во системот за социјална заштита да влезат уште 6.000 семејства. […]

ИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и починати од Ковид-19


Намален е бројот на новодијагностицирани и починати, како и на процентот на позитивни од тестирани за Ковид-19 во периодот од 14 до 20 месецов споредено со претходната недела, покажуваат податоците од денеска објавениот неделен извештај на Институтот за јавно здравје. Тоа, посочуваат оттаму, е тренд во изминатите три недели. Во тој период се пријавени 159 […]

Нуредини: Во владина процедура е план за заштита на Преспанското Eзеро


Изработен е итен акциски план за заштита на Преспанското Eзеро кој е придружен и со финансиска конструкција. Планот е во владина процедура за усвојување, информира министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Тој се надева дека активностите од овој план ќе почнат наскоро да се спроведуваат и на таков начин, како што рече, […]

Филипче: Бугарија дел од своите вакцини ќе ги донира за Македонија


Република Бугарија од секоја пратка на вакцини против Ковид 19, кои директно ги купиле од производителите, дел ќе донира и на нашата земја. Ова утрово беше одлучено на владината седница во Софија каде свое обраќање имаше и министерот за здравство д-р Венко Филипче. Со оваа одлука во нашата земја вакцини против Ковид 19 ќе стигнуваат […]

Во општина Центар ќе се поправаат и санираат 13 покриви и 12 лифтови


Врз основа на Програмата за комунални дејности на Општина Центар за 2020 година, донесена од страна на Советот на Општина Центар, општината трета година по ред објави јавен повик за финансиска поддршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови на станбени згради. Во изминатите три години со проектот за поправка и […]

Во ковид – центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 36 пациенти, вкупно се лекуваат 482


Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 36 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 482 лица сомнителни и потврдени за Ковид -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно девет приеми и тоа четири пациенти биле […]

Филипче во Софија ќе разговара да добиеме дел од првите вакцини што ќе пристигнат во Бугарија


Министерот за здравство Венко Филипче, на покана на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов и министерот за здравство Костадин Ангелов, денеска ќе присуствува на седница на Владата на Република Бугарија.   На седницата во Софија се очекува да се разговара за тоа земјава да добие дел од првата пратка вакцини што ќе стигнат во Бугарија.   […]

Нов концепт за основно образование, МОН уверува дека не се бришат содржините од наставните предмети


Новиот концепт за основно образование што го најави Министерството за образование и наука, а со кој се планира спојување на предметите историја со географија и граѓанско општество, и биологија со физика и хемија изминатите денови предизвика реакции во јавноста. За таа цел, вчера Министерството за образование и наука (МОН) преку презентација ги појасни дел од […]

Се работи на побрза набавка на вакцини


Поради појавата на нова мутација на коронавирусот во Велика Британија, од денеска се забранети сите летови од и кон оваа држава. Мерката за оваа забрана ќе трае до крајот на годинава. Кај нас надлежните уверуваат дека вирусот е под контрола, а во однос на вакцината, се е подготвено навреме за нејзина набавка. Превентивната мерка за […]

Умерено облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност


Времето во земјава ќе биде умерено облачно, претпладне по котлините со појава на магла и ниска облачност. По одделни котлини маглата ќе се задржи во поголем дел од денот. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 7, а дневната од 6 до 13 степени. Во Скопје, […]

Владата одлучи: Нема авионски летови од Велика Британија кон Македонија


Владата на Република Северна Македонија вечерва одржа седница на која донесе одлука за забрана на сите авионски летови од Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија до крајот на 2020 година, врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести. Со оваа одлука на Владата ќе биде задолжителна проверка на сите патници кои […]

МАНУ бара реформата во образованието да биде транспарентна и стручна


По неколку институции и МАНУ денеска се јави со реакција на предложениот нов концепт на образованието и бара реформата да се транспарентна, стручн и целисходна. Во своето соопштение претседателството на МАНУ бара систематско и посебно изучување на македонскиот јазик и македонската историја, бидејќи „македонскиот народ зборува на македонски јазик, веќе со векови, на територијата на […]

Симевски: Мора да направиме попис, на државата ѝ требаат податоците


Она што Евростат го налага за земјите членки на ЕУ и државите  кандидати е пописот да биде спроведен во 2021 година. Ние мораме да направиме попис, не заради Евростат, ниту за Обединети нации, туку заради нас. На оваа држава и требаат податоците, ги немаме 18 години. Ние 18 години планираме без информации, изјави за ТВ […]

Царовска на состанок со граѓански организации: Преку интегрирани наставни програми учениците постигнуваат подобри резултати


Министерката за образование и наука Мила Царовска на онлајн состанок со граѓанските организации денеска разговараше за новата концепција за основно образование. На состанокот беше истакнато дека граѓанските организации се важен партнер на Министерството во носењето на сите реформски процеси, вклучувајќи ја и новата концепција со која ќе се постигнат темелни промени во основното образование. Според […]

Скопје украсен со “Прозорците што се смеат“ (фото)


Скопје овој месец е украсен со „Прозорците што се смеат“  како дел од изложбата изработена од лица со интелектуална попреченост од Дневниот центар „Порака“ и Центарот за изведувачки уметности и едукација „Театар Пи“ од Скопје. На 18 декември, организаторите  онлајн го прикажаа истоимениот документарен филм. На плоштадот пред Дом Ибни Пајко, поставените инсталации предизвикуваат внимание […]

Tутунарите и натаму незадоволни од откупните цени


Откупот на тутунот продолжува, но според производителите, проблемите не се надминати. И натаму проценката на родот не е реална. – По потпишаниот Договор од петокот, денеска очекувавме дека ќе се подобрат работите. Се случи неочекуваното, и горе-долу останаа истите проблеми на теренот. Некој е задоволен, но мнозинството се незадоволни. Затоа, ги замолуваме и ги охрабруваме […]

На „Табановце“ до 15 часот влегле над 2.200 граѓани


Од полноќ до 15 часот на Граничниот премин Табановце, влегле вкупно 2.235 граѓани, од кои 1.551 домашни и 684 странски државјани, информираше денеска МВР. Во овој период, пак, излегле 373 лица од кои 212 домашни и 161 странски државјанин. Вкупно на ГП Табаноце поминале 2.608 лица, од нив 1.763 домашни и 845 странски државјани. Од денеска за […]

Реформите во образованието да се спроведат транспарентно и стручно, порачува МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите денеска излезе со ставови во врска со најавените реформи во образованието, во кои вели дека се залага за нивно транспарентно, стручно и целисходно водење. Притоа, во соопштение од Претседателството на МАНУ се потенцира дека реформите треба да обезбедат: систематско и посебно изучување на македонскиот јазик и македонската историја, укажувајќи […]

Дел од марихуаната од Валандовско завршила во Арачиново, еден дел е во Косово


Оставам на истрагата, гледате дека МВР ефикасно постапува. Еден дел од тоа што беше Валандовско-гевгелискиот регион веќе е откриено во областа на Арачиново, еден дел е во Косово, се работи со службите да се открие до крај и да бидат извадени пред лицето на правдата сите одговорни, изјави денеска на прес-конференција премиерот Зоран Заев. Во […]