Пратеникот Зоран Јованчев ја отвори својата канцеларија во Кавадарци


Пратеникот Зоран Јованчев денеска ја отвори својата канцеларија во Кавадарци.

Во изјава за медиумите, рече дека е таа за соработка со граѓаните и дека преку неа, ќе можат да се информираат за работата на републичкото Собрание.

-Сите заинтересирани можат да закажат средба, да дадат свои забелешки, идеи и сугестии, се со цел, поактивно да бидат вклучени во работата на Парламентот, нагласи Јованчев.

Тој додаде дека канцеларијата ќе биде отворена за физичките лица, но и за правните лица, граѓанските и синдикалните организации и други субјекти.

Јованчев нагласи дека целта е подобрување на живеењето за сите.