Царовска: Средношколците имаат право на матура а МОН има обврска да им ја обезбеди


Министерството за образование и наука има законска обврска да им обезбеди право на полагање државна матура на учениците, посебно на оние кои сакаат да продолжат во високо образование. Ова го нагласи министерската за образование и наука Мила Царовска одговарајќи на новинарско прашање за бојкотот на наставата од дел на средношколците. „Од првиот ден откако сум […]

Средношколски сојуз: Не се залагаме за откажување на матурата, туку за изменување и затоа бојкотот не е неоправдан


 Сојузот на средношколци не се залага за откажување на матурата. Сојузот не ги поддржа средношколците кои тоа го бараа и инсистираше дека државна матура мора да има. Имајќи го ова на ум, јасно е дека бојкотот на наставата не е за откажување на матурата, тука за нејзино изменување за оваа учебна година. Затоа Сојузот не […]

За околу 35 отсто ќе се зголеми вредноста на дежурствата во ковид одделенијата во ГОБ „8 Септември“


Вредноста на дежурствата на вработените во ковид одделенијата во ГОБ „8 Септември“ ќе се зголеми за околу 35 отсто со што постоечката вредност на дежурствата од 96 отсто, со измените би достигнала до 130 отсто. Ова е договорено на денешната средба на министерот за здравство Венко Филипче со директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов […]

УНЕСКО: Пругата, автопатот, гасоводот и далноводот кон Албанија да се градат по една траса


Државните претпријатија во земјава меѓусебно да се координираат за важните инфраструктурни проекти што минуваат низ заштитеното подрачје во Охридско-струшкиот регион и да се истражи опцијата преку една траса (коридор) да минуваат пругата, автопатот, гасоводот и далноводот кон Албанија, бара УНЕСКО во изработениот Нацрт-извештај, во кој се наведува дека за Охрид и Охридското езеро се исполнети […]

Припадник на ЕБР сведочеше за случајот „Титаник“


Во продолжение на судењето за случајот „Титаник“ сведочеше припадник на ЕБР при МВР, кој истакна дека во 2011 бил на позицијата тим лидер и дека тие постапувале на ниво на цела држава, па и во Охрид. Врзано за изборите во овој град во 2011 година тој изјави дека не бил присутен таму. – Наредбите ги […]

Нови 63 случаи со Ковид-19, починати шест, оздравени 573 пациенти


Во последните 24 часа се направени 677 тестирања, а регистрирани се 63 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-37, Куманово-4, Тетово-1, Гостивар-1, Штип-2, Битола-1, Велес-1, Охрид-2, Кавадарци-5, Струга-1, Свети Николе-1, Крива Паланка-1, Берово-2, Делчево-1, Пробиштип-1, Кратово-1, Пехчево-1. Починати се шест пациенти од кои двајца од Скопје (54 и 79г), два од Прилеп (85 и 93г), еден […]

Карантин при влез во Германија, доколку граѓаните престојувале во ризично подрачје од Ковид-19


Сите лица што престојувале во ризична област десет дена пред влезот во германија, мора начелно да одат во карантин откако ќе влезат во оваа држава, објави на Фејсбук Германската амбасада во Скопје, посочувајќи дека ова важи и за оние што пристигнуваат од Северна Македонија, бидејќи земјава моментно е назначена како „ризично подрачје со особено голем […]

Заштитни паравани во основните училишта во Чаир како заштитна мерка од Ковид-19


Во ОУ „Хасан Приштина“ денеска беше промовиран проектот на Општина Чаир за поставување на 1950 заштитни паравани во 10 основни училишта на територијата на оваа општина. Тие, како што истакнаа општинските власти, треба да овозможат поефикасна заштита на учениците од прво до трето одделение кои наставата ја следат со физичко присуство во овој период на […]

Националното тело за имплементација на конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост ја поддржа Нацрт-концепцијата за основно образование


Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост при Владата направи анализа на Нацрт-концепцијата за основно образование и при тоа ги консултираше своите членови и партнери – организациите на лица со попреченост, соопшти владината прес-служба. Нацрт-концепцијата била разгледана и анализирана на втората одржана седница на Националното координативно тело […]

Новиот британски сој на коронавирусот не е детектиран во последните анализи на МАНУ


 Министерството за здравство соопшти дека заклучно со 11 јануари не е утврдено присуство на SARS-CoV-2 вирусот од Велика Британија во нашата земја. Овие наоди, како што се посочува, се базирани на податоците од лабораторијата на ИЦГИБ-МАНУ добиени при анализа на геномите на близу 180 SARS-CoV-2 вируси кај пациенти од Република Северна Македонија дијагностицирани во периодот […]

Водостојот на Преспанското Езеро зголемен за еден сантиметар


За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро во однос на вчера, со што езерото за 32 сантиметри го има надминато апсолутниот минимум, при што нивото е за 1,35 метри пониско од просекот за јануари. Според последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), водостоите на останатите две природни езера се исти како […]

Нови 1.000 домаќинства од општина Гази Баба ќе се приклучат на градското парно


Премиерот Зоран Заев заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борис Георгиевски направија увид на неколку тековни проекти кои Владата и локалната самоуправа заеднички ги реализираат во оваа општина меѓу кои и поврзувањето на 1.000 домаќинства од Хиподром 1 и Хиподром 2, на градската топловодна мрежа, инвестиција вредна 600.000 евра. -Една од стратегиските определби на […]

Аплицирање за субвенции преку „Купи куќа, купи стан“ до крајот на годинава


Граѓаните годинава ќе можат да аплицираат за субвенција за станбен кредит од државата, преку проектот „Купи куќа, купи стан“ на Министерството за финансии. Објавен е јавен повик согласно кој ќе можат да поднесат барање заклучно 31 декември годинава за државна субвенција на учеството или месечната рата за купување на стан или на куќа, соопшти денеска […]

Се чекаат првите вакцини „Фајзер“ од Србија и термините за достава од КОВАКС


Првите антиковид вакцини од „Фајзер“ од директно склучениот договор со овој производител се очекуваат во земјава во средината на февруари. Се чека прецизирање и на терминот кога ќе ги добиеме вакцините од КОВАКС-механизмот на Светската здравствена организација, како и известување за вакцините што ќе ни ги отстапат солидарно земји членки на ЕУ. Но, пред сите […]

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на некои повисоки места


Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива по влажни патишта, а на некои повисоки места ина остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на ЈП „Македонијапат“. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, на планинските превои Стража и Буково, како и во Маврово и во Крушево. На планинскиот превој […]

Крводарителска акција по 17. пат во спомен на роденденот на Тоше Проески


Организцитте на Црвениот крст на Град Скопје и на Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина (ИТМ), оваа година, по седумнаесети пат, ќе ја организираат традиционалната крводарителската акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител, Тоше Проески. Како што информираат од Црвениот крст на Град Скопје, крводарителската акција ќе се реализира денеска во холот […]

Сончево и релативно топло време, а во вечерните часови дожд и снег


На места утрово има повремени врнежи од дожд, особено во западните и источните делови. Во текот на денот ќе преовладува сончево и релативно топло време со умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од југозападен правец. Кон крајот на денот повторно ќе има врнежи од дожд, на планините од снег, пообилни во западните делови.  […]

Маричиќ: Сегашната законска рамка дава простор да се испитува потеклото на имот


Треба да се направи сериозна анализа на законската рамка и на праксата за да може да се дојде до заклучок дали има потреба од промена на Законот за спречување корупција и дали има потреба од нов закон, смета министерот за правда Бојан Маричиќ во однос на утврдувањето на потеклото на имот на функционерите. – Мислам […]

Сообраќајот непречено по влажни коловози, врнежи од снег на Попова Шапка


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка каде наместа има остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци е можна појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на […]

Заев: Никогаш не сум посочил оти други лица се виновни за случајот „Монструм“


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека никогаш не посочил оти други лица се виновни за петкратното убиство кај Смилковско езеро познато во јавноста како случајот  „Монструм“. -Ако имав лица да посочам, од 2015 еве до 2021 година ќе ги посочев до сега. Никогаш не сум спомнал дека друго лице е виновно. Сум давал свои коментари, […]