Општина Карпош со активности за справување со снежните врнежи
Зимската служба на општина Карпош, утринава распрскува емулзиона течност на дел од повисоките места во населбите Бардовци, Жданец, Трнодол и долж улицата „Ловќенска“ во Козле, како и низ населбата Влае (кај удолницата меѓу бул. „Партизански одреди“ и ул. „Петар Чаулев“) како превенција од евентуално заледување на коловозот по најавените снежни врнежи во текот на викендот. […]