Заев откако Мијалков дојде сам: Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!


Премиерот Зоран Заев, откако бараниот Сашо Мијалков сам појде во Обвинителството да го земе решението за домашен притвор, вели дека координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат.   – После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех: Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството […]

Утре пристигнува втората пратка вакцини од Србија


Министерот за здравство Венко Филипче утре, во 13.30 часот, на граничниот премин Табановце ќе ја пречека делегацијата предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој ќе ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“. Настанот ќе се одржи на меѓуграничниот премин на македонската и српската граница, информираат од Министерството за здравство. Првата пратка од Србија […]

Се зголемува капацитетот на патници во автобусите од 50 на 75 проценти


На денешната седница на Владата прифатена е согласноста на Комисијата за заразни болести по барање на група општински и меѓуопштински превозници. Барањето се однесува на зголемување на дозволениот број патници од 50 на 75 % од вкупниот капацитет во превозните средства утврдени со закон за оваа намена.

Студентските домови ќе бидат енергетски ефикасни


Владата денеска на 47-та седница ја разгледа и усвои Информацијата за проектот „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови во Република Северна Македонија“, кој се однесува на реконструкција и модернизација на студентски домови во државна сопственост, конкретно зголемување на енергетската ефикасност, структурниот интегритет и основната удобност.   Како што соопшти владината прес-служба, Програмата ќе се фокусира на студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Охрид […]

Нови 509 случаи со Ковид-19, девет починати, 354 оздравени пациенти


 Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.813 тестирања, а регистрирани се 509 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје – 285, Прилеп – 37, Кавадарци – 29, Охрид – 24, Велес – 16, Тетово – 11, Битола и Крива Паланка  – по 10, Струга и Гевгелија – по 9, […]

Вангеловски не сторил кривично дело кога ги криел предметите во фиока, заклучи обвинителството


Обвинителството со резолуција заклучи дека поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, не направил кривично дело кое се гони по службена должност затоа што долго време чувал одредени предмети во фиока. Во денешното соопштение, ОЈО информира дека е донесена резолуција во однос на известувањето од Врховниот суд од 29.10.2019 година во кое се наведени предмети […]

МОН ги повикува средните стручни училишта и компаниите да се пријават за грантови на Германската развојна банка


На средните стручни училишта и компаниите им стануваат достапни финансиски средства за опремување н работилници и лаборатории неопходни за реализирање практична настава и дуално образование преку Регионалниот фонд за предизвици.   Фондот функционира со овластување од Германското сојузно министерство за економска соработка и развој и е поддржан од Германската развојна банка (KfW). Има цел да ја зајакне важноста на пазарот […]

Нуредини: Процесот за интегрираната заштита на Водно е резултат на обврската за репрогласување на заштитените подрачја


Овој процес кој е сега пред крајот за конечно остварување на интегрираната заштита на Водно, е резултат пред се на обврската за репрогласување на заштитените подрачја во државата согласно новата регулатива и современите стандарди. Апсолутно е неточно дека претходниот статус на заштита бил од повисоко ниво, како што е и неточно дека категоријата заштитен предел […]

Спасовски: Мијалков е се уште во државата – одговорноста за бегството не ја гледа кај себе


Според анализите и проценките кои се прават и информациите кои ги добиваме  Мијалков е се уште во државата, изјави на прес конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Тој не гледа лична одговорност за бегството на обвинетиот Сашо Мијалков и за тоа ги посочи пропустите во системот. Тој денес на прес конференција ги отфрли шпекулациите […]

Отворен конкурсот за наградата од Европската унија за истражувачко новинарство


Отворен е конкурсот за истражувачки стории од земјите на Западен Балкан и Турција за годишната Награда од Европската унија за истражувачко новинарство. На конкурсот може да се пријават сите новинари кои објавиле истражувачки стории во периодот од 1 јануари до 31 декември 2020 година поврзани со слободата на изразување, владеењето на правото, транспаретноста, злоупотребата на […]

Нови 5.500 семејства корисници на социјална помош


За околу 5.500 семејства се зголемила бројката на корисници на гарантиран минимален доход или таканаречена социјална помош од почетокот на пандемијата до крајот на минатата година. -Гарантираниот минимален приход претставува облик на подддшка и финансиска помош што ја добиваат семејствата во социјален ризик. Пред почетокот на пандемијата 27 илјади домаќинства беа во системот на приматели […]

Обвинение за инвеститорот што градеше спроти американската амбасада


Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за случајот што го отвори поранешното СЈО за дивоградбата спроти Амбасадата на САД во Скопје.Иако кодното име на предметот алудира на поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и на лидерот ма ДУИ, Али Ахмети, кои во бомбите зборуваа за овој објект, тие не се обвинети, туку инвеститорот. Тој се […]

Шахпаска: Не може да се зголеми опфатот на деца во градинките


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска изјави дека по барање на родители и на градинките од Комисијата за заштита од заразни болести побарале мислење за евентуално зголемување на бројот на деца кои во овие услови на пандемија би можеле да посетуваат градинка, но, оти таа останала на ставот дека опфатот не треба […]

За викендот натпросечно топло време


УХМР соопшти дека продолжува периодот на стабилно, сончево и топло време. Утре ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Во деновите од викендот во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла и ниска облачност. Утринските температури на места ќе се спуштат под нулата, […]

На инфективните оддели во земјава се лекуваат 658 пациенти со Ковид-19


Вкупниот број пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели низ земјава е 658 и има околу 415 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 27 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 254 лица […]

И Агим Исмаиловиќ ветува: Нема да бегам како Груевски или Мијалков


Агим Исмаиловиќ, еден од обвинетите во „Монструм“ кој доби доживотен затвор,  коментираше денес во судот дека нема намера да бега – ако што тоа го сториле Груевски или Мијалков. „Јас кажувам дека немам ништо со ова кривично дело. Вие решавате и во врска со предлогот за притвор. Ќе ви укажам дека сум бил на слобода […]

Македонските министри на состанок со директоратите на ЕК


По повод Програмата за економски реформи 2021-2023 година, која се достави до Европската комисија на 29 јануари 2021 година и која има за цел преку конкретни реформски мерки да дејствува на клучните предизвици за конкурентноста на земјава, во рамки на дијалогот со Европската Унија за исполнување на економските критериуми, денеска се одржа состанок на високо […]

„Монструм“: Доживотен затвор за Алил Демири и Агим и Африм Исмаиловиќ


Денеска Основниот кривичен суд ја објави пресудата за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај „Смилковското езеро“. „Во името на граѓаните на Република Северна Македонија, по судење и гласање, Основниот кривичен суд Скопје, како првопстепен ја донесе следната пресуда. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ се огласуваат за виновни за тероризам, ги осудува на казна затвор доживотно. […]

Презентирана предлог организациска структура за Одделот и Регионалните центри за гранични работи


Идејата за отворени и безбедни граници за сите е еден од столбовите на кои се потпира Европската Унија. Јакнењето на националните капацитети во делот на интегрираното гранично управување е од исклучителна важност за нашата земја на нејзиниот пат кон исполнување на ЕУ и Шенген стандардите, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната презентација […]

Британскиот сој на вирусот „удри“ по семејните кластери во Прилеп и Кривогаштани


Новозаболените во епидемиолошките анкети велат дека кажуваат дека не се придржувале до здравствените протоколи, дека оделе по слави и родендени, се дружеле по ручеци и вечери   БИТОЛА – Се потврди дека во Прилеп доминира британскиот сој на Ковид-19, кој е присутен од јануари годинава, вели епидемиологот Татјана Мургоска–Станимировиќ од Центарот за јавно здравје во Прилеп. […]