Дожд, северен ветер и пад на дневните температури


Облачно време со врнежи од дожд ќе преовладува денеска во земјава. Повремено врнежите ќе бидат поројни и на места со ретки грмежи. Пообилни врнежи се очекуваат во северозападните и источните делови од државата. Поради продор на студена воздужна маса, освен на планините, врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а кон крајот на денот […]

Земјотрес со јачина од 3,8 степени вечерва во Маврово


Уште еден умерен земјотрес, бил почувствуван вечерва во мавровскиот регион. Според ЕМСЦ, земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер вечерва се случил на 13 км југозападно од Гостивар, во 22.38 часот. Земјотресот бил на длабочина од 1 км. Епицентарот е во близина на Мавровско езеро, а најмногу се почувствувал во Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево… […]

Запленетите 4,5 тони путер со поминат рок утре ќе се уништуваат на „Дрисла“


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вечерва соопшти дека се запленети вкупно 4,5 тони путер со поминат рок кој утре ќе биде уништен на „Дрисла“. Во соопштението се наведува дека путерот, чиј увозник е млекарницата „Евро Млекара“ од Скопје, е повлечен бидејќи е утврдено дека рокот на декларацијата не соодветствува со увозната документација за производот […]

Менкиновски ја оцени како скандалозна одлуката за притвор за Камчев


Aдвокат Тони Менкиновски остро реагира на притворањето на Јордан Камчев оценувајќи дека одлуката е скандалозна бидејќи притворот е изречен врз база на неиздржани индиции на Агенцијата за национална безбедност. Тој смета дека во документот за притвор се наведуваат тврдења со ЌЕ, без да има некакви докази. Тој најави жалба на притворот, но и нагласи дека […]

Филипче ќе поднесе тужба за навреда и клевета против пратеникот Лефков од ВМРО-ДПМНЕ


До граѓанскиот суд утре ќе поднесам тужба за навреда и клевета и нарушување на мојата чест и углед против Миле Лефков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ кој денес на прес конференција изнесе низа лаги во однос на цените и набавката на вакцините, напиша попладнево министерот за здравство Венко Филипче на Фејсбук. Тој вели дека лажни и неточни […]

МОН: Интересот за дуалното образование секоја година расте


Неколку девојчиња учат за електричари – електромонтери за електроенергетски мрежи во средното стручно училиште „Михајло Пупин“ во Скопје. Две од нив, преку знаењата и вештините што ги стекнале на часовите и низ практичната обука, се качија на високиот столб на полигонот во училишниот двор, што им служи за тренинг, соопшти денеска Министерството за образование и […]

Прилепчанец загина по пад во рудник


Во саботата, во 13.30 часот во СВР-Битола било пријавено дека истиот ден околу 09,00 часот на место викано „Чашка“ атар на с.Плетвар – рудник Чашка Д.С.(66) од Прилеп при пад во рудникот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен до Општата болница Прилеп, каде починал. Од страна на Јавен обвинител и увидна […]

Нови 541 случај на заболени од Ковид -19, повеќе од половина во Скопје


Нови 541 случај на заболени од Ковид-19 од направени 2.789 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа во државата. Починати се 19 лица на возраст од 55 – 89 години, а оздравени 521 пациент.   Од новозаболените, 290 се во Скопје, 43 во Прилеп, 22 во Тетово, 21 во Охрид, 19 во Гостивар, по 16 […]

За еден ден хоспитализирани 55 лица во скопските ковид центри


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 55 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 428 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство. Поради зголемениот број на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација, отворени се и ковид центрите на […]

Вкупно 1015 лица се хоспитализирани поради Ковид-19, празни сe 350 болнички кревети


Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1015 и има околу 350 празни болнички кревети во ковид центрите.   Вкупно 428 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, а 587 […]

Ветераните од ОНА го осудија присуството на Груби на 40-годишнината на „Тигрите“


Здруженето на ветерани на војната на расформираната ОНА (УЧК) го осуди вчерашното присуство на првиот вицепремиер и висок функционер на ДУИ (како партија произлезена од ОНА) Артан Груби на одбележувањето на 40-годишнината од формирањето на специјалната полициска единица „Тигри” и оддавањето почит пред споменикот на загинатите припадници на единицата. Најпрво медиумите забележаа дека Груби не […]

Уште еден земјотрес регистриран во околината на Тетово и Гостивар


Земјотрес со интензитет од 2,9 степени според Рихтеровата скала е регистриран синоќа во една минута пред полноќ во околината на Тетово и Гостивар. -Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва, на 13.03.2021 година во 23 часот […]

Вакцинацијата засега тече без проблеми, поголеми количини вакцини се очекуваат кон крајот на март


Во Северна Македонија досега пристигнаа осум илјади вакцини Фајзер и три илјади Спутник V, со првите се вакцинираат и ревакцинираат здравствените работници, а вакцинирањето за повозрасните со вторите почна во средата во поликлиниката „Јане Сандански“. Властите најавуваат дека кон крајот на месецот ќе пристигнат поголеми количини, а во меѓувреме завчера на меѓународниот аеродром во Албанија […]

Нов влажен и постуден бран од вечер, во вторник снег и на пониските места


Под влијание на нов влажен бран од вечер и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои повремени ќе бидат поројни. Пообилни врнежите ќе бидат во северозападните и источните делови од државата. Поради продор на студена воздушна маса, освен на планините, врнежите ќе преминуваат во снег и на повисоките места, а утре кон […]

Секаде каде што има услови ќе се попишува на отворено или пред вратите на становите, преку апликацијата досега самопопишани 51.934 лица


Доколку постојат услови, треба да се користи секоја можност за попишување во двор, на тераса, веранда, со задолжително носење на заштитна маска (КН95) и растојание од најмалку 1,5-2 метри. Ова го содржи Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година, кој беше усвоен од Владата на 2 март, […]

ВМРО-ДПМНЕ објави нов документ за кинеските вакцини, Министерството за здравство тврди дека тоа е голема лага


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска го продолжи серијалот обвинувања околу набавката на кинеските вакцини тврдејќи дека министерот за здравство сакал да ги купи по многу повисока цена. Министерството за здравство на тоа одговори дека се работи за лажен документ и дека опозицијата со тоа сака да ѝ наштети на вакцинацијата во земјава. ВМРО-ДПМНЕ објави документ, наводно […]

Порталб: Протест пред Општина Струга, активистите бараат да се ​​спречат трагедиите по патиштата


По трагичната несреќа на регионалниот пат Струга – Охрид, во која животот го загуби 17-годишно момче додека возеше велосипед, „Велосипедскиот клуб“ од Струга денес протестираше пред Општина Струга, пишува Порталб.мк. Тие бараат од Општина Струга да ги исполни нивните барања со цел да се спречат други можни трагедии на овој пат, што според нив, е […]

Третиот бран брзо ги зголемува инфекциите – регистрирани 1.031 нови случаи со Ковид-19, починаа 20 лица


Ситуацијата со епидемијата со корона вирусот и натаму се влошува: нови 1.031 случаи на Ковид-19 од направени 4.373 тестирања се регистрирани во последните 24 часа. Тоа изнесува 23,5 отсто од земените примероци. Од нив, речиси половина се во Скопје – 492. Починати се 20 пациенти на возраст од 50 до 93 години. Бројката на активни […]

Анализа: Февруари покажува тренд на намалување на загаденоста на воздухот во Скопје


Од 2017 година наваму има контиунуиран пад на вредностите кои покажуваат колку е загаден воздухот во Скопје, покажува најновата анализа на податоците од пет мерни станици низ главниот град.  По охрабрувачките вести од анализата на резултатите на загадувањето на воздухот во јануари во Скопје, споредено со истиот период од претходните години, изготвена е анализа и […]

Нови 55 пациенти хоспитализирани во ковид центрите во Скопје, вкупно се лекуваат 406 пациенти


Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 55 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, соопшти денеска Министерството за здравство, од каде информираа дека на инфективните оддели во главниот град се лекуваат вкупно 406 пациенти сомнителни и потврдени за Ковид-19 и голем дел од нив се на кислородна поддршка.   – […]