Владата одлучи: Полициски од полноќ до 4 часот, ќе работат и теретаните


Фото: Б. Грданоски
По препорака на Главниот кризен штаб, Владата денеска одлучи полициски час да има само четири часа во едно деноноќие, подоцна да работат кафулињата, да се отворат теретаните и фитнес центрите…
 
Посебниот режим на движење на населението и возилата од јавен превоз од 12 мај 2021 почнува од 24 часот до 4 часот наутро наредниот ден.
 
Дозволено време за работа на угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел) е до 23:30 часот, почнувајќи од 12 мај 2021 година.
 
Од 12 мај 2021 година, сите настани може да се одржуваат согласно наменските протоколи, со исполнетост до 30% од капацитетот на затворениот простор.
 
Вежбалните, фитнес центрите и теретаните може да отпочнат со вршење на својата дејност во објектите, почнувајќи од 12 мај 2021 година.