Пописот се спроведува и ќе се спроведе целосно безбедно, по сите стандарди, велат од Владата и од ДЗС
Во последното деноноќие се попишани повеќе од 20 илјади граѓани, државјани на Република Северна Македонија кои живеат и престојуваат во странство, со што вкупната бројка на оние кои се самопопишале до утринава во 9 часот е 121.580 лица, соопшти денеска на прес-конференција Јасмина Ѓоргиева од Државниот завод за статистика (ДЗС). Таа појасни дека ова нагло зголемување се […]