Млад охриѓанец на 28 години почина од Ковид-19
Дваесет и осум годишен охриѓанец ја загуби битката со Ковид-19, објави Охриднет. Младиот охриѓанец починал на Инфективната клиника во Скопје, каде бил префрлен откако му се влошила состојбата во Охридската болница, каде првично бил хоспитализиран. Момчето било дијабетичар и имало проблеми со тироидната жлезда.