На инфективните оддели има 1.768 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа 76 хоспитализирани


Вкупно 1.768 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 76 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно […]

Филипче: Приватните болници да не наплаќаат повеќе од 5.000 евра за болни од Ковид


По бројните поплаки од граѓаните дека приватните болници наплаќаат многу скапо за лекување на болни од Ковид, министерството за здравство предлага цените да не надминуваат 5.000 евра. – Денеска на седница на Влада е Законот за здравствена заштита со чии измени предлагаме цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот […]

МЗ: ВМРО ДПМНЕ лаже, во лабораториите има и тестови и реагенси за Ковид-19


    Министерството за здравство ги осудува лагите кои ги пласира партијата ВМРО ДПМНЕ и ја повикува опозицијата да престане да шири паника во јавноста и вознемиреност кај граѓаните. Според Министерството апсолутна лага е дека државните лаборатории немаат реагенси за ПЦР тестови и апсолутна лага е дека се чека за термин за тестирање. -Во земјава […]

ДЕА ќе продолжи да лови криминалци во Македонија


Американската агенција за сузбивање на нарккотици (ДЕА) по акциите „Двојник“ и „Марихуана“ објави дека ќе продолжи со поддршката на Македонија во детектирање, спречување и ликвидација на организациите кои се занимаваат со тргување со дрога. Изминатиот период ова административно тело на САД започна интензивно да соработува со македонската полиција, а тоа резултираше со заеднички акции на територијата […]

Владата на седница расправа за образованието и гасоводот со Грција


 Владата денеска од 12 часот ќе одржи редовна, 65-та седница со повеќе точки на дневниот ред, меѓу кои Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта и Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование, на предлог од Министерството за […]

Вакцина против Ковид-19 досега примиле над 26.000 граѓани, расте интересот за вакцинирање


Вакцина против Ковид-19 досега примиле 26.014 граѓани, стои на онлајн платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација. На веб страницата vakcinacija.mk за вакцинација се пријавиле 154 248 граѓани. Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека вакцинацијата во државата се одвива добро, околу 25 000 граѓани се вакцинирани во […]

Почнува рамазанскиот пост


Верниците од исламска вероисповед рано изутринава го почнаа рамазанскиот пост, што трае 30 дена и завршува на 12 мај. За време на постот верниците од изгрејсонце до зајдисонце се воздржуваат од јадење и пиење. Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. […]

Променливо облачно со повремен дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 л/м2), проследени со појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 14 до 20 […]

Филипче: Со кинескиот амбасадор Ѕуо разговаравме да се забрза процесот за испорака на 200.000 вакцини од „Синофарм“


Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил напиша дека денеска на негово барање се сретнал со кинескиот амбасадор во државава, Џанг Ѕуо. -На средбата разговаравме за испораката на вакцините од производителот „Синофарм“, односно да се забрза процесот за испорака на 200.000 вакцини, кои според најавите на амбасадата во нашата земја би требало да […]

Прва фотографија со изгледот на зградите кај „Холидеј Ин“


Изгледот на зградите кај хотелот „Холидеј Ин“ за прв пат беше презентиран преку фотографија во „Топ Тема“ на Телма. Архитектот Мартин Пановски рече дека во зградата се предвидени 400 станови, во кои би требало да живеат 1.200 до 1.300 луѓе. Граѓаните претходно почнаа петиција со која бараат стопирање на изградбата на висококатниците спроти хотелот „Холидеј […]

Македонија, БиХ и Косово ќе добијат по 100.620 дози од вакцини „Фајзер“


Приближно 14,1 милиони дози вакцини „Фајзер/БионТек“ ќе бидат дистрибуирани во 47 земји во вториот квартал на оваа година, соопшти денеска Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (Гави). Како што пренесува Радио Слободна Европа (РСЕ) испораката на вакцините ќе се спроведе во периодот од април до јуни оваа година. Според последните информации објавени од Гави, Северна […]

Почнува светиот муслимански месец Рамазан


Денес на пладне во џамијата Исак Челеби во Битола, порака до верниците по повод престојните Рамазански пости, упати Амит Расимовски, Муфтија на муфтивството на ИВЗ Битола. Расимовски во пораката рече: -Се наоѓаме пресрет на големиот месец Рамазан, а утре е првиот дел на месец Рамазан и верниците почнуваат со едномесечен пост. Вие кои верувавте, должност […]

На инфективните оддели има 1735 пациенти со Ковид-19, во Скопје за 24 часа 49 хоспитализирани


Вкупно 1735 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 340 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 49 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно […]

Нови 193 случаи со Ковид-19, 34 починати, 1.014 оздравени пациенти


Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 1.192 тестирања, а регистрирани се 193 нови случаи со Ковид-19. Тоа изнесува 16,2 отсто од примероците. Според градови: Скопје – 110, Прилеп – 16, Кавадарци – 15, Куманово – 12, Штип – 9, Тетово – 7, Кочани и Кичево – по 4, […]

На местото на касарната „Илинден“ никнува нова населба


На територијата на Општина Карпош, кај касарната Илинден кон булеварот „Словенија“, ќе никне нова населба. Како што информираат од Општина Карпош, поттикнати од стратегијата за развој на своите периферни делови, советниците на последната седница го изгласаа Деталниот урбанистички план за Градска четврт ССИ 03, блок ССИ 03.02 (кај касарната „Илинден). Инаку, општинските власти објаснуваат дека […]

Средба Богдановиќ – ДКСК за укинувањето на „мораториумот“ од страна на Уставниот суд


Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со секретарот на општината, Маја Ралевска, утринава одржаа онлајн состанок со Државната комисија за спречување на корупцијата. На состанокот се разгледаа актуелните случувања со паркингот спроти хотелот „Холидеј Ин“, но и генералната состојба со плановите после одлуката на Уставниот суд на РСМ за укинувањето на суспензијата на Деталните […]

Многу институции се надлежни во урбанизмот, што ги прави подложни на корупција


Големиот број законски прописи, институции, органи и тела со надлежност во урбанизмот, како и самата природа на секторот урбанизам, односно високиот степен на дискрециони овластувања при вршење на надзор и издавање лиценци, го прават подлежен на корупција. Додека претераната урбанизација и градежна експанзија граѓаните сметаат дека е резултат на коруптивни активности на локалната власт, сепак […]

Заев вели дека ќе има двојно повеќе зеленило од законски предвиденото кај „Холидеј ин“


Премиерот Зоран Заев денеска коментираше и за евентуалното градење на висококатниците во центарот на Скопје, односно на паркингот пред „Холидеј Ин“. „Секоја реакција од граѓаните е вредна за размислување, но, почитување на законот е пред се. Ако одобрение за градба добила наша фирма која ги исполнува нашите услови, а тоа е да биде согласно Законот […]

Павле Беловски избран за в.д. претседател на ССНМ


Павле Беловски е избран за в.д. претседател на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на Собранието што се одржа во саботата. Како што соопшти ССНМ, на Собранието кое првпат се одржа онлајн, Беловски едногласно беше избран за претседател на ССНМ, каде го наследува Ѕвездан Георгиевски кој ја водеше организацијата во изминатите две и […]