Сончево со мала умерена облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачности и ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени. Во Скопје, исто така сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен […]

Сто и осумнаесет години од загинувањето на Гоце Делчев


Во државава денеска се одбележуваат 118 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. Делегации на државни институции, здруженија и граѓани во чест и сеќавање на Делчев ќе положат цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје. Револуционерот Делчев на денешен ден во 1903 бил убиен од турската војска во […]

Шесте регионални центри подготвени – дневно ќе се вакцинираат меѓу 10 до 15 илјади граѓани


Започнува масовната имунизација на населението, во повеќе регионални центри низ државата – Скопје, Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола. Предвидено е да се вакцинираат меѓу 10 до 15 илјади граѓани на ден, со што здравствените власти очекуваат до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба. […]

Вархеји доаѓа во Македонија со 4.680 вакцини


Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји вечерва во Белград ја започна својата посета на земјите на Западен Балкан каде ја донесе првата донација на ЕУ од 1.170 вакцини на Фајзер/Бионтек, јави дописникот на МИА од Белград. Како што беше најавено претходно во Виена, после Србија, Црна Гора ќе добие 2.340 дози вакцини на Фајзер, потоа Босна […]

Почнува масовната вакцинација, граѓаните се жалат на грешки во поканите


Од утре започнува масовната вакцинација на граѓаните со кинеските вакцини на „Синофарм“, кои се распределуваат во шест градови во Северна Македонија, каде во идниот период ќе бидат отворени вакцинални пунктови. Салите каде ќе се одвива процесот на масовна имунизација се подготвени. Обезбедените 200.000 вакцини, најдоцна до утре треба да бидат дистрибуирани во спортската сала „Борис Трајковски“, како […]

И пожарот во Галичник причина за вербална престрелка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ


Коце Трајановски, Никола Груевски и неговиот чувар на партиската фотелја Мицкоски забораваат дека по дведецениското управување на ВМРО-ДПМНЕ со Скопје го оставија главниот град не само без функционална противпожарна опрема, туку и со криминални милионски трошоци на лесно запалливи фасади од евтин стиропор, се вели во реакцијата на СДСМ на фејсбук статусот на Христијан Мицкоски, […]

(ВИДЕО) Изјава на Стојанче Ангелов за пожарот во Галичник


Денеска, Стојанче Ангелов, в.д.директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) го посети местото на пожарот над селото Галичник заедно со претставникот на месната заедница Галичник, Александар Костиќ. Ангелов даде куса изјава, а Костиќ изрази благодарност до сите коишто учествуваа во гаснењето на пожарот. Целосно е изгаснат пожарот што избувна вчера над село Галичник. Екипа […]

Нови 25 починати од корона вирусот, бројот на новозаразени минимален


Во последните 24 часа се направени 572 тестирања при што се регистрирани 62 нови случаи на КОВИД-19, пријавени се 25 починати, а 398 пациенти оздравеле, соопшти Министерството за здравство повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје. Во Скопје се регистрирани 32 новозаболени, во  Прилеп и Штип по седум, Куманово пет, Струмица четири, Кавадарци […]

Црвенковски ќе формирал партија пред локалните избори?


Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој 20 години беше на чело на оваа партија, би можел да формира нов политички субјект за настап на локалните избори во втората половина во октомври, јавува  „Фактор“. Во СДСМ ниту ниту потврдуваат ниту негираат такво нешто. Шпекулациите говорат дека поранешниот премиер и претседател на Македонија ќе  формира партија […]

Заев: Информацијата е јавно добро, дезинформацијата е опасноста


Информацијата е јавно добро. Дезинформацијата е опасноста, порача премиерот Зоран Заев во својата честитка до медиумските работници по повод 3 Мај – Денот на слободата на медиумите. – На Светскиот ден на слободата на медиумите, важно е да повториме и потврдиме дека во Северна Македонија никогаш повеќе нема да дозволиме институциите да кријат информации. Властите […]

Пендаровски: Без слободни медиуми нема објективни и проверени информации


Истражувачкото новинарство и унапредувањето на транспарентноста позитивно влијаат врз демократиите и одржливиот развој. Без слободни медиуми нема објективни и проверени информации особено за време на тековната #Ковид19 пандемија, порача претседателот на државата Стево Пендаровски по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.   – Овогодинешната тема на Светскиот ден на слободата на медиумите „Информациите како […]

Вархеjи утре со Заев и Едштадлер ќе го посети центарот за вакцинација во арената „Борис Трајковски’’


Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји утре ќе ја посети Северна Македонија по повод пристигнувањето на првите вакцини против Ковид-19, споделени и финансирани од ЕУ. Заедно со Вархеји, во Скопје ќе допатува и австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер. Според најавата, еврокомесарот за проширување ќе оствари средба со премиерот Зоран Заев во Владата, по […]

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 617 пациенти, слободни 757 кревети


На инфективните оддели низ земјава се лекуваат вкупно 1085 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот и во ковид-центрите има 757 празни болнички кревети, соопшти денеска Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, со што на инфективните оддели во главниот град […]

Кризниот штаб предлага од среда полициски час од 23 до 5 часот и работа на угостителските објекти до 22:30


Главниот координативен кризен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив и предлага на Владата на наредната седница да усвои одлука забраната и посебниот режим на движење да трае од 23 до 5 часот наредниот ден и времето за работа на угостителските објекти со гости само […]

Полициски час по 23 часот, рестораните ќе работат подолго?


Главниот координативен кризен штаб на денешната седница ги разгледуваше предлозите пристигнати од Министерството за здравство и врз основа на нив предлага на наредната седница на Владата да се усвои одлука за постојните мерки: – забраната и посебниот режим на движење да почнува од 23 часот до 5 часот наредниот ден; – време за работа на […]

ЗНМ: Значењето на независното и професионалното новинарство стана поважно од кога било


Одбележувајќи го Светскиот ден за слобода на медиумите – 3 мај, денес во услови на светска здравствена криза, повеќе од кога и да е претходно стана јасно значењето на независното и професионално новинарство, бидејќи кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19 ги исфрли на врвот сите доблести, но и слабости на новинарството кое во изминатиот период […]

Ковид-19 инфодемија низ призмата на медиумските работници


Известувањето среде пандемија беше и остана голем предизвик во кој новинарите и медиумските работници потиснати од бранувањата на информациите и дезинформациите поврзани со Ковид-19 пандемијата, имаа за задача да проценат дали во една вест преовладува јавниот интерес или претпазливоста од ширење на паника. МИА разговараше со неколку новинари и медиумски работници кои ги споделија своите […]

Галуп: На секој втор човек во светот му се намалени приходите поради пандемијата


Англија– На секое второ лице во светот му се намалиле приходите поради пандемијата на коронавирусот, а луѓето во сиромашните земји се особено погодени со загуба на работното место и скратување на работното време, покажа истражување на Галуп објавено денеска. Во истражувањето учествувале 300.000 луѓе од 117 земји, а резултатите покажаа дека половина од оние кои имаат работа заработиле помалку […]

СЕММ: Од властите е потребна поддршка за слободата на медиумите, од професијата – одговорност


Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по повод 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите, соопшти дека од власта и институциите очекува да покажат сериозна одговорност и посветеност во поддршката на медиумските права и слободи, во насока на креирање поволен амбиент за медиумите во кој што тие ќе дејствуваат без какви […]

Голак – специфична планина со неоткриен потенцијал (репортажа)


Планините во Источна Македонија изобилуваат со свои специфики препознтливи за населението. Една од тие планини е и планината Голак над Делчево. Планина која изобилува со голем потенцијал за развој на планинарски спортови, но и место во кое некогаш свратуваа туристи, не само од С Македонија туку и од просторите на поранешна Југославија. За таквите специфики […]