Се помалку ковид-пациенти во болниците, можно олеснување на рестрикциите


Нема влошување на епидемиолошката состојба и нема повеќе притисок во инфективните одделенија во земјава. И вчера како и претходните денови се регистрирани мал број новозаразени, а се намалува и бројот на починати како последица од Ковид-19. Доколку продолжат овие бројки, по 15 јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки. Министерот за здравство Венко […]

Пуштање во употреба на експресниот пат Штип-Радовиш, прва фаза


Експресниот пат Штип-Радовиш, прва фаза денеска ќе биде пуштен во употреба.   Предвидено е да се обратат премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и шефот на Европската банка за обнова и развој за Северна Македонија Андри Аранитаси.

Сончево, топло и ветровито


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=7 Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и […]

Медиуми: Вучиќ побара од Владата да им овозможи на граѓаните од Северна Македонија да се вакцинираат во Србија


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, побарал од Владата да овозможи бесплатна вакцинација за сите граѓани на Северна Македонија, соопшти агенцијата Бета. Како што наведува порталот Б 92 повикувајќи се на неговите информации, Вучиќ побарал граѓаните од Северна Македонија да примат вакцини по сопствен избор. Тие во Србија ќе можат да добијат една од четирите вакцини […]

Владата усвои дополнителни заклучоци за контрола и анализа на увезениот мазут


Владата на денешната 76-та седница усвои дополнителни заклучоци на веќе донесените од претходната 75-та седница во однос на увозот, контролата и анализата на увезениот мазут. Со новите заклучоци донесени на оваа седница, информираат од владината прес-служба, Владата го задолжи Бирото за метрологија да склучи договор со акредитирано тело за земање на мостри од мазут за […]

Ќе се гради нова населба на Водно


На површина од околу 150.000 метри квадратни ќе никне нова населба во зелениот појас на падините на Водно, над Институтот за белодробни заболувања во скопско Козле, пишува СДК.МК. Ова се предвидува со новиот Детален урбанистички план Ј 04 Козле, кој ги поминал сите фази и наскоро ќе биде ставен на усвојување од Советот на Општина […]

Левица го блокираше Законот за просторно планирање


Пропадна oбидот за промена на Законот за урбанистичко планирање во скратена постапка. Најголем дел од партиите останаа на ставот дека без јавна дебата и вклученост на сите страни законот нема да дозволат да се менува. Од партијата Левица поднесоа 1.300 амандмани против измените на законот бидејќи се сомневаат дека целта е да се продолжи со […]

Се прередуваат камења на две улици во стариот дел на Охрид


 Со цел подобрување на условите за движење на пешаци и возила и санирање на оштетувањата Општина Охрид спроведува градежни активности за рехабилитација и санација на улици и пешачки патеки во стариот дел на Охрид Моментално се работи на улицата „Самоилова“ каде што се врши прередување на старите гранитни плочки и поставување на нова тампон основа. […]

Општина Центар додели 100.000 денари за семејството на дарителката на органи


На денешната 65. седница на Советот на Општина Центар, градоначалникот Саша Богдановиќ и советниците едногласно ја усвоија Одлуката за доделување финансиски средства за семејството на Јасмина Василковска, жената што ги донираше своите органи и спаси три човечки животи. „Како Општина Центар ова е најмалку што можеме да направиме и да се заблагодариме на семејството Василковски […]

МЗ: Започна вакцинација на хронично болни пациенти и со состојби кои се ризик за Ковид 19


Почнувајќи од денеска и во следните два дена, сите хронично болни пациенти и со ризик од Ковид 19, на возраст  од 20  до 40 години, кои се пријавиле за вакцинација до 30 април 2021, ќе се вакцинираат на вакциналните пунктови во државата, информира Министерството за здравство. Како што прецизираат од Министерството, опфатени се повеќе од […]

Уште едно зелено катче во Аеродром


Скопје од денеска е побогат за уште еден зелен сквер, на крстосницата меѓу булеварот „Јане Сандански“ и улицата „Владимир Комаров“ во Аеродром, кај „Палма“. На барање на локалните жители, на оваа претходно запуштена јавна површина е поставен модерен летниковец, вметнат меѓу постојното високо зеленило, кружни клупи, патеки и нова фонтана за вода. На летниковецот е […]

Со поддршка на ОКТА отворено ново инклузивно игралиште во општина Аеродром


Компанијата ОКТА во соработка со Фондацијата „Чекор по чекор“ и општина Аеродром, донираше ново инклузивно игралиште во основното училиште „Лазо Ангеловски“. Игралиштето нуди пристап и за децата со попреченост, со што се поттикнува нивна поголема инклузивност во наставата и во слободните активности. Донацијата, која е реализирана со финансиска поддршка од компанијата ОКТА и од Општина […]

Нови 19 случаи со Ковид-19, 26 оздравени и шест починати


Деветнаесет нови случаи на Ковид-19 регистрира Институтот за јавно здравје во последните 24 часа од направени 2.456 тестирања. Од нив, во Скопје – пет, во Куманово – три, Гостивар, Кочани и Демир Хисар по два, Прилеп, Тетово, Кичево, Гевгелија и Неготино по еден случај. Како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се и 26 оздравени […]

Градоначалникот на Карпош, Богоев побара поголемо присуство на полицијата на терен и почести патроли


Градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев денеска на работната средба од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Полициската станица „Карпош“, по повод донацијата од општината на два мопеди за работа на терен на полициските службеници, побарал поголемо присуство на полицијата на терен, почести патроли за сузбивање на т.н. трки со мотори долж бул. „Партизански […]

Филипче: Може да очекуваме пратката со 500 илјади вакцини од „Синовак“ да стигне во следните седум дена


Стигна информација од претставниците на „Синовак“ дека може да очекуваме пратката со 500 илјади нивни вакцини да стигне во следните седум дена во нашата земја. Оставам резерва, гледаме со што се соочуваме, меѓутоа верувам дека ова ќе се оствари, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Уште една добра информација е, посочи министерот, дека тоа што […]

Времето до сабота сончево, од недела врнежливо


Времето до крајот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне во западните делови ќе има услови за појава на пороен дожд и ретки грмежи, информираат од УХМР. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 29 […]

Реновирани хирушките сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и набавена најсовремена опрема


Комплетно се реновирани хирушките сали на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија и набавена е најсовремена опрема. Тие не беа реновирани повеќе од 60 години. На пуштањето во употреба на реконструираниот оддел за торакална хирургија присуствуваа премиерот Зоран Заев, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците Артан Груби, министерот за здравство […]

Спасовски: Нема посериозни индиции за зголемен број мигранти, МВР е подготвено да одговори на секој предизвик


Во овој момент МВР нема индиции дека може да дојде до сериозно зголемување на бројот на мигранти и да се врати некаква состојба што била во минатото. Таква работа нема заради тоа што не е функционална т.н. западнобалканска  рута. Има зголемување на бројот на илегални обиди за влегување во државата. МВР е подготвено максимално да […]

Филипче: Ако остане иста состојбата со Ковид-19 после 15 јуни може да се очекуваат дополнителни олеснувања на рестриктивните мерки


Нема повеќе притисок во инфективните одделенија во земјава. Следниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе биде пред 15 јуни, а дотогаш ќе работиме со организаторите на разни настани, концерти, тоа што се планира да се организира во текот на летните месеци за да се донесат соодветните протоколи, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој […]

МВР: Нема да функцинира системот за прием и издавање на лични документи во Скопје од 11 јуни од 16 часот до 15 јуни до 20 часот


Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, ги информира граѓаните дека поради надградба на системот за лични документи, од  11. 06. 2021 година (петок) започнувајќи од 16 часот, заклучно со 15. 06. 2021 година (вторник) во текот на целиот работен ден до 20 часот, нема да биде во функција системот за прием и издавање […]