Променливо облачно со пороен дожд попладне


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се движи во интервал од 23 до 30 степени. Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има локален пороен дожд […]

Темелно се дезинфицира Инфективната клиника, директорката Стевановиќ апелира на внимателност и почитување на мерките


Инфективната клиника темелно се чисти и се дезинфицира целокупниот простор, но работата не е застаната, се лекуваат 25 пациенти со ковид симптоми, истакна директорката на Инфективната клиника Милена Стевановиќ во вечерашното гостување на вестите на Сител ТВ и додаде дека не треба целосно да се опуштиме како да мислиме дека пандемијата целосно завршила. – Ние […]

Пратениците расправаа за законите за заштита на животната средина и управувањето со отпад


 Пратениците во попладневниот дел во рамки на 43-тата седница денеска расправаа по повеќе предлог-закони кои се дел од пакетот закони за заштита на животната средина, сите во второ читање, како и за предлог законот за управување со отпад, во прво читање, со кој се предвидува отворање регионални депонии за менаџирање со отпад. Собранието денеска само […]

Што треба да направи Скопје за да стане ЕБОР Зелен град?


Градоначалникот Шилегов се обрати на тркалезната маса на градоначалниците на Годишна конференција на зелените градови на ЕБОР, што се одржа онлајн,  и ги изнесе плановите  и тековните активности на Градот за подобрување на  квалитетот на животот на скопјани. – Скопје е првиот град во Северна Македонија што се приклучи на Зелените градови на ЕБОР и […]

Починаа четворица, регистрирани 23 нови случаи на Ковид-19


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.853 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 9, Куманово и Прилеп – по 3, Струмица и Кичево – по 2, Битола, Гостивар, Гевгелија и Радовиш – по 1. Регистрирани се 32 оздравени […]

Македонија продолжи да учествува во програмата Хоризонт Европа


Истражувачките центри, универзитетите, бизнис заедницата и граѓанските организации, во следниот седумгодишен период преку програмата Хоризонт Европа можат да влезат во големото европско истражувачко семејство. Македонија го продолжува учеството во оваа европска програма за истражување и развој со статус на асоцијативна земја членка. „Навистина треба да ни е чест што сме дел од програмата Хоризонт Европа, […]

Карпош пренамени пари, неискиристени поради Ковид-19 во училиштата, за ИТ библиотечен фонд


Во рамки на денешната 57. седница, советниците од Карпош ја поддржаа изменетата и дополнета Програма за активностите на општина Карпош  во областа на образованието за 2021 година. Станува збор за проектни активности кои требало да се реализираат, но поради ситуацијата со пандемијата (Ковид – 19), училиштата не биле во можност да го сторат тоа. Оттаму, […]

ЗНМ и СЕММ бараат крајна внимателност при известувања за лични трагедии или самоубиства


 Здружението на новинарите (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) по повод известувањето на дел од медиумите во врска обидите за самоубиство, преку соопштение ги повикуваат новинарите на максимално почитување на етичките стандарди и норми и воздржување од сензационалистичко информирање. Од ЗНМ и СЕММ потсетуваат на член 7 од Кодексот на новинарите, […]

Улици, булевари и водоводи се рекоструираат во Штип


 Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на ЈП „Македонија пат“, Беким Мемеди  и градоначалникот на Општина Штип, Сашко Николов денеска  извршија  увид во рехабилитацијата на улицата „Партизанска“ од кружниот тек кај Дујле во правец кон населбата Сењак којшто се рехабилитира преку програмите на ЈП „Македонија пат“ бидејќи се работи за транзитна улица. Присуствуваа […]

Се бара најдоброто решение за решавање на свлечиштето и одроните на патот кон Македонска Каменица


Се работи на нова проектна документација за санација на свлечиштата, кои се во клисурата на магистралниот пат Кочани-Македонска Каменица, најави денеска министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски при увидот во градежните работи на реконструкцијата на булеварот „Партизанска“ и изградба на нов водовод за штипската населба „Македонка“. -Работиме на темелно решавање на проблемите и верувам […]

За брзо возење казнети 448 возачи во цела држава


Полиција во текот на вчерашниот ден на територија на целата држава санкционирала 448 возачи. -Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на […]

На инфективните оддели има 126 пациенти со Ковид-19, изминатото деноноќие нема нови хоспитализирани


Вкупно 126 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 500 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 46 лица […]

Без вода денеска улиците „Серава“ број 81 и „Џон Кенеди“ во Чаир


Без вода денеска ќе бидат корисниците на улиците „Серава“ бр. 81 и „Џон Кенеди“ во Општина Чаир, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Прекинот на водоснабдувањето, како што соопшти претпријатието, е поради дефект на приклучна цевка ф-1“ на улица „Серава“ 81 и ќе трае до завршување на санацијата. 

Меморандум за соработка помеѓу МОН и Американскиот мировен корпус


Меморандум за соработка помеѓу Министерството за образование и наука и Американскиот мировен корпус во Република Северна Македонија потпишаа денеска министерката Мила Царовска и директорката на оваа организација од САД, Дебора Конер. Како што соопшти МОН, на потпишувањето беше посочено дека Мировниот корупус продолжува да ги поддржува заложбите на Владата и да придонесува во развојот на […]

МЗ: Вчера се вакцинирале 9.142 граѓани


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 249.187 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.755 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.142 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 399.962 дози вакцини, а ревакцинирани се 150.775 граѓани, соопшти Министерството за здравство. Оттаму оценуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ […]

Нови одрони го отежнуваат сообраќајот на патот Делчево – Македонска Каменица


Поради нови одрони од утрово со проблеми се одвива сообраќајот на дел од магистралата А3 на делницата од Делчево кон Македонска Каменица. Најизразена ваква појава, како што јавуваат возачи кои сообраќаат на оваа релација, повторно е делницата од село Очипала кон Баткова Чешма, но како што додаваат наноси од камења има и на останати места […]

Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во јужните делови. Утринската температура ќе се движи од 10 до 16, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7. Во Скопје,  променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за […]

Началникот на ГШ на Армијата Васко Ѓурчиновски на Форумот Б-9 во Сараево


 Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, кој се наоѓа во неколкудневна работна посета на Босна и Херцеговина (БиХ) денеска ќе учествува на четиринаесетата конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (Форум Б-9). -Во текот на престојот во Сараево, Ѓурчиновски ќе оствари средба со началникот на здружениот штаб на […]

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавен протест од ВМРО-ДПМНЕ


Поради најавен протест организиран од страна на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска, утре и в четврток во Скопје, во периодот од 15 до 17 часот, за сообраќај ќе бидат затворени крстосницата помеѓу бул.„Гоце Делчев“ и бул.„Крсте Петков Мисирков“ (ТЦ Мавровка), крстосницата помеѓу бул.„Св. Климент Охридски“ и ул.„Св. Кирил и Методиј“ (зграда на Нова Македонија) и крстосницата […]

Денеска или утре ќе биде познато каков мазут се увезувал


Министерството за економија денеска или најдоцна утре ќе ги објави наодите од анализите што ги прават надлежните институции, а имињата на компаниите кај кои ќе се утврдат неправилности при увозот на мазут ќе бидат јавно објавени откако ќе завршат сите процедури, најави министерот за економија Крешник Бектеши. – Не криеме ништо, ќе објавиме се на […]