На Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од починат дарител


Министерството за здравство информира дека во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од починат дарител. „Двајца пациенти на возраст од 30 и 23 години кои подолго време се на дијализа ќе добијат бубрег од 44 годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со мозочна смрт. Рано утрово заврши трансплантацијата на […]

Поради трка, во недела, изменет редослед на автобусите на ЈСП


Од ЈСП „Скопје“ информираат дека во недела (13.06.2021 година) во период од 7 до 10 часот, дел од автобуските линии ќе сообраќаат по изменети траси од вообичаените, поради одржување на уличната трка „Халк Еко Скопје трча 10 км”. Изменет режим на сообраќање ќе имаат линиите 2, 4, 7, 8, 11, 11а, 12, 15, 15А, 19, […]

Град Скопје го врати данокот на оштетените граѓани во измамата при купопродажба на станови


Град Скопје го врати платениот данок за промет со недвижности на оштетените граѓани во измамата при купопродажба на станови, кои, покрај капар од 18 илјади евра, платија и данок за промет со недвижности во износ од близу пет илјади евра. Станува збор за тројца од шестмината граѓани за кои МИА откри дека се оштетени со капар од […]

Маричиќ: Онлајн судењата за 60 проценти ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста


Анализите укажуваат дека преку дигитализацијата, судењата на далечина или онлајн судењата за 60 проценти ја зголемуваат ефикасноста и транспарентноста, а дополнително, на овој начин се намалуваат и трошоците, порача министерот за правда Бојан Маричиќ, на отворањето на Конференцијата за ефикасност на работата на судиите и судската администрација. Пандемијата, посочи тој, беше катализатор на процесот кој […]

Трета фаза од прскање против комарци во Скопје


На 14 јуни 2021 година ќе се реализира третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, соопштија од Град Скопје. Оттаму посочуваат дека авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се спроведе во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција во текот на денот. Доколку временските услови не […]

Во завршна фаза проектот за загуби на вода меѓу „Водовод и канализација“ – Скопје и Водовод Будимпешта


 ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје по потпишување на Меморандумот за соработка со Водовод Будимпешта, изработи проект со кој, во март минатата година аплицираше за грант преку инструментот „Western Balkans Green Center“ (WBGC), основан во Унгарија за поддршка на зелената транзиција во земјите од Западен Балкан. Проект стигна до финалната фаза од реализацијата на работните […]

Полицијата регистрирала 168 сообраќајни прекршоци во Скопје


Министерството за внатрешни работи вчера на територија на Град Скопје вчера изрече вкупно 168 санкции, меѓу кои 13 за возење со брзина поголема од дозволената, 10 за возење без возачка дозвола, 44 прекршоци што ги чинат пешаците и четири за управување под дејство на алкохол. Изречени се шест санкции за користење мобилен телефон, четири прекршоци […]

Вчера вакцинирани 10.065 лица


На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера се вакцинирани вкупно 254.154 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.450 граѓани, а вкупно се вакцинирале 10.065 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 431.174 вакцини, а со две дози се вакцинирани 177.020 лица, што е над 10 отсто од возрасните граѓани. Како што информираат од Министерството за […]

Уште 20 нови 20 случаи со Коовид-19, починаа двајца пациенти, оздравеа 30


Во последните 24 часа се регистрирани 20 нови случаи со Ковид-19 од направени 2.885 тестирања. Пријавени се две починати лица и 30 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство, повикувајќи се на податоците од Институтот за јавно здравје. Од 20 новозаразени, од Куманово се 5, Скопје и Битола – по 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид, […]

Зошто само во Скопје стареат дрвјата?


Масакрот на 13 дрвја на улицата „Орце Николов“ вчера ги вознемири граѓаните на Скопје. Објаснувањето беше дека биле стари и преставувале опасност и дека наесен на булеварот ќе бидат насадени нови квалитетни јавори. Како што со леснотија се менуваат имињата на улиците во градот, така со леснотија и се уништува зеленото наследство. Ваквите образложенија веќе […]

Петок пред Духовден, 18 јуни, неработен ден за православните верници


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 18 јуни (петок) пред Духовден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија. Неработниот ден е утврден согласно со Законот за празниците на РM („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07). 

Матурантите ќе го полагаат вториот екстерен испит


Матурантите денеска од 10 часот ќе го полагаат вториот екстерен испит за кој можеа да избираат меѓу предметите математика, странски јазик, филозофија и естетика. Според податоците на Државниот испитен центар, тест по математика избрале 1529 кандидати. Како и во минатите години, повеќе се определиле за странски јазик, а најголем број пријавени има за англиски (13 […]

Успешно извршена и четвртата транплантација на срце донирано од 44 годишна пациентка


„Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука“, напиша утрово на Фејсбук, министерот за здравство Венко Филипче. „Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот“, додаде тој, објаснувајќи дека во изминативе 24 часа околу 100-тина лекари, медицински сестри и болничари […]

Стивнува ли пандемијата – шест градови без Ковид-19, уште 121 хоспитализирани, во Скопје само три приеми


Eпидемиолошката слика во земјава, за сега, е добра, оценуваат здравствените работници кои истовремено укажуваат дека треба да бидеме претпазливи, бидејќи корона вирусот е непредвидлив. Доколку се продолжи со досегашното темпо на вакцинирање на граѓаните против КОВИД-19, полицискиот час ќе се укине, а се очекува летово да има концерти, како и семејни прослави.  И вчерашната ковид-статистика […]

Промоција на Извештај за влијанието на антиковид-мерките врз правата на маргинализираните заедници


Мрежата за заштита од дискриминација денеска ќе го одржи онлајн-настанот „Човекови права на маргинализираните заедници во услови на Ковид-19“, на кој ќе биде промовиран Извештајот од истражувањето на влијанието што мерките за справување со Ковид-19 го имаат врз човековите права на маргинализираните заедници. Како што информира коалицијата Маргини, на промоцијата ќе бидат презентирани клучните наоди […]

Претпладне променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а од пладневните часови и попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Се очекува локално процесите да бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до […]

Се прават подготовки за четврта трансплатација на срце


Министерот за здравство Венко Филипче вечерва на својот фејсбук профил објави дека се прават подготовки за четврта трансплантација на срце. – Започнуваме подготовки за четврта трансплатација на срце. Тимот спремен и мотивиран како и секогаш, напиша Филипче. Досега во земјава се направени три трансплантации на срце. Првата трансплатнација од починат донор беше направена во мај […]

Се исекоа 13 дрвја на „Орце Николов“, оти биле стари и болни


Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“, утринава отстрануваат 13 дрва на улицата „Орце Николов“, на потегот од раскрсницата со улица „Ленинова“ до раскрсницата со улица „Рузвелтова“. – Дрвата кои се отстрануваат се стари и болни, со трули стебла, чии гранки удираат во станбените објекти кои се наоѓаат на улицата и претставуваат опасност за минувачите – […]

Само 18 нови случаи со Ковид-19, почина еден пациент


Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје: Во последните 24 часа се направени 2.411 тестирања, а регистрирани се 18 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 8, Куманово – 5, Кочани – 2, Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 1. Регистрирани се 31 оздравен пациент од: Скопје – 11, Виница […]

Заев: Силна поддршка за отстранување на бесправно изградените објекти во Охрид


 Премиерот Зоран Заев денеска на својот фејсбук профил објави дека изразува силна поддршка за „одлучната акција“ за отстранување на бесправно изградените објекти на охридското крајбрежје, што ја спроведува Општина Охрид и градоначалникот на Општината, Константин Георгиески. – Правната држава става крај на хаосот и импровизациите на територијата на Охридскиот Регион и на езерското крајбрежје прогласено […]