Починаа осуммина од ковид, 588 нови случаи


Вакцинацијата и почитувањето на мерките се најдобртата превентива за ковидот (Фото: Б. Грданоски)

Новиот бран на инфекции не запира – вчера се регистрирани нови 588 случаи од 5.780 тестирања, што е веќе 10,1 отсто од примероците. До пред само две недели, бројот на позитивни беше под еден процент. Починаа осум лица, а оздравени се само 26 пациенти. Бројката на активни случаи надмина 3.000. само во Скопје веќе има 1.053. Само во шест градови нема активни случаи на корона.

Најмногу заразени има во Скопје – 230, па Тетово – 101, Гостивар – 82, Кичево – 48, Дебар – 17, Охрид и Струмица – по 16, Куманово – 15, Струга –11, Битола – 8, Кавадарци и Свети Николе – по 6, Радовиш и Берово – по 5, Велес и Валандово – по 4, Штип и Виница – по 3, Ресен и Македонски Брод – по 2, Прилеп, Кочани, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Од оздравените пациенти осум се од Скопје , Тетово – 6, Гостивар – 4, Куманово, Битола и Берово – по 2, Кичево и Валандово – по 1.

Меѓу починатите има по две лица од Тетово (66 и 72) и Гостивар (67 и 72), по едно лице од Скопје (65), Прилеп (51), Кичево (74) и Велес (65). Едно лице е починато во домашни, а останатите седум лица во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 159.269 на оздравени пациенти е 150 613, на починати 5.521, а на активни случаи изнесува 3.135.

Епидемиолошката слика според градови:

Скопје 69.879, активни 1.053
Куманово 9.114, активни 193
Прилеп 8.359, активни 28
Тетово 8.127, активни 755
Битола 6.395, активни 75
Гостивар 5.583, активни 370
Велес 5.498, активни 21
Кавадарци 5.189, активни 31
Охрид 5.088, активни 67
Штип 4.983, активни 18
Струмица 4.220, активни 88
Струга 3.050, активни 67
Кочани 2.823, активни 27
Кичево 2.771, активни 161
Гевгелија 2.199, активни 2
Неготино 2.184, активни 0
Свети Николе 1.536, активни 9
Ресен 1.242, активни 8
Крива Паланка 1.229, активни 2
Радовиш 1.183, активни 19
Берово 1.053, активни 18
Дебар 1.025, активни 71
Делчево 977, активни 3
Виница 898, активни 12
Пробиштип 791, активни 2
Валандово 681, активни 11
Богданци 494, активни 0
Крушево 490, активни 0
Демир Хисар 400, активни 0
Демир Капија 398, активни 2
Кратово 377, активни 0
Македонски Брод 372, активни 13
Пехчево 279, активни 8
Мак.Каменица 250, активни 1
Дојран 132, активни 0.

Направените 5.780 тестови: ИЈЗ – 194, ЦЈЗ Скопје – 81, ЦЈЗ Битола – 109, ЦЈЗ Прилеп – 27, ЦЈЗ Тетово – 90, ЦЈЗ Куманово – 89, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле – 0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ „8 Септември“ – 9, Институт за микробиологија – 82, „Жан Митрев“ (Филип Втори) – 82, Авицена – 393, Биотек – 169, Систина – 84, лабораторија „Лаор“ – 702, „Синлаб“ – 50, „Ремедика“ – 18, „Плодност“ – 29, „Генеа“ – 11, „Никоб лаб“ – 861, ВФВ „Медикал“ – 64, „Ели Медика“ – 43, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.592. Досега во земјата се направени вкупно 1.033.882 тестирања на Ковид-19.