Онлајн конференција „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“


Конференција „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“ ќе се одржи денеска на онлајн платформата Зум, во организација на Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“. На конференцијата, која ќе започне од 11 часот, ќе учествуваат носители на одлуки, експерти, активисти,новинари, функционери од земјата и странство кои ќе ги споделат своите ставови за тековните состојби поврзани со […]

Со половина милион вакцини „Синовак“ ќе се забрза процесот на имунизација


Со два авиона вчера на скопскиот аеродром пристигнаа 500-те илјади вакцини што Владата ги набави од кинескиот производител „Синовак“. Станува збор за најголема пратка вакцини пристигната во земјава, а вакцините ќе бидат распоредени во градовите низ државата. Според државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски, која заедно со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо ги пречекаа […]

САД ни донираат АБХО опрема за деконтаминација


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска и американската амбасадорка Кејт Мари Брнз денеска во касарната Чојлија кај Петровец ќе присуствуваат на примопредавањето на АБХО опрема за деконтаминација, донација од САД. Опремата е донирана во рамки на програмата 333 (три-три-три) на САД и се состои од два система за масовна деконтаминација, два система за деконтаминација и две […]

Сончево и топло до 39 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. УВ=8 Во Скопје, сончево и топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од […]

(Фото) Кружен тек на крстосницата меѓу „Орце Николов“ и „Ленинова“


На крстосницата меѓу улиците „Орце Николов“ и „Ленинова“ во тек е поставување на кружен тек кој кога ќе биде целосно завршен ќе го регулира сообраќајот на оваа локација, позната меѓу возачите како една од поризичните и место каде што често се случуваа сообраќајки. Кружниот тек е едно од решенијата предвидено со реконструкцијата на улицата „Орце […]

Четири нови случаи на Ковид-19, нема починати


Четири нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во изминатото деноноќие од кои три во Скопје и еден во Битола. Направени се 2.514 тестирања. Не се евидентирани починати лица, а оздравени се 11 пациенти.   Според податоците на Министерството за здравство, бројот на активни случаи е 228.   Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од […]

На ГП Табановце има задржување од 30-60 минути за влез и за излез од државата


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози со умерен интензитет. На ГП Табановце има задржување од 30-60 минути за влез и за излез од државата, додека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на […]

Пристигнаа 500 илјади вакцини „Синовак“, најголема пратка досега во земјата


Со два авиони денеска на скопскиот аеродром пристигнаа 500-те илјади вакцини што Владата ги набави од кинескиот производител „Синовак“. Станува збор за најголема пратка вакцини пристигната во земјава, а вакцините ќе бидат распоредени во градовите низ државата. Според државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски, која заедно со кинескиот амбасадор ги пречекаа вакцините, со […]

Заев до полски тур оператори: Ги прифативме стандардите и протоколите за Ковид-19 на Светскиот совет за патување и туризам


Премиерот Зоран Заев синоќа во Струга имал средба со претставници на 40 тур оператори и хотелиери од Полска на која ги претставил придобивките од кампањата „Безбедно како дома“ за привлекување на странски туристи. Во обраќањето до полските тур оператори, премиерот изразил уверување дека авио линиите Варшава – Скопје, Варшава – Охрид и чартер летовите Катовице […]

Тетово мака мачи со паркирањето, а допрва се очекуваат возилата на печалбарите


Летните месеци се период кога се очекуваат голем број нови возила да ја зголемат сообраќајната фреквенција во Тетово со оглед на доаѓањето на многу од печалбарите. Од друга страна во Тетово нема промена, односно подобрување кога станува збор за повеќе паркинг места, што за градот претставува проблематика долги години. Во април годинава Општина Тетово склучи […]

Пристигнуваат 500 илјади дози „Синовак“, од утре вакцинацијата во „петта брзина“


Пратката од 500.000 вакцини против Ковид 19, кои Министерството за здравство ги купи од кинескиот производител „Синовак“, денеска ќе пристигне на меѓународниот аеродром во Скопје. Пратката ќе ја пречекаат државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски и амбасадорот на Народна Република Кина во Северна Република Македонија, Џанг Ѕуо. Министерот за здравство Венко Филипче вчера […]

Горештините малку ќе попуштат денеска и утре, од вторник повторно многу топло


Малку посвежо време ќе преовладува денеска и утре во земјава. Синоптичарите најавуваат пониски температури за некоj степен. Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до […]

Мора да имаме еколошки такси за да имаме чиста животна средина, вели Пендаровски


Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“, запрашан дали ќе го потпише законот за еколошка такса, рече дека мора да се воведат одредени еколошки такси ако сакаме да имаме чиста животна средина. – За жал, ќе мораме да одиме со одредени видови на еколошки такси. Тоа е тренд […]

„Падна“ седумка на Лото – на среќниот добитник му носи рекордни 669 илјади евра


Вечерва „падна“ седумка на Лотот која на среќниот добитник му носи рекордни 669 илјади евра.  „Добивка со 7 погодоци во 50 коло 2021. Уплатенa во ЈМБ КОМПАНИ Визбегово, Скопје. Износ на добивка: 41,163,771.60 ден.“, стои во објавата на Фејсбук на Државната лотарија. Добитната комбинација ја донесоа извлечените броеви  1,20,24,25,31,32 и 34. Инаку, во вечерашното коло […]

Филипче: Вакцината „Синовак“ се препорачува за бремени жени и доилки


Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил попладнево објави дека вакцината „Синовак“ е ефикасна, безбедна за користење и одобрена од Светската здравствена организација.   – Еве ги официјалните карактеристики на вакцината Синовак објавени од СЗО – Инкативиран САРС-Ков2 вирус, потребни се две дози, втората доза од 14-28 дена по првата доза, високо ефикасна […]

МЗ: Утре пристигнуваат 500.000 вакцини „Синовак“


Министерството за здравство попладнево соопшти дека утре на меѓународниот аеродром во Скопје треба да пристигнат 500-те илјади вакцини од кинескиот производител „Синовак“. Според најавите, оваа пратка вакцини ќе ја пречекаат државната секретарка во Министерството за здравство Иванка Стојаноски и кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо. Вчера попладне пристигнаа и 100.620 дози од вакцините „Фајзер“ што се набавени […]

(Галерија) Прајд хепенинг во Градски парк на 40 степени


Граѓани, популарни пеачи, политичари, активисти, поддржувачи на ЛГБТ заедницата се собраа денес во Градскиот парк во Скопје кај популарната Школка на хепенинг во рамки на годинашната Парада на гордоста што по втор пат се одржува во главниот град на Македонија. Иако беше еден од најтоплите денови годинава, сепак, во паркот присутните се забавуваа со звуците […]

Правилата и предусловите за влез во Грција продолжени за уште една седмица


Грција-  Правилата за патување во Грција остануваат непроменети и продолжени за уште една седмица, согласно новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, што е веќе објавена во Службен весник, стапи во сила утрово, а меѓу другото важи и за државјаните на Северна Македонија, јави дописничката на МИА […]

Втора Парада на гордоста во Скопје


Втората Парада на гордоста во Скопје започна напладне со марш од паркот „Жена Борец“, и продолжи низ центарот на градот, преку Владата до Градскиот парк. Граѓани на различна возраст со знаменца „Skopje Pride“ се дел од маршот, а дел од транспарентите гласат „Нашата порака е посилна кога нашите гласови се обединети“, „Љубов вон ѕидовите“… Парадата […]

Само шест нови случаи на корона, нема починати


Во последните 24 часа регистрирани се само шест нови случаи на Ковид-19 од 3.147 тестирања, што е 0,19 отсто од примероците. Министерството за здравство соопшти дека нема починати и дека оздравеле четири пациенти. Од заболените тројца се во  Скопје, двајца во Тетово и еден во Струмица. Оздравените пациенти се од Скопје, Тетово, Делчево и Крушево […]