Дванаесет дипломирани студенти ја добија наградата Инженерски прстен


Дванаесет дипломирани студенти од факултетите што негуваат инженерски дициплини во државата, денеска го добија признанието Инженерски прстен. Манифестацијата се одржува по 18-ти пат, а е во организација на Инженерската институција на Македонија и Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Наградите беа доделени во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, кој воедно е и покровител на […]

Царовска-Забрчанец: Нашата демократска приказна е посилна од лажните вести, медиумската писменост е заеднички влог во критички свесно население


Во својот поздравен говор на онлајн конференцијата на тема „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност“ имплементирана од Фондацијата „Метаморфозис“ и „Евротинк“, поддржана од Фондацијата за слободата „Фридрих Неуман“,  министерката за образование Мила Царовска  истакна дека критичкото мислење и медиумската писменост се исклучително важни во борбата со лажните вести.   Во својот поздравен говор […]

Филипче: Епидемиолошката состојба е стабилна, во август е можно прогласување на крај на епидемијата


Сегашната епидемиолошка состојба во државата е стабилна, само мал број пациенти се лекуваат во болниците и ако продолжи овој тренд би можело да се случи во август или на почетокот на септември оваа година да се прогласи крај на епидемијата, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на трибината на тема „Вакцинација и предизвици со […]

Трибина: Вакцинирањето на децата против Ковид-19 е исправно, во спротивно се остава простор за понатамошна мутација и ширење на вирусот


Вакцинирањето на децата од Коронавирусот е исправно бидејќи во спротивно остава простор за понатамошна мутација и ширење на вирусот. Вакцинацијата на детската популација ја овозможува потребната покриеност на вакцинација кај 80 отсто од населението, заклучија експертите на денешната трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“, а на која учествуваа министерот за здравство Венко Филипче, […]

Министерката Шахпаска во Сараево на форум за интеграција на Ромите


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска учествуваше на  министерски состанок за интеграција на Ромите во Сараево и порача дека процесот на инклузивноста дава резултати во образованието, вработувањето и домувањето. Состанокот е во организација на Министерството за човекови права и бегалци на Босна и Херцеговина и Регионалниот совет за соработка учествуваат министрите од Западен […]

На 13 јули официјално започнува постапката за чистење на малата депонија во ОХИС


На 13 јули официјално ќе започне постапката за подготовка на теренот за чистење на малата депонија со линдан во ОХИС, информираа денеска на брифинг во Министерството за животна средина и просторно планирање. Дислоцирањето треба да заврши за период од 12 месеци, за што веќе се обезбедени 8,4 милиони евра – заеднички средства од Глобалниот фонд […]

Царовска: Од есен, во прво и во четврто одделение, ќе се учи медиумска писменост


Образованието треба да создава граѓани што се отпорни на лажни вести. Токму затоа со новата Концепција за основно образование, од наредната учебна година во прво и во четврто одделение започнува да се учи медиумската писменост и критичното размислување. Тие ќе бидат интегрирани во сите предмети, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во обраќањето […]

Карпош со план за искористување на обновлива енергија


Општина Карпош се здоби со сопствен стратешки документ-Општински план за искористување на обновливите извори на енергија (ОППОЕ)., којшто е прв ваков стратешки план изработен во Република Северна Македонија и којшто треба да се реплицира и во другите општини во државата. Станува збор за студија во рамки на проектот „Општински план за обновливи извори на енергија: […]

Д-р Даниловски: Ние немаме вирус во циркулација


На ниво на статистичка грешка се бројките со корона вирусот во нашата земја во последните три дена, смета епидемиологот д-р Драган Даниловски, кој денеска учествува на трибината  на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“.  Тој вели дека инциденцијата е со вреност 7,а  според Европскиот центар за контрола на болести 20 е границата за да се […]

Тројца новозаразени со Ковид-19, шест излекувани, нема починати


Од направени 1.342 тестирања, во последните 24 часа регистрирани се три нови случаи на Ковид-19, сите во Скопје, има шест оздравени пациенти, од кои по двајца се од Скопје и Тетово, а по еден од Кочани и Кичево. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати лица, информира Министерството за здравство. Досега во земјава се направени […]

За фасади, кровови, лифтови во Аеродром се пријавиле 45 станбени згради


Проектот за енергетска ефикасност „Замени“ во рамките на Стратегиската платформа за локален економски развој на Општина Аеродром, наиде на голем интерес меѓу граѓаните на општината. Имено, по завршувањето на јавниот повик, во Општината се пристигнати вкупно 45 апликации за станбени згради. Субвенционирано менување на ПВЦ-прозорци и врати, обнова на фасади, реконструкција на кровови, набавка на […]

Жената која го уби сопругот доби 30 дена притвор, лани го пријавила во полиција за навредување


Откако СВР Тетово поднесе  кривична пријава за убиство до тетовското Обвинителство, денес судија во  претходна постапка одредил мерка притвор за А.С (39) која вчера го уби невенчаниот сопруг А.И (51). Таа е спроведена во затворот во Скопје каде треба да ја помине мерката притвор од 30 дена. Од СВР Тетово информираат дека минатата година таа […]

(Во живо)Трибина „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“


Во Скопје се одржува трибина на тема „Вакцинација и предизвици со Ковид-19“ на која учествуваат министерот за здравство Венко Филипче, д-р Александра Грозданова, д-р Драган Даниловски, д-р Александар Петличковски.  

Шекеринска: Очекувам летово да заврши НАТО сертификацијата за воените лица кои го почнаа процесот


Факт е дека не започнавме процес на сертификација на сите воени лица, бидејќи тоа е и барањето на НАТО. Само оние кои треба или мора да имаат НАТО сертификати влегоа во процесот и таа бројка е релативно мала. Кај најголем дел од офицерите оваа постапка е или пред крај или е сосема завршена и очекувам […]

Во Прилеп се интензивира вакцинацијата, ќе се затвора модуларната болница


Се интензивира вакцинацијата на регионалниот пункт во Прилеп. Зголемен е бројот на термините од 500 и денеска се пријавени 890 термини за вакцинација. Изутрината се вакцинираа инвалидизираните лица, а почна имунизацијата и на помладата популација. Доктор Сашо Пуцакоски кој на вакциналниот пункт го следи процесот вели дека покрај ревакцините почнаа да се даваат и дози […]

Царовска: Очекуваме враќање на сите ученици во училиштата, но подготвени сме и за уште две други сценарија


Системот на образование е подготвен за три сценарија за новата учебна година –  целосно отворање на училиштата и сите ученици да бидат во клупите, согласно здравствени протоколи и доколку биде стабилна епидемиолошката состојба. Министерката за образование и наука Мила Царовска рече дека тоа е најдоброто и најпосакувано сценарио кај сите во Владата. -За тоа ќе […]

Заев очекува низ дебата да се сфати придонесот на еколошката такса за животната средина


 Воведувањето еколошка такса на горивата што е предвидено од 1 јули годинава според премиерот Зоран Заев ќе се компензира со тоа што се очекува да се укине воведената акциза од два денара на горивата. Иако се најавени блокади во Парламентот верува дека врз основа на дебата ќе се сфати колку е тоа драгоцено и важно. […]

Битиќи очекува да бидат донесени потребните законски измени за воведување зелена еколошка такса


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се надева дека опозициските и сите останати пратеници во најбрзо време ќе ги донесат потребните законски измени за воведување на зелена еколошка такса. – Дали тоа ќе биде за 15 дена или за еден месец, можеби е работа на денови, но мислам дека ќе бидат донесени и не верувам […]

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост


За православните христијански верници кои се водат според Јулијанскиот календар денеска почнува Петровденскиот пост во чест на светите апостоли Петар и Павле и му претходи на празникот Петровден, кој секогаш се одбележува на 12 јули. Должината на Петровденскиот пост зависи од празникот Велигден. Овој пост, еден од четирите повеќедневни пости во текот на годината (Велигденски, Петровденски, […]

Шахпаска на министерски состанок за интеграција на Ромите во Сараево


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска ќе учествува на Вториот Министерски состанок за интеграција на Ромите, што се одржува во Сараево, Босна и Херцеговина. На состанокот, кој е во организација на Министерството за човекови права и бегалци на Босна и Херцеговина и Регионалниот Совет за Соработка, ќе учествуваат министрите од Западен Балкан […]