Во Тетовско широко распространета трансмисија на Ковид-19 причина и натаму да расте бројот на новозаболени


За само еден месец од регион со спорадични случаи Тетово е во фаза на широко распространета трансмисија на Ковид-19, оценуваат од епидимиолошката служба при тетовскиот Центар за јавно здравје. Поради ваквата состојба се очекува и бројот на новозаболени уште повеќе да расте. -На 6 јули имаше вкупно шест случаи на домашно лекување, а сега во […]

Распишан Конкурс за доделување на државната награда „11 Октомври”


Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври”, со која се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес, го распиша конкурсот за нејзино доделување за 2021 година. Конкурсот трае од 6 до 31 август, а некомплетните иницијативи и иницијативите и предлозите (трудови, книги, […]

Од попладне промена на времето и пад на температурите


Промена на времето најавуваат синоптичарите од попладне. Се очекува зголемена облачност, локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. – На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град, велат од Управата за хидрометеоролошки работи. Од пладневните […]

Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори продолжен до 12 август


Конкурсот за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите е продолжен до 12 август поради летните одмори. Од Државниот завод за статистика информираат дека е продолжен јавниот конкурс за пријавување за да се обезбедат доволен број кандидати за попишувачи и инструктори од кои ќе може да се направи избор на […]

Повторно во прекин сообраќајот Делчево-Пехчево поради пожарот, словенечките пожарникари на терен


Пожарот во пехчевско се прошири кон патот Делчево – Пехчево и зафати дел од блиската шума во атарот на селото Црник. Поради новонастанатата ситуација повторно е во прекин сообраќајот во правец од Делчево кон Пехчево. – Забраната за движење важи од 11 часот на повеќе локации имаме наши екипи кои го упатуваат населението кон алтернатнивниот […]

ЕУ го одобри грантот за Општина Аеродром за проектот „Clean AirDrom“


Европската агенда на Општина Аеродром поставена преку Стратегиската платформа за ЛЕР 2021-2025 година под работен наслов „Општина Аеродром – прва општина со европско знаменце“ доби своја круна. Тоа е одобрениот проект „Clean AirDrom“ во форма на грант од Европската Унија, кој од финансиски и тематски аспект е најголем и е прворангиран на Јавниот повик за […]

Изградбата на новиот мост во Аеродром во полн ек


Изградбата на новиот мост на реката Вардар во Аеродром, на булеварот АСНОМ, е во полн ек. Општините Аеродром, Гази Баба и Центар наскоро ќе бидат поврзани со нов мост и модерно булеварско решение што ќе го релаксира сообраќајот во овој дел од Скопје. Пред неколку дена булеварот АСНОМ почна да се гради и пробива и […]

Отворени телефонски линии за прва психолошка помош при пожари


Црвениот крст на Република Северна Македонија ги повикува сите граѓани кои имаат потреба од прва психолошка помош да се обратат на отворените СОС телефонски линии.   – Секое лице кое се чувствува загрозено и вознемирено поради настанатите пожари може да се обрати, постави прашања и добие одговори и совети за успешно справување со ситуацијата која […]

Хеликоптерите гасат во Пехчево, па полнат гориво во Скопје


Ангелов: Хеликоптерите се вратени во Скопје да наполнат гориво, се враќаат повторно на терен Скопје, 5 август 2021 (МИА) – Хеликоптерите се вратени во Скопје за да наполнат гориво и повторно ќе се вратат на терен, изјави за МИА директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Со цел да не се враќаат хеликоптерите […]

Црвениот крст доставува вода, храна, средства за хигиена во местата кои се борат со пожари


Црвениот крст утрово испрати тимови за одговор при катастрофи за логистичка поддршка и прва помош на граѓаните и тимовите кои гасат пожар на територија на општина Пехчево, како и хуманитарна помош во повеќе региони.   Како што се наведува во фејсбук-статусот на организацијата, хуманитарна помош е испратена во Берово/Пехчево и тоа 500 пакети со храна, […]

Општина Ранковце укинала трета смена пожарникари, тие работат на своја рака


 Независниот синдикат на пожарникарите при Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) денеска информираше дека до нив секојдневно пристигнуваат дојави за прекршување на правата од работен однос во услови кога пожарникарите се борат со гаснење на пожарите низ државата. – Додека во овие моменти се очекува, а од страна на нашите колеги професионални пожарникари се добива […]

Прогласена кризна состојба во цела држава


Владата ја усвои одлуката за прогласување кризна состојба во наредите 30 дена поради ситуацијата со пожарите, соопшти првиот вицепремиер Артан Груби, во изјава за настан по повод 20-годишнината од Рамковниот договор. Груби рече дека претпладнево тој ја водел седницата на Владата, на која е прифатен предлогот на Управувачкиот комитет за прогласување кризна состојба на територијата […]

Вакцина вчера примиле 10.984 граѓани, досега вкупно 519.106 вакцинирани


Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 519.106 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.905 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 10.984 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 932.603 дози вакцини, а […]

По пауза од 10 години повторно се доделуваат стипендии за постдипломски студии


Министерството за образование и наука (МОН) денеска соопшти дека по пауза од 10 години повтори ќе се доделуваат стипендии за постдипломски студии и оти конкурсите се во тек. – Откако пред 10 години беа укинати, од студиската 2021-2022 година Министерството за образование и наука повторно ќе доделува стипендии за студии од втор циклус во државата, […]

Преспанско и Дојранско Езеро испарија два сантиметри


За два сантиметра е намален водостојот на Дојранското Езеро, а за еден на Преспанското, додека нивото на Охридското Езеро е исто како вчера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). И покрај тоа, нивото на Охридското Езеро е за четири сантиметри пониско од просекот за август, исто како и Преспанското, […]

(Видео) Хеликоптерите гасат во Пехчевско – полнат вода од браната во Берово


Утрово околу 9 часот почна гасењето на пожарот во Пехчевско од воздух. Пет хеликоптери од Србија и од Македонија, се упатија кон ова мало место на истокот на земјата, од каде вчера жителите преку социјалните мрежи повикуваа за помош.  Хеликоптеритње полнат вода од браната кај Беровското Езеро. Жители на Берово испратија видео-сминка до „Независен весник“ […]

Активни пожари во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион


Активни пожари има во битолскиот, струмичкиот, кумановскиот и штипскиот регион. Во нивното гаснење од раните утрински часови учествуваат пожарникарите, припадници на Армијата, а на одредени места дел од екипата од Бугарија, како и месното население, објавија од Центарот за управување со кризи (ЦУК).   Активни пожари, согласно состојбата до 8 часот утринава, има во битолскиот […]

Пожарот кај Робово и Умлена сѐ уште активен


Огнената стихија сѐ уште ги става во опасност мештаните од селата Умлена и Робово кои се најзагрозени од пожарот кој цела ноќ гореше во нивна близина. Александар Мачевски, жител на Робово, утрово информира дека најкритична сѐ уште е ситуацијата кај Умлена каде во текот на ноќта пожарот се гаснеше интензивно и посочува дека тој е […]

Три српски и еден македонски хеликоптер полетаа кон Пехчево


Три српски и еден македонски хеликоптер полетаа од скопскиот аеродром кон пехчевскиот регион, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Тој на Фејсбук објави дека вкупно пет хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар во овој регион. – По извршеното изведување од страна на посадата на нашиот армиски хеликоптер, во овој момент полетуваат […]

Конкурсот за реонски попишувачи и инструктори продолжува до 12 август


Поради летните одмори, Конкурсот за ангажирање на реонски попишувачи и инструктори во претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, е продолжен до 12 август. Државниот завод за статистика, со цел да обезбеди доволен број на кандидати за попишувачи и инструктори од кои ќе може да направи избор на најдобрите кои ќе […]