Османи: Даесет и пет наши државјани се на лет од Кабул за Доха, се очекува евакуација на уште 50 лица


Од аеродромот во Кабул 25 наши државјани треба да заминат со американски воен авион, а се очекува евакуација на уште 50 наши граѓани од Авганистан каде што во изминативе 72 часа безбедносната состојба нагло се влоши, информира министерот за надворешни работи Бујар Османи. – Од околу 50 граѓани кои утрово беа на аеродрмот во Кабул, […]

ЗНМ: Безбедноста на новинарите, фоторепортерите и снимателите на јавните протести мора да се гарантира


Здружението на новинари на Македонија бара од Министерството за внатрешни работи гарантирање на безбедноста на присутните новинари и сниматели, на протестите кои се одржуваат против новите анти ковид мерки. Слободата на говор и правото на протест е загарантирано право и уставна категорија, меѓутоа кога со злоупотребата на овие права се загрозува безбедноста и животот на […]

Сто и шест шумски пожари досега, изгореле десетина објекти


Од попладнево активни се само уште два пожари од кои едниот кај село Раовиќ и Буковиќ од страна на Сува планина, а другиот во атарите на селата Ракле – Никодин – Топлица. – На потегот од село Буковиќ кон село Чајлане е се уште пожарот активен. Ангажирани се сили за гаснење, а во поплладневниве часови […]

Како изгледаат новите училници во ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче


Целосно заврши изградбата на новите четири училници во рамките на основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче. Станува збор за капитален проект кој опфати изградба на приземје и кат односно четири нови училници, хол, канцеларии и санитарни јазли, што се поврзани со веќе постојниот објект на училиштето. Училниците се опремени со нови клупи, столчиња и […]

Вакцинирани над 65 проценти од вработените во скопските градинки


Зависно од епидемиолошката состојба ќе се преземаат мерки за намалување или за евентуално зголемување на бројот на деца кои ќе бидат згрижени во градинките. -Бројката на вакцинирани вработени во скопските градинки е повеќе од 65 проценти, информираше денеска на прес-конференција министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска по средбата со директорките на скопските градинки […]

Јули беше екстремно топол, со врнежи многу под просечните


Многу топол до екстремно топол месец е генералната оценка за јули, кој се карактеризира со повисоки температури на воздухот и значително ниски количества на врнежи, соопшти Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР). Највисока средна месечна температура е регистрирана во Гевгелија од 29,1 степен , а најниска во Лазарополе 17,5 степени. Во Струмица, Скопје и Штип се […]

Мораториумот на Богдановиќ версус „Шанса за Центар“


Граѓанската иницијативата „Шанса за Центар“ од денеска собира потписи за учество со независна граѓанска листа за Општина Центар за претстојните локални избори, а планираат да бидат противтежа на големите политички партии кои излегуваат со свои кандидати, затоа што сметаат дека одлуките за активностите на локалните власти не треба да се донесуваат зад затовреи врати. Платформата […]

Владата утре на седница ќе ги разгледува предлозите на Главниот кризен штаб


На денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) на Владата за спречување на ширењето на КОВИД-19 и заштита на колективното здравје, донесен е заклучок на владина седница да се разгледа потребата од донесување одлука сите граѓани при влез и излез од државава да мора да приложат сертификат за вакцинација или потврда за прележан КОВИД-19, […]

Филипче: Трета доза ќе им се дава на лица имуно-компромитирани


Од Комитетот за имунизација стигна препорака лицата кои се имуно-компромитирани да примат трета доза на вакцина, според препораката на ЦДЦ и  здравствените институции во САД, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека во текот на неделата ќе стартува и тој процес. Тој појасни дека со трета доза ќе бидат вакцинирани пациенти на кои им […]

Наставата почнува со физичко присуство, исклучоците ќе се наведат на следната владина седница


На предлог на Министерството за образование и наука, на денешниот состанок на Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) на Владата, кој го водеше премиерот Зоран Заев, оценето е дека се создадени услови почетокот на новата учебна година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци, кои ќе бидат стриктно наведени во одлука што […]

Почнуваат со работа модуларната болница до Инфективната клиника, инфективното одделение во ГОБ „8 Септември“ и три тријажни центри


Од денеска почнуваат со работа модуларната болница до Клиниката за инфективни болести, инфективното одделение во ГОБ „8 Септември“, еден дополнителен тријажен центар на Институтот за ТБЦ и два тријажни центри во рамките на Здравствениот дом, веројатно тоа ќе бидат поликлиниките „Јане Сандански“ и Ѓорче Петров. Направен е распоред на лекарите и согласно тој систем на […]

Филипче: На граница да се бара негативен ПЦР или доказ за вакцина или прележан Ковид-19


По зголемувањето на бројот новозаразени со Ковид-19, денеска министерот за здравство Венко Филипче, рече дека ќе предложат за поминување на границата, без разлика дали се работи за наши граѓани или странци, да се бара негативњен ПЦР тест, или доказ за прележан Ковид-19 или вакцинација. На овој начин ќе се регулира влезот и излезот од Македонија […]

Преку итни постапки до почесто пријавување на случаите на семејно насилство


Брзото и итно водење на постапките за делата на семејно насилство делуваат охрабрувачки за жртвите и тие полесно одлучуваат да го пријавуваат малтретирањето во домот. Нивната недоволна информираност или несигурност често се причина со години да трпат физичко, психолошко, сексуално и други видови насилство. Токму затоа, се наведува во денешното соопштение од Здружението за еманципација, […]

МЗ: Вакцинираните граѓани имаат повеќе опции да потврдат дека се вакцинирани


Министерството за здравство соопшти дека на вакцинираните граѓани на располагање им се ставени повеќе опции со кои може лесно да стигнат до документ дека се вакцинирани. Веќе од вчера, во угостителски објекти или на други настани, каде има повеќе од 30 луѓе, како што се посочува, дозволен е влез само за граѓани кои се вакцинирани, […]

Филипче: Карантин од 14 дена за Авганистанците кои ќе дојдат во Македонија


Граѓаните кои ќе доаѓаат од Авганистан ќе треба да бидат во карантин 14 дена и дополнително ќе се оди на нивно вакцинирање. – Да, разговаравме за тоа, а до Владата ќе препорачаме сите кои доаѓаат од Авганистан да бидат во задолжителен карантин од 14 дена и дополнитлно да се спроведе вакцинација кај нив. Се работи […]

МВР: Прифатниот центар за странци нема никаква врска со мигрантите, за таа намена функционираат два транзитните центра во Гевгелија и Табановце


Прифатниот центар за странци е наменет за привремено задржување на странци во случаи кога се исполнети условите содржани во одредбите на Законот за странци односно за сместување на странци кои не можат да се отстранат од територијата на државата во рок од 24 часа, од кои било причини, па се сместуваат во него во период […]

Четири активни пожари во земјава, три ставени под контрола


Сѐ уште се активни пожарите во скопско, прилепско, струмичко и штипско. Под контрола се ставени три пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според известувањето од ПС Сарај што ЦУК го добило во 6:30 часот, дел од пожарот во село Раовиќ – село Буковиќ е локализиран во текот на вчерашниот ден, но на потегот […]

Филипче: Епидемиолошката состојба станува се посериозна, максимално да се почитуваат мерките


На утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести и претседателката на Националниот комитет за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова, се разгледуваше епидемиолошката состојба која од ден во ден станува се посериозна, објави денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Менаџирањето на ситуацијата, како што посочува, индицира сериозна потреба од одговорност […]