Вчера биле вакцинирани 6.830 граѓани, трета доза примиле 4.720, а прва само 638 лица


Фото: Б. Грданоски
Во текот на вчерашниот ден биле вакцинирани вкупно 6.830 граѓани, а од нив трета доза примиле 4.720 лица, соопшти Министерството за здравство. Прва доза примиле само 638 граѓани.

Од Министерството велат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
До сега вкупно се аплицирани 1.590.219 дози вакцини, а ревакцинирани се 769.356 граѓани, додека трета доза вкупно примиле 10.386 граѓани.
Според објавените податоци од МЗ на Фејсбук, 57 отсто од полнолетното население е вакцинирано со една доза вакцина, а 46 отсто е вакцинирано со две дози вакцини. 
Во однос на вкупната популација во земјава, една доза вакцина примиле 38 отсто од граѓаните, а 35 отсто се вакцинирани со две дози вакцини. Педесет и четири отсто од населението постаро од 40 години е вакцинирано со две дози вакцини.