Министерство за здравство: Само 10 отсто од хоспитализираните се вакцинирани со две дози, имаат полесни симптоми


На Инфективната клиника во Скопје се хоспитализирани 94 пациенти, од кои само околу 10 отсто се вакцинирани со две дози и тие се со полесна клиничка слика, соопшти денеска Министерството за здравство. Од таму посочуваат дека кај граѓаните значително се зголемува интересот за вакцинирање при што вчера се вакцинирале вкупно 18.877 граѓани, од кои 12.049 […]

Учебната година почнува со физичко присуство


 Учебната година од септември ќе почне со физичко присуство во основните и средните училишта, а наставата ќе се одвива под здравствени протоколи, одлучи денеска Владата по мислење дадено од Главниот координативен кризен штаб. Од ресорното министерство потсетуваат дека министерката за образованиe и наука Мила Царовска изјави дека во најдобар интерес на учениците е наставата да […]

Автопатот Кичево – Охрид ќе биде завршен на крај на 2023 година


Владата на денешната седница усвоила Информација со која се утврдува дека 31 декември 2023 година е рокот за завршување на работите за изградба на автопатот, делница Кичево – Охрид. -На денешната седница е разгледана и усвоена Информацијата врз основа на која Владата го прифати текстот на Анекс бр. 5 кон Договорот за изградба на автопат, […]

Нуредини: Водно стана заштитен предел и доби интегрирана заштита


Планината Водно го доби статусот на заштитено подрачје согласно законодавството за заштита на природата, со што стана заштитен предел. Одлуката е донесена на денешната владина седница, на предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Од МЖСПП посочуваат дека планината Водно долго време чекаше на добивање на статус на заштитено подрачје, согласно постојното […]

Од 1 септември влез во државата само со потврда за вакцинација, за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР тест


Владата на денешната редовна 99-та седница ги донесе најновите мерки, протоколи и препораки за заштита на здравјето на населението од КОВИД – 19, врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести. Согласно препораките, Владата донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, […]

Починаа уште 14 пациенти со Ковид-19, 999 се новозаразени


Во последните 24 часа се направени 7.245 тестирањa, а регистрирани се 999 нови случаи на Ковид-19: • Скопје – 325 • Тетово – 184 • Гостивар – 132 • Куманово – 79 • Кичево – 50 • Струмица – 42 • Струга – 33 • Охрид – 20 • Битола, Кочани и Берово – по […]

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер


Во земјава попладнево имаше развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи во планинските подрачја на североисток. И во Скопската котлина е нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината и во форма на невреме со појава на град. Како што соопшти УХМР, до крајот на денот ќе […]

Активни шест пожари, во Скопско, Прилепско, Струмичко, Беровско и Центар Жупа


Во земјава има шест активни пожари. Се уште е активен пожарот кај село Раовиќ, Општина Сарај. Утрово се забележува мало чадење на сртот од планината кон Матка, а чадење со помал интензитет се гледа кај Осој, на линијата меѓу селата Буковиќ кон Чајлане. Интервенираат десетина лица од ловиште „Јасен“, соопшти денеска Надица Вчкова од Центарот […]

Македонските граѓани безбедно се евакуираат од Авганистан кон Скопје


Владата на Македонија продолжува со интензивна координација со сојузничките НАТО сили, со амбасадата на САД во земјава и со меѓународните организации во рамки на меѓународната спасувачка и хуманитарна мисија за прифаќање и спасување на авганистанското цивилно и миротворно население. Во овој момент Владата има преземено обврска за прифаќање на 450 граѓани од локално населените од […]

ДИК од утре со нова веб-страна, усвоен и Акцискиот план за ИКТ стратегијата 2021-2024 година


Државната изборна комисија (ДИК) денеска го усвои Предлог стратешкиот план за информатичка технологија, односно одлуките за доделување парични средства за општинските изборни комиси за организирање на локалните избори на 17 октомври годинава и за заштита од Ковид-19. Воедно, денеска членовите на ДИК, едногласно одлучија од утре да биде пуштена во употреба новата веб страна на […]

Бугарија ќе донира вакцини против Ковид-19 за Северна Македонија


Бугарија– Владата на Бугарија усвои нацрт договор за донација на вакцини против Ковид-19, произведени од Фајзер-Бионтек на Република Северна Македонија, јави бугарската новинска агенција БТА. Тоа е тристран договор помеѓу Република Бугарија, Република Северна Македонија и Фајзер-Бионтек. Исто така е усвоен Двостран договор за донација на вакцини против Ковид-19 помеѓу двете земји. Договорите предвидуваат донација […]

Зголемен интересот за вакцинација, вчера се аплицирани 18.877 вакцини


Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 599.716 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 12.049 граѓани, а вчера […]

Стојковски: ДИЖС учествувал во издавањето дозвола за одложување опасен отпад на „Дрисла“


 В.д. директорот на Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), Сретен Стојковски денеска на прес-конференција соопшти дека изминатите десет дена, откако е назначен на функцијата, добил сознанија за слабости и неправилности во работењето на институцијата. Утврдено е, информира Стојковски, и дека Инспекторатот бил вклучен во издавањето А-интегрирана дозвола за одложување опасен отпад на ЈП „Дрисла“. -По […]

Со велосипедска патека се поврзуваат Автокоманда и Ченто


Изградбата на новата двонасочна велосипедска патека на булеварот „Александар Македонски“ во општината Гази Баба е во тек. Станува збор за продолжение на постојната велосипедска патека во должина од 550 метри, на потегот од клучката „Естекада“ до бензинската на „Лукоил“, преку која велосипедски ќе се поврзат населбите Автокоманда, Ченто и Маџари. – Градот Скопје во текот […]

Шилегов: Петровска беше презадоволна од работата на градот и инспекторатот, ќе биде предизвик да си ги размениме мислењата


По информацијата дека поранешната директорка на Државниот инспекторат за животна средина Ана Петровска ќе биде кандидат за градоначалник на Град Скопје на коалицијата „Зелен хуман град” на претстојните локални избори, градоначалникот на Скопје петре Шилегов вели дека таа била презадоволна од работата и функционирањето како на Градот така и на Инспекторатот за животна средина. – […]

Меѓаши: Децата се чувствуваат осамени, сакаат во училиште, пет проценти од учениците немале пристап до онлајн настава


 Голем процент од децата за време на пандемијата од Ковид-19 се чувствуваат изолирано и осамено, им недостасува дружењето во училиштето, пет проценти од учениците биле целосно исклучени од онлајн наставата оти немале можност да ја следат, една третина од децата делат компјутер со некој член од семејството, што го попречува квалитетот на учењето од далечина, 48 проценти од децата […]

Османи: Од НДИ побарано сместување на уште 200 цивили од Авганистан покрај првичните 186


Министерот за надворешни работи информира дека од Националниот демократски институт е стигнато барање за привремено сместување на дополнителни 200 цивили, покрај бројката од 186 граѓани од Авганистан за привремено прифаќање во земјава, за која извести Владата. Појасни дека станува збор, пред се, за жени и деца на активисти вработени во НДИ во Авганистан, а списоците ги […]

Во тек се обуки за подобрување на капацитетите на училишните инклузивни тимови


Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија, а се спроведува во соработка со Министерството за образование и наука, од вчера до 26 август организира обуки за наставници и претставници на стручните служби од редовните основни училишта. Како што информираат од Проектот, главен фокус на овие обуки е подобрување на […]

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата


Во касарната „Илинден“ во Скопје вечер, со почеток во 19 часот, ќе се изврши почесна артилериска стрелба по повод 18-ти Август, Денот на Армијата на Република Северна Македонија. Истрелани ќе бидат 10 плотуни од шест артилериски орудија од состав на артилерискиот баталјон на Армијата. Претходно, во 16.00 часот, ќе се изврши пробна артилериска стрелба со […]

На еден месец до полнолетство не ми даваат да се вакцинирам со Синовак


Родителите по консултации со лекари се одлучиле за Синовак како најповолна поради склоноста на девојката на алергии, но од вакциналниот пункт во Битола биле децидни дека единствен избор за неа е Фајзер Анета Блажевска БИТОЛА – Средношколка од Битола која на крајот на септември полни 18 години, вчера отишла да се вакцинира, но била вратена […]