Бројките за Ковид сѐ поцрни – 15 починати и 1.081 новозаразени, најмладиот починат на 37 години


Министерството за Здравство соопшти дека во последните 24 часа се направени 6.802 тестирањa, а регистрирани се 1.081 нови случаи на КОВИД-19: • Скопје – 314 • Гостивар – 187 • Тетово – 160 • Куманово – 84 • Струмица – 60 • Кичево – 47 • Охрид – 38 • Дебар – 30 • Струга […]

Филипче: Третата доза вакцина против Ковид-19 може да биде од друг производител


 Третата доза вакцина против Ковид-19 може да биде од друг производител. Препораката на Комитетот за имунизација согласно ставовите на Американскиот центар за контрола на болести е да се вакцинираат со трета доза тие кои се имунокомпромитирани за дополнителна заштита. Конкретно, тоа се пациентите кај кои е извршена транспалантација и тие кои се на хронична дијализа. Ова […]

Бугарија ќе донира вакцини против Ковид-19 за Северна Македонија


 Владата на Бугарија усвои нацрт договор за донација на вакцини против Ковид-19, произведени од Фајзер-Бионтек на Република Северна Македонија, јави бугарската новиснка агенција БТА. Тоа е тристран договор помеѓу Република Бугарија, Република Северна Македонија и Фајзер-Бионтек. Исто така е усвоен Двостран договор за донација на вакцини против Ковид-19 помеѓу двете земји. Договорите предвидуваат донација од […]

Се бараат решенија за граѓаните со истечена лична карта


На вчерашната владина седница ги задолживме економските ресори да се изнајдат начини за да се стави целосно во функција животот на граѓаните на кои им е истечена личната карта или вадат лична карта по првпат. Верувам дека ќе најдеме решенија во најбрз можен рок и јавно ќе ги соопштиме, порача денеска премиерот Зоран Заев. -Законот […]

Пописот ќе се спроведе од 5 до 30 септември, не размислувам за одложување, вели Заев


Пописот е веќе договорен, тој беше одложен по барање на сериозен учесник во нашето општество, а тоа најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, така што оваа операција ќе се спроведе од 5 до 30 септември, изјави денес премиерот Зоран Заев. „Не размислувам за негово одложување, тој е наша обврска и наша должност“, рече Заев.  Со ова тој […]

Заев: Да покажеме човечност и да им пружиме рака на бегалците од Авганистан


Да покажеме човечност и да им пружиме рака на авганистанските бегалците кои деновиве се очекува да пристигнат во нашата земја, порача денес премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања во ТИРЗ каде што беше одбележан почетокот на нова инвестиција. Тој рече дека Авганистан била една од првите земји кои покажале солидарност по скопскиот земјотрес во […]

Археолошкиот музеј го смени називот


На зградата на Археолошкиот музеј во Скопје денеска осамна нов назив, односно најгоре на фасадата место досегашниот натпис Археолошки музеј на Македонија, стои Археолошки музеј на Република Северна Македонија.  Примената на името на институцијата е обврска од Преспанскиот договор со кој се сменија називи на повеќе институции. Додека на веб страницата на оваа институција одамна […]

Филипче: И денеска има околу 1.000 новодијагностицирани со Ковид-19


Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека и денеска има околу 1.000 новодијагностицирани случаи со Ковид-19. Тој рече дека после месец дена сите кои прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат без оглед на начинот на кој се лекувани. За организација на сите настани и на отворено и на затворено, посочи, потребно е да се приложи […]

Орден за воени заслуги за сите македонски мировници во Авганистан


Безмалку 20 години, македонските мировници му помагаа на народот на Авганистан да живее во постабилно опкружување и сето тоа без ниту една жртва од нашите мировници! За професионалноста на нашите војници, нивната храброст и посветеност многумина беа одликувани со високи воени и цивилни почести од претставници на членките на Северноатлантската алијанса. Ужасните слики кои доаѓаат […]

Зголемен интересот за вакцинација, до вчера вакцинирани над 612 илјади граѓани


Заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 612.391 граѓани. Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден е забележан значителено зголемен интерес за вакцинација. Според информациите од Министерството, вчера прва доза вакција примиле 11.732 граѓани, а вкупно се вакцинирале 17.427 граѓани. – Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. […]

Свеста на нула: Одат во кафеана со туѓи или фалсификувани ковид сертификати


Македонците смислија како да ги изиграат мерките со кои треба да се заштитат  тие самите од епидемијата. Многу од граѓаните овие два дена влегувале со сертификати за вакцинирање позајмени од пријателите, а на купи продај огласниците  секојдневно бараат од некого да купат фалсификуван, лажен сертификат за ковид вакцинација. Граѓаните бараат помош односно контакти од лица, […]

УХМР: Вчера најмногу дожд наврна во Струмица, викендов пороен дожд на повеќе места


Најмногу дожд -13 литри на квадратен метар вчера наврна во Струмица, по што следат Скопје со 12 литри, Штип со 11, Берово со шест, Куманово и Виница со по три и Крива Паланка со еден литар на квадратен метар, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и за викендов најавува пороен дожд и грмежи на повеќе […]

Сите Македонци се евакуирани од Авганистан


Според последните информации од повеќе извори сите граѓани кои беа пријавени за евакуација веќе го имаат напуштено Кабул и во моментов се наоѓаат на неколку локации.Најголемиот дел, преку 30 наши граѓани се наоѓаат во Свинленд, Велика Британија; над 20 граѓани се наоѓаат во Доха, Катар, од каде во наредните денови ќе бидат транспортирани кон европските […]

Нема механизам за вработените во моловите откако за влез е потребен сертификат


Од денеска почна примената на најновите мерки за заштита од ширење на Ковид-19, меѓу кои се вели дека за влез во затворените трговски центри потребно е да се покажесертификат за вакцинација.  Од тука се наметна прашањето дали тоа значи дека вработените во моловите треба да се вакцинирани за што би имале сертификат, дали ќе прават […]

Активини три пожари кај Раовиќ, Патишка река и Ракле


Покрај дождот кој зафати делови од земјава, се уште во моментов имаме три активни пожари – кај село Раовиќ, во Општина Сарај, над селото Патишка река во Општина Сопиште и во атарот на селата Ракле, Никодин и Топлица, во Општина Прилеп, информира на претпладневната прес-конференција портпаролката на Центарот за управување со кризи Надица Вчкова. Пожарот […]

Влез во кафеани, обложувалници, молови… само со ковид сертификат, ќе дадат ли построгите мерки резултат


Во услови кога лицата заболени од Ковид-19 рапидно се зголемува (вчера според информациите на Министерството за здравство бројот на активни случаи достигна 6.734, а беа регистрирани и 999 новозаразени), Владата донесе нови построги мерки за влегување во угостителските објекти, моловите, обложувалницие, кои стапуваатт во сила веќе од днеск. Од 1 септември, односно за помалку од […]

Управниот суд ја поништил одлуката за избор на директор на Центарот за култура во Струмица


Управниот суд ја поништил одлуката на Министерство за култура за избор на директор на НУЦК „Антон Панов“. Судот ја уважил тужбата на двете одбиени кандидатки, Јасмина Пијанманова и Оливера Аризанова Мансбарт и според образложението на пресудата тужбата е основана. Одлуката на Управниот суд е донесена на 8 минатиот месец, а ја објави Иницијативата „Култура или […]

УКИМ ќе ги презентира студиските програми на факултетите


Во пресрет на првиот рок од пријавувањето за упис на студенти во прва година, 31 август и 1 септември, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје денеска и утре организира „Отворен ден на УКИМ“ за да ги претстави студиските програми на факултетите, активностите на студентите, центрите за кариера. Настанот ќе се одржи онлајн преку платформата Мајкрософт тимс по распоред на термините […]

Сончево и топло, попладне пороен дожд и грмежи


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 31 до […]