Дваесет млади пациенти на Инфективна примиле од скапите анти-ковид ампули со кои се лекуваше и Доналд Трамп


Терапијата за лекување ковид која се прослави откако екс претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека ја примал и се излекувал со неа – моноклонални антитела – предизвика огромно внимание во земјава. Нашто Министерство за здравство ги набави овие ампули на средината на летото и истите беа дистрибуирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби […]

Становите од поранешна ЈНА ќе може да се откупуваат


Припадниците од Министерството за одбрана и од Армијата кои речиси три децении живеат во станови добиени од фондот на поранешна ЈНА, без право да добијат сопственост, отсега ќе имаат можност да ги откупат. До 15 јануари 2022 ќе треба да поднесат барање за откуп на станот до комисијата формирана во рамки на Министерството за транспорт […]

Од вечер пад на температурите и повремен пороен дожд


Од денеска доцна попладне до четврток подрачјето на земјава ќе биде под влијание на влажна воздушна маса, што ќе донесе променливо облачно и значително посвежо време. Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени, соопшти УХМР. На места ќе биде нестабилно со поројни и пообилни врнежи (над 20 л/м2). Во петок ќе има услови за […]

Месец на детско здравје – Редовни прегледи за навремено откривање деформитети


По повод месецот на детското здравје, Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ во чиј склоп е и Мајчин дом, организираше креативна работилница со дечињата од градинката „Срничка“, со цел подигање на свеста за значењето на превентивните прегледи и раното откривање на болестите на локомоторниот систем во детската возраст. Според професор доктор Зоран Божиновски, редовните прегледи […]

Барањата на Бугарија се толку големи што компромис не е можен, вели Бранко Црвенковски


Поранешниот претседател Бранко Црвенковски во денешниот говор во МАНУ даде некаков вид преодна оценка за Преспанскиот договор, но го осуди договорт со Бугарија. „Ни беше најавено, па дури и гарантирано дека Преспанскиот договор е клучот што ќе ги отвори двете врати [на НАТО и ЕУ]. За жал испадна дека не е така. Станавме членка на […]

Финци ќе ги учат нашите наставници како да создадат општествено гласни ученици


Финската национална агенција за образование испрати свои претставници да ги поучат нашите наставници, директори на училишта и стручни соработници како да создадат демократска училишна клима која ќе создаде ученици кои ќе бидат општествено гласни. Министерката за образование и наука Мила Царовска смета дека оваа обука се организира во вистинско време. – Токму кога навлеговме во […]

Туризмот како начин за откривање нелегални активности во високопланинските подрачја


 „Туризам за инклузивен развој“ е темата на годинашниот Светски ден на туризмот, 27 Септември. Овој меѓународен ден, како што велат од здружението „Натура МК“, ја истакнува социјалната, културната, политичката и економската вредност на туризмот и неговиот придонес кон постигнување на целите за одржлив развој. Туризмот е и еден од начините за следење и откривање нелегални […]

(Во живо) Пендаровски, Црвенковски и Иванов на научен собир во МАНУ


Научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941-1991 / 1991-2021 година” во организација на Македонската академија на науките и уметностите по повод 30 години независност, со обраќања на актуелниот претседател на државата Стево Пендаровски, поранешните Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов и претставници од кабинетите на првиот и […]

ДЗС: Попишани вкупно 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови


Вкупно 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика. Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 198.589 граѓани од дијаспората. Денеска е 23-тиот ден од Пописот 2021 и до крајот остануваат уште три дена пописни активности. Освен во […]

Тројца Македонци се попишале од Антарктикот, еден од вулкански остров


Во 50-тина земји во светот може да се каже дека пописот заврши само што почна, откако на онлајн апликацијата веднаш се регистрираа по еден, двајца, или максимум по тројца македонски државјани. Валис и Футуна – еден од трите вулкански тропски острови во Океанија, каде живеат 12.000 илјади жители, е дом и на еден Македонец. Тој […]

Пендаровски, Црвенковски и Иванов на научен собир во МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)  денеска и утре организира научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното формирање и развој: 1941 – 1991 / 1991 – 2021 година“. На првиот ден од собирот, како што е најавено, ќе се обратат актуелниот претседател Стево Пендаровски и поранешните претседатели Бранко Црвенковски […]

Почнува вакцинацијата со трета доза за лица над 60 години, здравствените работници и хронично болни, во моментов активни 12.337 случаи


Трета доза на вакцина од денеска достапна за граѓаните над 60 години возраст, здравствените работници и пациенти кои имаат имунокомпромитирана состојба, без оглед на возраста. Третата доза вакцина треба да биде од производителот „Фајзер“, а дополнително ќе следат препораки за вакцини од други производители. Министерот за здравство Венко Филипе најави и скрининг на генералната здравствена […]

Натпросечно топло, од вторник заладување


Времето и денеска ќе биде натпросечно топло, но ќе има мала до умерена облачност. Утринските температури ќе се движат од 7 до 14 степени додека дневните ќе достигнат до 33 степени. Во Скопје времето ќе биде слично со температура до 33 степен. Од вторник ќе преовладува претежно облачно со нешто повисоки утрински температури, а дневните […]

(Галерија) Есента уште не стигнува во Дојран


Есента календарски дојде, но како да го заобиколува Дојранското Езеро. Викендов  голем број туристи уживаа во убавините што ги нуди ова уникатно езеро со своите уредени плажи и населбите кои се распослани на брегот – Стар Дојран, Нов Дојран и Николич, за што сведочат фотографиите на нашиот фоторепортер Боро Грданоски. За овој дел од нашата […]

Стивнуваат жариштата во Тетово и Гостивар, нови 17 починати од ковид


Последните неколку дена покажуваат дека двете најсилни жаришта на епидемијата на Ковид-19 во изминативе два месеци – во Тетово и Гостивар – полека стивнуваат. Податоците на Министерството за здравство за изминативе 24 час покажуваат дека во Тетово има само четворица новозаболени, а во Гостивар ниту еден. Но затоа Скопје и натаму е на врвот на […]

Становите од поранешна ЈНА ќе може да се откупуваат


Припадниците од Министерството за одбрана и од Армијата кои речиси три децении живеат во станови добиени од фондот на поранешна ЈНА, без право да добијат сопственост, отсега ќе имаат можност да ги откупат. До 15 јануари 2022 ќе треба да поднесат барање за откуп на станот до комисијата формирана во рамки на Министерството за транспорт […]

Филипче и Брнз со поддршка на кампањата за борба против рак на дојка – Напред розово


Здружението „Борка- за секој нов ден“ денеска организираше настан „Race for the Cure“- Напред розово, во рамки на 13-тата кампања за борба против рак на дојка. На настанот присуствуваше и министерот за здравсво Венко Филипче, кој истакна дека почнувајќи од 2019, заедно е направено многу.   -Системски го подобривме делот на пристапот и квалитетот на здравствената заштита кај пациентите со карцином […]

Се попиша и Заев со семејството


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската должност и законска обврска и ја спроведе постапката за попишување. Како што истакнал тој, на овој начин тие станаа партнер во овој процес за да може државата, јавните институции, локалната власт и бизнис заедницата […]

Лидер/ка на училиште, лидер/ка во иднината: Неопходна е реформа на моделот на ученичките заедници за да станат вистински глас на сите млади


Потребен е нов модел на ученичко организирање кој ќе може да се имплементира подеднакво во сите училишта низ земјава. За ученичките заедници односно советите на учениците да бидат вистинскиот глас на младите и нивните потреби, треба сите средношколци во училиштето директно да ги избираат претседател(к)ите на овие тела. На овој начин ученичките заедници ќе станат […]

Недела неработен ден, најверојатно по завршување на изборите


Пред официјалниот почеток на кампањата за локалните избори што треба да се одржат на 17 октомври, пратениците не успеаја да ги донесат измените на Законот за работни односи со кои недела требаше да се прогласи за неработен ден за повеќето дејности. Тие, иако требаше да бидат донесени порано и да почнат да се применуваат од […]