Поради паднато дрво во прекин сообраќајот на патот Дебар – Маврово


Поради паднато дрво во прекин е сообраќајот во двата правци на патот Дебар – Маврово, кај местото викано Врбјанска Раскрсница. Како што информира АМСМ, сообраќајот на овој патен правец е во прекин од 10 часот.

Секоја трета жена во Македонија жртва на семејно насилство


Од почетокот на пандемијата со Ковид-19 зголемен е бројот на жени жртви на семејно насилство, коментира за БТА сопругата на бугарскиот амбасадор во Македонија, Билјана Ангелова, која е иницијатор на кампања за поддршка на жртвите за семејно насилство. Мотото на кампањата „СТОП на семејното насилство! Бидете храбри“ е и главната порака на Билјана Ангелова до […]

Презентирана анализата „Човек од народот: Анализа за јавното мислење за политичките барања на граѓаните“


Претседателскиот центар за политичко образование (ПЦПО) во соработка со Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје ја презентираа анализата „Човек од народот: Анализа за јавното мислење за политичките барања на граѓаните“. Во рамките на истражувањето се испитуваше довербата на граѓаните во демократските институции, како и во други чинители во политичкиот живот на државата и општеството, […]

Општинската зграда во Струмица портокалово осветлена


Општина Струмица се вклучи во глобалната кампања против родово базирано насилство. Општинската зграда светна во портокалова боја. – Ја осветливме општинската зграда со портокалови филтри и се вклучивме во кампањата 16 дена активизам против родово базирано насилство. Сега и секогаш ќе бидам против сите видови насилство и ја давам мојата поддршка на сите активности со […]

Министерката за регионален развој на Бугарија ќе ги презентира резултатите од инспекцијата на автопатот „Струма“


Министерката за регионален развој на Бугарија Виолета Комитова денеска ќе ги презентира резултатите од инспекцијата што беше направена на автопатот „Струма“ по автобуската несреќа на 23 ноември во која животот го загубија 45 лица. Како што јави дописникот на МИА од Софија, министерката Комитова нареди инспекција на делницата меѓу Драгичево и Горна Дикања откако беа […]

Најстудено и најмногу снег во Лазарополе


Најниска температура во земјава изутринава е измерена во Лазарополе -4 и во Маврово -3. На останатите места насекаде е над нулата, а максимални шест степени се измерени во Гевгелија, соопшти УХМР. Во Лазарополе наврна и најмногу снег 28 сантиметри, на Попова Шапка снежната покривка е 21, а во Маврово 11 сантиметри. Најмногу дожд, пак, во […]

Државен протокол за предавање на телата на жртвите од автобуската несреќа на семејствата


Телата на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија во која настрадаа наши сограѓани, авионски ќе бидат донесени во четврток, а преку организиран државен протокол останките ќе им бидат предадени на семејствата во нивните домови. Во текот на вчерашниот ден уште тројца од повредените пациенти кои се лекуваа во болницата „Пиргов“ во Софија, се вратија во […]

Состојбата со коронавирусот стабилна, засега нема потреба од нови мерки за заштита од новиот сој


Комисијата за заразни болести вчера донесе одлука дека нема потреба од нови мерки за заштита и превенција од новиот сој на коронавирусот Омикрон. Министерот за здравство, Венко Филипче заклучи оти епидемиолошката состојба е стабилна, а двонеделната инциденца се намалува со некаде околу 14 проценти и минатата недела има околу пет проценти помалку дијагностицирани случаи во […]

Отворен ден на УКИМ


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје организира „Отворен ден на УКИМ“, со цел да ги запознае идните студенти со професорите, студентите, но и да прашаат се што ги интересира за студиските програми. Студентите ќе имаат можност да прашаат и за можностите за стипендирање, да ги слушнат искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во […]

Забрана за камиони на Стража, Ѓавато и на патните правци Кичево-Охрид, Тетово-Попова Шапка и Маврово-Дебар


Од 07:15 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила и на патниот правец Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека. Забаран за камиони има и на планинскиот превој Стража, на патниот правец Тетово – Попова Шапка, како и на планинскиот превој Ѓавато. За останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска […]

Постудено со повремен дожд, снег и ветер


Претпладне ќе биде облачно со повремени врнежи кои и на некои пониски места ќе преминуваат во снег. Во западните делови ќе се формира нова снежна покривка. Повремени слаби врнежи од снег се очекуваат и во делови од Скопската котлина. Попладне врнежите ќе престануваат и ќе настапи постепено разведрување. Ќе дува засилен ветер од северен правец, […]

Се запали двокатен автобус на ЈСП на „Трета македонска бригада“


На булевар „Трета македонска бригада“, кај „Раде Кончар“ пријавено е дека во 18.50 часот настанал пожар во автобус на Јавно сообраќајно претпријатие – Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Од страна на УПС од Полициската станица Аеродром, констатирано е дека на местото на настанот автобусот е опожарен во задниот дел кај моторот. Во автобусот со […]

(Видео) Сопственикот на „Беса Транс“ за БНТ: „Зошто и јас не бев во тој автобус“


Сопственикот на туристичката агенција „Беса Транс“, Беким Хаџиу, во интервју за бугарската национална телевизија за првпат зборува за деталите околу патувањето и страшната автобуска несреќа во која загинаа 45 лица. Хаџиу вели дека автобусот поминал нa технички преглед пред да замине од Турција и сè било во ред и ја исклучува можноста некој од патниците […]

Русковска : Пожарот во автобусот започнал во багажниот простор над резервоарот


Беким Хаџиу, сопственикот на Беса Транс бил во еден од автобусите кои се враќале од кобната екскурзија од Истанбул. Неговите деца биле во четвртиот автобус. Но сите четири автобуси не возеле во конвој туку разделени па не ја виделе несреќата. Третиот автобус каде се случи страотниот пожар практично возел зад останатите. Овие сознанија за Телма […]

Телата на жртвите ќе бидат пренесени во Скопје в четврток, вели Османи


Министерот за надворешни работи Бујар Османи извести дека по остварениот разговор со бугарскиот обвинител од Софија Сарафов, одговорен за трагедијата од 23 ноември,  ја информира јавноста дека е донесена одлука за пренос на телата на нашите сограѓани кои ги загубија животите во трагичната несреќа во четврток, 2 декември. Според Османи, владата на Р. Бугарија го […]

Треска се излеа кај Македонски Брод


Надојдените води на Треска, по вчерашните интензивни врнежи од дожд ,предизвикаа излевање на реката во селата Лисичани, Вранештица и Пласница, а во текот на денот се излеа и кај Македонски Брод од Пешна до село Девич. – Треска по вчерашните интензивни врнежи од дожд, се излеа од своето корито во текот на попладнето кај Македонски […]

Што знаеме, а што не знаеме за Омикрон варијантата


Научниците се загрижени дека мутацијата Б.1.1.529 може да ја заобиколи имунизацијата и од вакцинација или од прележана инфекција   Новата варијанта на корона вирусот предизвика лудило од истраги и интервенции за патување додека експертите се обидуваат да направат напредок во разбирањето колку е навистина сериозна оваа мутација. Варијантата, именувана од Светската здравствена организација како Омикрон, […]

Од среда биоразградливите кеси ќе чинат 15 денари


Министерството за животна средина и просторно планирање денеска преку соопштение ја потсетува јавноста дека од 1 декември 2021 година (среда) стапува во сила обврската за наплата на кесите за носење стоки од новиот Закон за управување со пакување и отпад од пакување. Како што се наведува во соопштението Законот предвидува: забрана на пуштање на пластични кеси […]

Вкупно 22 починати од Ковид-19, новозаразени се 118


Во последните 24 часа направени се 1.245 тестирања, а регистрирани се 118 нови случаи на Ковид-19: • Скопје – 93 • Кавадарци – 11 • Битола – 5 • Прилеп и Струга – по 2 • Куманово, Велес, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1 Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 18 […]