Како стана нова Старата чаршија?


Иако со години се најавува дека ќе се заштити автентичниот лик на Старата чаршија, таа е препуштена на самоволие и импровизации, до таа мерка што е претворена во некој вид пластичарска улица. Освен градежната узурпација, пренатрупаност и негрижа, таа се повеќе со декорациите и боите наликува на некои други „чаршии“ во светот и ги губи …

Како стана нова Старата чаршија? Read More »

Албан Кадриу предложен за нов член на Судскиот совет


  Со осум гласа „за“ Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска одлучи на Собранието да му го предложи Албан Кадриу, дипломиран правник со положен правосуден испит од Тетово, за нов член на Судскиот совет. Кадриу беше предлог на претставникот на коалицијата „Вреди“ во Собранието Беким Ќоку. Членовите на Комисијата не го прифатија предлогот …

Албан Кадриу предложен за нов член на Судскиот совет Read More »

И АВМУ го осуди насилниот упад во Инфомакс


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот насилен упад во редакцијата на интернет порталот Инфомакс, извршен од непознато лице за време на емитување на подкастот „Тешки муабети“. Агенцијата потсетува дека ваквите постапки претставуваат директен напад врз слободата на медиумите и правото на новинарите да ја извршуваат својата работа без притисоци и закани. …

И АВМУ го осуди насилниот упад во Инфомакс Read More »

Барање во Собранието за одземање на имунитетот на пратеникот Јанчев од Левица


Писмо со барање за одземање на имунитетот на пратеникот Митко Јанчев од Левица до претседателот на Собранието Африм Гаши испратиле родителите на тешко повреденото 13 – годишно девојче во сообраќајната несреќа што се случи на 14 септември годинава во Илинден. На повредите од несреќата подоцна им подлегна 16-годишното момче кое го управувало мопедот. Јанчев е …

Барање во Собранието за одземање на имунитетот на пратеникот Јанчев од Левица Read More »

Децентрализирани и дигитализирани општини се одржливи


Држава која сака одржлив развој и квалитетни услуги мора да биде децентрализирана и дигитализирана, беше речено на денешната Конференција за локална самоуправа и децентрализација „Визија за реформи за одржлив развој и достапни услуги за граѓаните“. Министерот за локална самоуправа Златко Перински посочи дека измените на Законот за локална самоуправа, кој повеќе од две децении не …

Децентрализирани и дигитализирани општини се одржливи Read More »

Се реновираат главните метеоролошки станици во Охрид и во Штип


 Во рамки на Програмата за поддршка за рурален развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, се реализираат активности за целосно реновирање и унапредување на клучните метеоролошки станици на национално ниво. По отпочнувањето на интервенциите во Прилеп и Битола, следниот значаен чекор е модернизацијата на главната метеоролошка станица во Штип. Со оваа инвестиција, како што …

Се реновираат главните метеоролошки станици во Охрид и во Штип Read More »

Битола: Вработените во основното образование сепак ќе земат плата за ноември


  БИТОЛА – Вработените во основните училишта во Битола наскоро ќе ја земат ноемвриската плата. Денеска Советот на Општина Битола на вонредна седница донесе одлука за проширување на средствата на буџетот на Општина Битола за 2025 година.  Образложението беше дека на 15 декември Трезорот на Македонија затвора, па ако не се донесе оваа одлука  вработените …

Битола: Вработените во основното образование сепак ќе земат плата за ноември Read More »

Ротари клуб Скопје Интернационал: Уметноста безбеден простор за менталното здравје кај младите


Менталното здравје и потребата младите да добијат безбеден простор за изразување беа во центарот на изложбата „Иницирај промена. Креирај гласно!“, што се одржа во галеријата „Драгутин Аврамовски Гуте“ во Сули Ан. Настанот беше организиран од Здружението „Биди човек“, во партнерство со Ротари клуб Скопје Интернационал, кој веќе неколку години континуирано работи на проекти за ментално …

Ротари клуб Скопје Интернационал: Уметноста безбеден простор за менталното здравје кај младите Read More »

Андоновски: Засега не се планираат ограничувања на социјалните мрежи за деца по примерот на Австралија


Македонија засега не планира радикални забрани како австралискиот модел за ограничување на социјалните мрежи за деца, но прашањето е разгледувано, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, одговарајќи на прашањето дали Македонија планира да го следи примерот на Австралија, која прва воведе закон за забрана на социјални мрежи за деца под 16 години. -Секоја забрана …

Андоновски: Засега не се планираат ограничувања на социјалните мрежи за деца по примерот на Австралија Read More »

Природонаучниот музеј во Скопје ќе се модернизира и дигитално збогатува со донација


Природнонаучниот музеј во Скопје, во пресрет на неговиот 100-годишен јубилеј, ќе се модернизира и дигитално збогатува со значајна донација во износ од 150 илјади евра од  Стопанска банка АД – Скопје, и во цело столетие од неговото работење, е прва ваква поголема донација директно вложена во музејската зграда. По тој повод, министерот за култура и …

Природонаучниот музеј во Скопје ќе се модернизира и дигитално збогатува со донација Read More »

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието


Предлог за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски е доставен до Собранието, но се уште не е утврдено кога предлогот ќе се најде на дневен ред пред пратениците.Пред два дена, портпаролката на Владата Марија Митева рече дека со предлогот за разрешување на Коцевски од функцијата, Владата ја продолжува постапката која согласно законските ограничувања била …

Предлог одлуката за разрешување на Коцевски пристигна во Собранието Read More »

Се уредува плоштадот „Македонија“: Се заменуваат оштетените плочки, се чистат фонтаните…


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук сподели дека деновиве интензивно се работи на сите страни низ градот. Како што вели, го средуваат она што со години било запоставено, а требало да се одржува секојдневно. „На плоштадот ‘Македонија’ се заменуваат скршените и пропаднати плочки, фонтаните што подолго време беа оставени на забот на …

Се уредува плоштадот „Македонија“: Се заменуваат оштетените плочки, се чистат фонтаните… Read More »

Пробиен уште еден тунел на пругата кон Крива Паланка


  Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, нa својот Фејсбук профил објави видео од пробивање на 14. тунел на железничката делница Бељаковце-Крива Паланка која е во изградба.  „Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија“, напиша …

Пробиен уште еден тунел на пругата кон Крива Паланка Read More »

Досегашниот претседател на Управен суд ќе биде в.д. претседател до избор на нов


Досегашниот претседател на Управен суд, Бурим Сејдини, ќе биде в.д. претседател на Судот, додека не се избере нов. Ваква одлука денеска донесе Судскиот совет на денешната 533. седница. Беше кажано дека на 14 декември на Сејдини му истекува мандатот, па затоа се бира в.д. претседател до избор на нов.  Сејдини ги исполнил потребните критериуми за …

Досегашниот претседател на Управен суд ќе биде в.д. претседател до избор на нов Read More »

Реакција на ЗНМ: Брутален напад на „Инфомакс“


  Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро го осудува бруталниот напад што вчера се случи во редакцијата на „Инфомакс“ за време на емитување програма во живо, од страна на непознато лице, со што беше загрозена безбедноста на новинарите Александар Митовски и Милош Милошевски, како и на вработените во редакцијата, се вели во реакцијата за …

Реакција на ЗНМ: Брутален напад на „Инфомакс“ Read More »

Истражување: Oпaѓа користењето на религијата во политичките кампањи


  Новото истражување „Религијата во политичките кампањи“, спроведено во ноември 2025 година од Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС), порталот Religija.mk и Фондацијата Конрад Аденауер, покажува дека опаѓа влијанието и употребата на религијата во политичките кампањи во Македонија, но и дека дел од граѓаните сè уште ја препознаваат како фактор во изборниот процес. Според …

Истражување: Oпaѓа користењето на религијата во политичките кампањи Read More »

ССНМ: Нападите врз медиумите се недозволиви


Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро го осудува синоќешниот насилен упад во редакцијата на Инфомакс и бара неодложна реакција на институциите. Нападите врз новинарите и медиумските работници, а особено напади директно во редакции претставуваат сериозна закана за слободата на изразување и правото на граѓаните да бидат информирани. Според пријавата од Инфомакс, вчера …

ССНМ: Нападите врз медиумите се недозволиви Read More »

Граничните премини Евзони и Ники и денеска затворени на неколку часа


Атина – Како и во изминатите денови, така и денеска, грчките земјоделци, кои нивните трактори ги имаат паркирано на неколку гранични премини, меѓу кои и Евзони (Богородица) и Ники (Меџитлија) кон нашата земја, ќе ги затворат границите за сообраќај на неколку часа, јави дописничката на МИА од Атина. Се очекува блокадата на Евзони и денеска …

Граничните премини Евзони и Ники и денеска затворени на неколку часа Read More »

Шилегов: Нејасно е како Хазари го предизвикал пожарот во „Пулс“, а работел во Министерството за економија


Адвокатот Петре Шилегов, бранител на еден од обвинетите за пожарот во Кочани, Шефкет Хазари од Министерството за економија, на денешното рочиште од судскиот процес, изјави дека долго размислувал дали да оди со читање на кривичните дела и дека тоа мора да го стори, затоа што, како што вели, правно поанаlфабетски памфлет немам видено, бидејќи ова …

Шилегов: Нејасно е како Хазари го предизвикал пожарот во „Пулс“, а работел во Министерството за економија Read More »

МВР го уапсија лицето кое насилно упадна во студиото на „Инфомакс“


Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода Г.С.(43) од Скопје, кој вчера вечер упадна во редакцијата на „Инфомакс“, додека траеше емисијата во живо. „Полициски службеници од ПС Кисела Вода го лишија од слобода Г.С.(43) од Скопје, веднаш по добиената пријава на 10.12.2025 во 23,45 часот од страна на А.М., водител на емисија …

МВР го уапсија лицето кое насилно упадна во студиото на „Инфомакс“ Read More »