Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники


Од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот граничниот премин Евзони кон нашата земја повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци во рамките на нивните активности, а блокада ќе има и на граничниот премин Ники во периодот од 19 до 23 часот, но само за товарни возила, според грчката …

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники Read More »

„Пајакот“ крена 104 непрописно паркирани возила во Центар


Санкционирани биле 104 непрописно паркирани возила во општина Центар за една недела. – Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје во периодот од 8 до 14 декември, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранија 104 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија утрово …

„Пајакот“ крена 104 непрописно паркирани возила во Центар Read More »

Одборот за традиционална прослава на Бадник ќе ги претстави кумот и здравичарот


Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник денеска ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2026. На настанот што ќе се одржи во салата за состаноци на Советот на Општина Центар, поканети се и кумови и здравичари од изминатите манифестации, како и долгогодишни спонзори и симпатизери на традиционалното скопско Бадникување.

Најстудено утрово во Петровец и Берово, измерени минус 6 степени


Најниска температура од -6 степени утрово е измерена во Скопје-Петровец и Берово, -5 во Битола и Демир Капија, -4 во Тетово, и Струмица, -3 во Прилеп, Штип и Кавадарци, -2 во Крива Паланка, Охрид, Куманово, Велес и Mаврови Анови, а над нулата е само во Гевгелија, Kрушево и Попова Шапка со еден степен, соопшти УХМР. …

Најстудено утрово во Петровец и Берово, измерени минус 6 степени Read More »

Утрово, почувствуван земјотрес на северот од Македонија


Утрово во 7 часот и 20 минути беше почувствуван земјотрес на територијата на Македонија, објави ЕМСЦ. Според ЕМСЦ земјотресот бил со јачина од 3.1 степени според Рихтер. Епицентарот на земјотресот бил на 35 километри од Приштина, на границата меѓу Косово, Србија и Македонија. Жители на Скопје и околината сведочат дека почувствувале кусо, но силно тресење. Некои велат …

Утрово, почувствуван земјотрес на северот од Македонија Read More »

Без струја денеска Горно Нерези, Глуво и Мирковци


Од 9 денеска без електрична енергија ќе бидат корисниците од селото Горно Нерези во општина Карпош и корисниците од селата Глуво и Мирковци во општина Чучер Сандево. Прекинот, како што информира РЦУК повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, ќе трае до 15 часот. 

Магла на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија


 Поради магла утринава намалена видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Неготино- Градско и Неготино – Демир Капија. На останатите државни патишта, сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози, а на одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони. „Македонија пат“ апелира на внимателно …

Магла на патните правци Неготино – Градско и Неготино – Демир Капија Read More »

Наутро магла, преку ден сончево до 13 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени. Во Скопје, претпладне во делови од котлината …

Наутро магла, преку ден сончево до 13 степени Read More »

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај


Од 17:30 часот сообраќајот на ГП Богородица (Евзони) е затворен за секаков тип на возила, соопшти АМСМ. АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез …

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај Read More »

Тошковски најави толеранција во мерењето на брзината со „Сејф сити“, но без отстапки за кривична одговорност


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека системот „Сејф сити“ ќе функционира со прецизно утврден праг на толеранција при мерењето на брзината, кој ќе се применува исклучиво за прекршочни постапки. За потешки случаи и опасно возење, како што нагласи, нема да има никаква толеранција и ќе се постапува согласно кривичната одговорност. Тошковски појасни дека …

Тошковски најави толеранција во мерењето на брзината со „Сејф сити“, но без отстапки за кривична одговорност Read More »

Пуштена во употреба новата полициска станица во Бутел


По повеќе од триесет години старата полициска станица во Бутел која се наоѓаше во руиниран објект се пресели во нов реконструиран и полициските службеници добија соодветни услови за работа. Објектот на старата полициска станица и тој до него ќе бидат срушени и на тоа место ќе биде изграден мега плоштад со културен дом.  Премиерот Христијан …

Пуштена во употреба новата полициска станица во Бутел Read More »

Без вода дел од Сопиште


Без вода попладнево од 14:25 часот ќе бидат корисниците од улицата 23 во Сопиште. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, причина е уличен водоводен дефект од Ф2 ” (Цола) на улицата 23 бб, а прекинот ќе трае до завршување на зафатот.

Мицкоски ретерира: Не реков дека на 15 декември ќе се затвори трезорот, К-15 во државните институции ќе има


  Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кажа дека трезорот нема да биде затворен на 15. декември, туку дека е добро сите до 15. декември да ги достават сите тековни потребни. Тој напомена дека ќе има К-15 во сите државни институции. „Не реков дека ќе се затвори трезорот, туку го поставивме 15 декември датум кога сите …

Мицкоски ретерира: Не реков дека на 15 декември ќе се затвори трезорот, К-15 во државните институции ќе има Read More »

Тошковски потврди дека е приведен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа


 Министерството за внатрешни работи во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по наредба на судија на претходна постапка вчера го привело поранешниот државен правобранител Фехми Стафа. -Во текот на вчерашниот ден МВР во соработка со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по наредба на судија …

Тошковски потврди дека е приведен поранешниот државен правобранител Фехми Стафа Read More »

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено


Денеска официјално започна процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар на Меѓународниот Аеродром Скопје, како и подготовка за инсталација на новиот современ Мод S радар. Оваа процедура нема да има никакво влијание за одвивањето на авиосообраќајот, информираат од М-НАВ. -По одржаниот Kick-off состанок со тимот на Леонардо и домашните компании ангажирани како подизведувачи, кој …

Започна демонтажа на стариот радар на Аеродромот Скопје, авионскиот сообраќај се одвива непречено Read More »

Паднатиот авион во Мавровско езеро бил авијациски „олдтајмер“


Авионот кој завчера принудно слета во водите на Мавровското Езеро е идентификуван како Piper PA-28-160 Cherokee, мал спортски авион произведен пред повеќе од шест децении. Според официјалните документи од Федералната управа за авијација на САД (FAA), леталото е регистрирано под американски ознаки и го носи регистарскиот број N5005W, што значи дека формално припаѓа на американскиот …

Паднатиот авион во Мавровско езеро бил авијациски „олдтајмер“ Read More »

До крајот на неделата сончево, максималната температура над просекот


До крајот на неделата времето ќе биде сончево и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови на одредени места ќе има појава на магла, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината. 

Нормализиран сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум


Од 10:50 часот нормализиран е сообраќајот на патниот правец Р1301 Охрид – Св. Наум, на делницата меѓу селото Трпејца и Св. Наум, информираат од Ј.П. Македонијапат. Поради одрон, утрово од 06:30 часот сообраќајот на овој патен правец се одвиваше по една коловозна лента.

Поради дефект без вода дел од населба Драчево


Поради уличен водоводен дефект од Ф100мм на ул. „Партизански Пат“ – 2 населба Драчево (кај резерварот) со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од оваа и од улицата „Илија Ристовски“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје прекинот во снабдувањето со вода ќе биде од 09:30 часот до завршување на санацијата на дефектот. 

Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента


Поради одрон, утрово од 06:30 часот сообраќајот на патниот правец Р1301 Охрид – Св. Наум, на делницата меѓу селото Трпејца и Св. Наум, се одвива по една коловозна лента, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Од АМСМ апелираат до учесниците во сообраќајот да управуваат внимателно со возилата сè до целосно расчистување на одронот и нормализирање на …

Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента Read More »