ДЗР одбележува 26 години работа како независна ревизорска институција


Државниот завод за ревизија денеска одбележува 26 години како независна, одговорна и транспарентна врховна ревизорска институција во државата. На јубилејот ќе се презентираат постигнатите резултати, придонесот на ДЗР во унапредувањето на транспарентноста и отчетноста, како и предизвиците и приоритетите во наредниот период.

Сончево со појава на магла по одделни котлини, температурите ќе се движат од – 6 до 13 степени


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од – 6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени. Во Скопје, претпладне …

Сончево со појава на магла по одделни котлини, температурите ќе се движат од – 6 до 13 степени Read More »

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила


Од 18:00 часот сообраќајот на ГП Евзони (Богородица) е затворен за секаков тип на возила, информираат од АМСМ. На другите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е …

Граничниот премин Богородица затворен за секаков тип возила Read More »

МЖСПП и УНДП: Потребно е одржливо финансирање на заштита на биодиверзитетот


Министерството за животна средина и просторно планирање, во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), официјално ја почнаа иницијативата БИОФИН, со која ќе се направи детален дијагностички преглед на постојниот систем и ќе се изработи конкретен и одржлив план за финансирање на заштитата на биодиверзитетот во земјата. Како што информираат од УНДП, на …

МЖСПП и УНДП: Потребно е одржливо финансирање на заштита на биодиверзитетот Read More »

Директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле претпријатието за 7,6 милиони денари


Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Делчево поднесе кривична пријава против С.С., во својство на директор на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ – ПО Делчево, и против М.К., во својство на раководител на сектор во ЈКП „Брегалница“ – ПО Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ од …

Директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле претпријатието за 7,6 милиони денари Read More »

Танушев: И индустријата загадува во Струмица, но никој не сака да ја чепне


 Во последните години зголемен е бројот на респираторни заболувања кај сите возрасти во Струмица, истакна Мери Николова Гичева, директорка на Центарот за јавно здравје во Струмица, на денешната прва седница на Локалниот совет за превенција на која се дискутираше за проблемот со аеро загадувањето во Општината. Според неа, покрај климатските промени, во последните години во …

Танушев: И индустријата загадува во Струмица, но никој не сака да ја чепне Read More »

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на АРМ и музичари од оркестарот на Вооружените сили на Романија


Вечерва, 15 декември, во свечената сала на Македонската филхармонија во Скопје, во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата, ќе се одржи традиционалниот предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата, овојпат збогатен со настап на музичари од оркестарот на Вооружените сили на Романија. Под мотото „Заедно посилни во хармонија на звуците“, концертот ќе …

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на АРМ и музичари од оркестарот на Вооружените сили на Романија Read More »

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов


Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов од Неготино во случајот „Синџир“ и го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е одбиен предлогот за укинување на мерката притвор и определување мерка гаранција. Како што информираат од Апелациониот суд, Кривичниот совет со решение КСЖ-1214/25 од 02.12.2025 година едногласно одлучил да …

Апелациониот суд Скопје ја одби жалбата на осомничениот Љупчо Пецов Read More »

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години


 Апелациониот суд Скопје ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години. Јованов беше првостепено осуден на 12 години затвор за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. Тој во јануари годинава, управувајќи возило со брзина од 91 км/ч, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, поминувајќи на црвено светло …

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години Read More »

Јавна дебата во Аеродром за приоритетите при доделување поддршка на граѓански организации


Општина Аеродром ги поканува граѓанските организации на јавна дебата за утврдување заеднички приоритети за создавање подобри и поинклузивни политики за сите жители на нејзината територија! Дебатата ќе се одржи на 22 декември 2025 (понеделник) во 11 часот, во салата на Советот на Општина Аеродром и претставува еден вид подготовка за новиот повик што ќе биде …

Јавна дебата во Аеродром за приоритетите при доделување поддршка на граѓански организации Read More »

Транспарентни институции и силни економии се основа на успешна демократија, вели Агелер


 САД и Северна Македонија се обединети во многу нешта, вклучително и нашето споределено уверување дека транспарентноста на институциите и силни економии се основа на успешна демократија, траен просперитет и безбедни заедници. Сакам да ја поздравам соработката меѓу САД и Северна Македонија во зајакнување на инстуциите, промовирање на економската соработка, и испорачување резултати за граѓаните, порача …

Транспарентни институции и силни економии се основа на успешна демократија, вели Агелер Read More »

Со Зоран Кондратенко и Јаков Дренковски, новиот кум и здравичар, продолжува бадникарската традиција


Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“ денеска ги претстави кумот и здравичарот за 2026 година. Годинава, водечките бадникарски функции ги прифатија и претприемачот и експерт во областа на енергетиката Зоран Кондратенко како кум и  урбаниот трубадур Јаков Дренковски како здравичар. Кумот и здравичарот се заблагодарија за честта што им беше укажана, истакнувајќи …

Со Зоран Кондратенко и Јаков Дренковски, новиот кум и здравичар, продолжува бадникарската традиција Read More »

Битола: Место киното „Партизан“ нов културен центар


  БИТОЛА – Нов културен центар ќе добие Битола следната година со реконструкција на објектот на поранешното кино „Партизан“ во централното градско јадро. Објектот изграден во времето на СФРЈ долги години работеше како едно од поголемите кина во Битола со над 600 седишта со партер и балкон. Во 1990-те години со затворањето на кино салите …

Битола: Место киното „Партизан“ нов културен центар Read More »

(Видео) Попладнево светнува елката и се отвора новогодишниот базар на плоштадот „Македонија“ во Скопје


Вечерва, почнува новогодишната програма која Град Скопје, ја организира за скопјани и сите оние кои ќе се затекнат во главниот град околу празниците.  Со симболично палење на светилките на елката наместена на централниот плоштад „Македонија“, официјално ќе се отвори и новогодишниот базар, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.  Посебна атмосфера, богата програма со забава, музика, …

(Видео) Попладнево светнува елката и се отвора новогодишниот базар на плоштадот „Македонија“ во Скопје Read More »

Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините


До крајот на седмицата во земјава ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, утре минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до -1 степен Целзиусов, додека максималните ќе достигнат од 7 …

Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините Read More »

Општина Делчево со апел до граѓаните за пријавување загадувачи на воздухот


Општина Делчево ги информира граѓаните, правните и физичките лица дека со цел да се спречи загадување на амбиенталниот воздух и за почиста животна средина, а согласно со законски одредби, се забранува на индивидуалните или на деловните објекти како огревен материјал за затоплување да користат гуми, стиропор, пластика, текстил, отпадни масла и секаков друг вид отпад …

Општина Делчево со апел до граѓаните за пријавување загадувачи на воздухот Read More »

Во Скопје сити мол се отвара Новогодишен базар- ќе трае 16 дена


Новогодишниот базар во Скопје Сити Мол повторно го носи празничниот дух, претворајќи го приземјето од трговскиот центар во атрактивно, колоритно и креативно место, исполнето со локална уметност, автентични производи и уникатни празнични подароци. Од 16 до 31 декември посетителите ќе имаат можност да прошетаат низ најголемиот празничен базар, каде 50 современи занаетчии од целата држава ќе изложат рачно создадени изработки. На базарот ќе може да се најдат најразновидни новогодишни …

Во Скопје сити мол се отвара Новогодишен базар- ќе трае 16 дена Read More »

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники


Од 12 до 16 часот по локално време, како и попладнево од 18 часот граничниот премин Евзони кон нашата земја повторно ќе биде блокиран од грчките земјоделци во рамките на нивните активности, а блокада ќе има и на граничниот премин Ники во периодот од 19 до 23 часот, но само за товарни возила, според грчката …

Повторно блокади на граничните премини Евзони и Ники Read More »

„Пајакот“ крена 104 непрописно паркирани возила во Центар


Санкционирани биле 104 непрописно паркирани возила во општина Центар за една недела. – Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје во периодот од 8 до 14 декември, со помош на специјалните возила „пајак“ отстранија 104 непрописно паркирани возила што го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопштија утрово …

„Пајакот“ крена 104 непрописно паркирани возила во Центар Read More »

Одборот за традиционална прослава на Бадник ќе ги претстави кумот и здравичарот


Здружението на граѓани Одбор за традиционална прослава на Бадник денеска ќе ги претстави кумот и здравичарот за Бадник 2026. На настанот што ќе се одржи во салата за состаноци на Советот на Општина Центар, поканети се и кумови и здравичари од изминатите манифестации, како и долгогодишни спонзори и симпатизери на традиционалното скопско Бадникување.