Концерт на Националниот џез оркестар со студентите од ФМУ – Скопје и Џез академијата – Штип


Во Филхармонија вечерва со почеток во 20 часот ќе се одржи концерт на Националниот џез оркестар со студентите од ФМУ – Скопје и Џез академијата – Штип. Како што најавуваат од Националниот џез оркестар, концертот ќе биде посветен на креативноста, енергијата и талентот на новата генерација џез музичари. На истата сцена, во единствена музичка средба, […]

Американска доминација на Скопски џез фестивал 2025, ова е програмата


Скопскиот џез фестивал ужива култна репутација во Европа и светот, обезбедена со грижливо конципирана богата програма, втемелена на ексклузивноста, актуелноста и современиот џез. Годинашната програма засигурно ќе ја потврди високата интернационална репутација на фестивалот. Во неа доминираат американски музичари. Така, во една вечер се две многу посакувани имиња на џезот, легендарниот гитарист Марк Рибо и […]

Бугарската публика ја виде уметноста на Масин која руши стереотипи


Со пригодна свеченост и во присуство на бројни гости, љубители на уметноста и претставници на културниот и дипломатски живот, во Македонскиот културно-информативен центар во Софија беше отворена изложбата на еден од најзначајните македонски современи уметници – Мирослав Миро Масин. Настанот се одржа по повод 20-годишнината од постоењето на Центарот, кој веќе две децении успешно ја […]

Концерт во НОБ по повод 100 години од раѓањето на Микис Теодоракис


По повод 100 години од раѓањето на грчкиот композитор Микис Теодоракис, на 8 октомври во Националната Опера и Балет во Скопје, во 20 часот, ќе се одржи свечен концерт во организација на Баги Комуникации, а во соработка со Амбасадата на Грција во Северна Македонија. Микис Теодоракис (1925–2021) е еден од најголемите композитори на 20 век. […]

„Франкенштајн“ на Театарот за деца и младинци гостува на фестивалот МЕСС во Сараево


Претставата „Франкенштајн“ во режија на Кокан Младеновиќ ќе биде изведена на 8 октомври (среда) со почеток во 18 часот во Позориште младих Сарајево, во рамките на детската програма Мали МЕСС на Интернационалниот театарски фестивал МЕСС. Годинашниот Мали МЕСС носи програма специјално креирана за тинејџерската публика, а влезниците за оваа програма се бесплатни. Продукцијата на Театарот за деца и младинци – […]

Македонска филхармонија со солистката Анна Кондратенко ќе гостува во Битола


  По концертот во Гевгелија, оркестарот на Македонската филхармонија со „Бајка“ утревечер (вторник) во 20 часот ќе гостува и во Центарот за култура во Битола. Како солистка на овој концерт ќе настапи виолинистката Анна Кондратенко, концертмајстор во Филхармонијата. На концертот во Гевгелија, Кондратенко воедно ќе го води оркестарот во изведбата на композициите „Come in!” („Чукни и влези”) од Владимир Мартинов и „Писма […]

Разговор со Румена Бужаровска во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“


Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје вечер ќе се одржи разговор со писателката Румена Бужаровска, чиј роман „Тони“ е книга на месецот и дел од четвртиот циклус на кампањата на Библиотеката – „Читаме современи македонски автори“. -Напишан на жив, остар и современ јазик, во препознатливиот горчлив и истовремено духовит стил на Бужаровска, „Тони“ е […]

Концерт на гудачкиот квартет „Атака“ на 48. Денови на македонска музика


Во рамки на 48-то издание на фестивалот „Денови на македонска музика“, вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба концерт ќе одржи Гудачкиот квартет „Атака“. Како што соопшти Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), на програмата се дела од Лука Јанкулоски, Бојана Петровиќ Алексова, Ана Пандевска и Стефан Гајдов. Гудачки квартет „Атака“ е формиран […]

Солистички концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу


Во Салон 19,19 во Културно-информативниот центар-Скопје вечер солистички концерт ќе има пијанистот Арда Мустафоглу. Како што соопшти КИЦ, тој ќе настапи со концертна програма што спојува различни музички епохи. -Публиката ќе има можност да слушне неколку сонати од композиторот Доменико Скарлати, како и една од најимпозантните творби на Лудвиг ван Бетовен – Сонатата „Апасионата“, информира […]

„Диџеј Ахмет“ е живот, отпор, љубов


Филмот на Георги М. Унковски, „Диџеј Ахмет“ кој на светската премиера во јануари на престижниот фестивал на независен филм „Санденс“ во Јута, САД, освои две награди, учествуваше на повеќе од 30 фестивали, и го затвори годинешното издание на фестивалот “Браќа Манаки“ , сега ги полни салите на „Синеплекс“ во Скопје и во Битола со убава […]

Една година без Михаил Ренџов: Трубадурот на македонската поезија


ЧУ-ДЕС-НА-ТА Да речам што? Речи го најтажното. *** Што ќе ти е песната небесната? Да ме погали и утеши Сама, од себе да ме спаси. Ете зошто ми е песната Чу-дес-на-та.   Пред една година (2024) на шести октомври стивна поетската реч на великиот наш трубадур Михаил Ренџов. Сега осамениот одек на клепалото на Св. […]

„Сенки / Светло / Сцена“ – прва самостојна изложба на Марко Угарковиќ


Во фоајето на Националната опера и балет вечер од 19 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на Марко Угарковиќ, насловена „Сенки / Светло / Сцена“. -Изложбата претставува авторско истражување на односот меѓу светлината и темнината, сцената и зад кулисите, видливото и скриеното. Делата носат силна емотивна порака и го покануваат гледачот да стане дел […]

„Реквием“ на Моцарт го маѓепса Скопје: Овации за стартот на новата сезона на Националната опера и балет


Дотераната публика од сите сфери на живеење, синоќа, на отварањето на новата сезона на Националната опера и балет во Скопје, по седум години, пак ја почувствува магијата на недовршеното хорско ремек-дело, обвиткано со мистерија и легенди на Моцарт. Делото кое е музичка исповед, исполнета со драматични контрасти – од тивките молитвени моменти до експлозивните хорски […]

Билјана Црвенковска и Румена Бужаровска во книжевниот избор „Штефица Цвек“ за 2025 година


Две книги од Македонија „Приказни од Sунливото Море“, роман за деца и млади на Билјана С. Црвенковска (издание на „Чудна шума“) и „Тони“, роман на Румена Бужаровска (издание на „ТРИ“) влегоа во седумте дела во регионалниот книжевен избор „Штефица Цвек“ за 2025 година што вчера беше објавен во Подгорица.  „Штефица Цвек“ е некомпетитивен избор кој […]

Битолскиот театар гостува на фестивал во Полска


 Ансамблот на НУ Народен театар-Битола гостува во Полска каде вечер во градот Бјалисток ќе ја изведе претставата „На отворено море“ од Славомир Мрожек во режија на Благој Мицевски. Во претставата настапуваат актерите Марјан Георгиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски. Текстот на Мрожек „На отворено море“ датира од 1961 година, но претставата […]

Естонскиот камерен хор „Калев“ со бесплатен концерт во Соборниот храм


Во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ вечер во 18:30 часот беспатен концерт ќе одржи Естонскиот камерен хор „Калев“. Основан во 1998 година, овој хор, составен од триесетмина вокалисти, низ годините учествувал на бројни меѓународни фестивали за хорска музика, освојувајќи повеќе награди и признанија. Хорот е познат по својот богат и разновиден репертоар, со посебен акцент […]

Промоција на „Градина полна латици“ од Иван Антоновски


Во „Цреша бар“ во Скопје денеска напладне ќе бид епромовирана книгата-сликовница „Градина полна латици“ од Иван Антоновски со илустрации на Иванка НиБа, во издание на „Светулка“. Промоторка ќе биде Билјана С. Црвенковска. Настанот ќе биде наменет и за оние чии очи првпат го запознаваат светот, и за оние кои светот го гледаат со очила, зашто […]

МНТ со тројна победа на „Бекстејџ“: „12“ е претстава на годината, Микиќ е актер на годината, а Џамбазов има изјава на годината


Македонскиот народен театар доби три признанија на синоќешното одбележување на 18-от роденден на телевизискиот магазин за шоубизнис „Бекстејџ“. Претставата „12“ е прогласена за најдобра театарска претстава – продукција за која интересот сè уште не стивнува, со врвен режисерски потпис на Синиша Евтимов и маестрална актерска екипа. Претстава, која се вбројува помеѓу најзначајните културни настани во […]

Мултимедијален спектакл и диџеј сет „Скопје-Берлин-Париз“ на Бела ноќ во Сули ан


Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, заедно со Институтот Гете, Амбасадата на Сојузна Република Германија, Универзална Сала и град Скопје имаат чест да ве поканат на затворањето на француско-германскиот проект „Старата скопска чаршија: визии за иднината”, кое ќе се одржи во сабота, 4 октомври 2025 година, од 20:00 часот, во Сули Ан, Стара чаршија, Скопје. […]

Филхармонија ја отвори новата сезона со незаборавна звучна авантура со Канон Валенсија


Ниту дождот, ниту сообраќајниот хаос во Скопје, синоќа, не ја спречи синоќа публиката во Филхармонија да ужива во новата концертна сезона со концертот „Класика РеСтарт“, под диригентската палка на маестро Јерухам Шаровски и со врвниот колумбиски виолончелист Сантјаго Канон Валенсија како солист.     Филхармонија и овој пат ни приреди незаборавна звучна авантура со делата […]