„Македонска поетика и стилистика“: Колективната монографија промовирана во Мадрид


Во рамките на Меѓународната научна конференција посветена на Иво Андриќ, инаку 17. Симпозиум како дел од научно-истражувачкиот проект „Андриќ-Иницијативи: Иво Андриќ во европски контекст (https://www.gralis2.at/gralis/) под раководство на емеритус проф. д-р Бранко Тошовиќ, што се одржа во Мадрид  од 2 до 5 октомври беше промовирана колективната монографија „Македонска поетика и стилистика“. На Конференцијата учестуваа повеќе […]

Ласло Краснахоркаи е добитник на Нобеловата награда за литература за 2025 година


Ласло Краснахоркаи, добитник на Нобелова награда за литература за 2025 година, е голем епски писател во централноевропската традиција што се протега од Кафка до Томас Бернхард, и се карактеризира со апсурдизам и гротескна ексцесност. Ласло Краснахоркаи е роден во 1954 година во Ѓула, Унгарија, за време на советската ера. Својот прв роман „Сатантанго“ го објавил […]

(Во живо) Кој ќе ја добие Нобеловата награда за литература?


Нобеловата награда за литература ќе биде објавена денеска, а победникот ќе се придружи на славната листа на лауреати, меѓу кои се Ернест Хемингвеј, Тони Морисон и Казуо Ишигуро. Нобеловата награда за литература се доделува од страна на Нобеловиот комитет на Шведската академија 117 пати на вкупно 121 победник. Минатогодишната награда ја освои јужнокорејската авторка Хан […]

Прилеп домаќин на 15. Поетски слем Македонија


Со промоции, изложби и поетско-музички перформанси, од 9 до 12 октомври во Прилеп ќе се одржи 15. издание на националната манифестација „Поетски слем Македонија“, во организација на Театарска работилница – Прилеп. Фестивалот ќе започне вечерва во 20 часот во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ со настанот „Поетски двобој: Есенин vs Мајаковски“, а истиот ден ќе […]

Денови на словенечки филм во Кинотека


Во Кинотека на Македонија од 9 до 11 октомври ќе се одржат Деновите на словенечки филм, на кои македонската публика ќе има можност да погледне три понови филмски остварувања од Словенија. Фестивалот ќе биде отворен денеска со долгометражниот филм „Спасение за почетници“ (2024) на режисерката Соња Просенц, кој на хумористичен и трагикомичен начин ги истражува […]

Дувачкиот квартет „Консонанс“ со концерт во Музејот на македонската борба


Во рамки на 48. издание на Деновите на македонска музика, вечерва со почеток во 20 часот, во Музејот на македонската борба ќе се одржи концерт на дувачкиот квартет „Консонанс“. Ансамблот, формиран во 2007 година од инструменталисти на НУ Филхармонија, ќе настапи во состав: Елена Дојчинова (флејта), Маја Кастратовиќ (англиски рог), Здравко Ангелов (кларинет) и Сашко […]

Во македонскиот КИЦ во Софија промоција на книгите есеи „Од личен агол“ и „Книга 2020“ на проф. д-р Елизабета Шелева


Промоцијата на книгите есеи „Од личен агол“ и „Книга 2020“ на проф. д-р Елизабета Шелева ќе се одржи денеска со почеток од 18:30 часот, во Македонски културно-информативен центар во Софија. Промотор на литературните дела од проф. Шелева ќе биде проф. д-р Кристина Николовска (литературен критичар и теоретичар), а модератор на литературната вечер – Михајло Свидерски […]

СКРМ ја доби тужбата за скратените плати во култура, од министерството велат дека немаат официјална информација


Претставници на Синдикатот на културата и денеска излегоа пред Министерството за култура во која истакнаа дека со добивањето на првата пресуда се потврдува дека правата на културните работници биле прекршени со незаконските решенија за намалување на платите. Оттаму прашуваат кој ќе ја понесе одговорноста за штетата која треба да ја платат културните институции. -Ќе одговара […]

Белопета: Четири дена врвен современ џез, ја продолжуваме традицијата и високиот углед


Еден од најдобрите полски пијанисти, Анджеј Јагоѓински во четврток, на 16 октомври, во Националната опера и балет ќе го отвори годинашниот 44. Скопски џез фестивал (СЏФ). Јагоѓински првпат доаѓа во Скопје и во оваа прилика ќе настапи во формација трио, а ќе ги свири Бах и Шопен. Како што најави денеска програмскиот дитректор на СЏФ, […]

Денови на словенечки филм во Кинотека, од утре до сабота


Од утре до сабота македонската публика ќе има можност да ги погледне три словенечки филмови во рамките на Деновите на словенечки филм во Кинотека. Фестивалот ќе биде отворен на 9 октомври, со долгометражниот филм „Спасение за почетници“ (2024), во режија и сценарио на Соња Просенц. Филмот на хумористичен и трагикомичен начин ги истражува современите општествени прашања. Во петок […]

Промоција на книги есеи на Елизабета Шелева во Македонскиот КИЦ во Софија


На 9 октомври (четврток), од 18:30 часот, во Македонскиот КИЦ во Софија ќе се одржи промоцијата на книгите есеи „Од личен агол“ и „Книга 2020“ на проф. д-р Елизабета Шелева. Промотор на литературните дела од проф. Шелева ќе биде проф. д-р Кристина Николовска (литературен критичар и теоретичар), а модератор на литературната вечер – Михајло Свидерски (писател, преведувач […]

Јордан Плевнеш се обрати на симпозиумот „ Европскиот дух и зошто сме сите ние Европејци“ во Париз


Во Францускиот Сенат, во Луксембуршката градина во Париз, на 4 и 5 октомври се одржа симпозиум на тема „ Европскиот дух и зошто сме сите ние Европејци“, со учество на триесеттина академици од сите европски земји. Симпозиумот го отвори Жан-Патрик Конрад, Претседател на Европската академија на науките,книжевностите и уметностите од Империјал колеџ Лондон, а поздравни […]

Отворање на изложбата „Простори на конјункција“ во македонскиот КИЦ во Истанбул


Во галеријата на македонскиот Културно-информативен центар во Истанбул, денеска, ќе биде отворена изложбата „Простори на конјункција“, во организација на КИЦ – Истанбул и Националната галерија на Македонија. Изложбата претставува нова страница во соработката меѓу двете институции и можност истанбулската публика да се запознае со современата македонска уметност. – Преку графика, цртеж, фотографија, видео, објект и […]

Концерт на пијанистката Дуња Иванова со наслов „Кругови“


Во Културно-информативниот центар (КИЦ) вечерва пијанистката Дуња Иванова ќе одржи концерт насловен „Кругови“. Како што се наведува во соопштението, концертот обединува музика на тројца автори кои со својот уникатен музички израз чинат неверојатна приказна. Централен дел од програмата на концертот ќе бидат четирите пиеси со истоимен наслов од композиторот и пијанист Дино Имери, но, како […]

Синдикатот на културата ќе информира за поднесените тужби на вработените


Синдикатот на културата на Република Македонија (СКРМ) денеска пред Министерството за култура ќе информира во врска со тужбите поднесени од страна на вработените во културата за нивната пресметка на платите. Како што информираат од СКРМ, тие ја добиле првата судска пресуда по поднесените тужби со која судот потврдил дека правата на културните работници биле повредени […]

„Риголето“ од Верди се враќа на сцената на НОБ на 10 октомври


На 10 октомври, сцената на Македонската опера и балет повторно ќе оживее со моќната музика на Џузепе Верди. Под диригентската палка на Џанлука Мартиненги (Италија) и во режија на Пјер Франческо Маестрини (Италија), „Риголето“ ветува спектакуларна вечер исполнета со драма, страст и уметничка совршеност. На сцената ќе блеснат Леон Ким (Јужна Кореја) како Риголето, Биљана Јосифов како Џилда и Чуан Ванг (Кина) како Војводата […]

„Една песна, една Европа“: Музичари од ЕУ и Западен Балкан се обединија за нова „Ода на радоста“


Музичари од земји-членки на ЕУ и од Западен Балкан се собраа и се обединија во Филхармонијата во Скопје за да создадат нова интерпретација на „Ода на радоста“ – збогатена со уникатни звуци од својата земја. За само неколку часа тие свиреа сплотено, покажувајќи колку малку време е потребно луѓето да се здружат и да создаваат […]

Прва награда за Женскиот младински хор на маестро Сашо Татарчевски во Херцег Нови


Под водство на маестро Сашо Татарчевски, по вторпат годинава, Женскиот младински хор (ЖМХ) се враќа со највисоки награди од меѓународни хорски натпревари. Како што информираат од МКЦ по освоената Гран При награда во Бугарија во јуни, ЖМХ се закити со прва награда и на интернационалниот хорски натпревар во Херцег Нови, Црна Гора. На фестивалот настапувале […]

„Бајка“ – коцерт со Анна Кондратенко во Битола


Ана Кондратенко е една од најпознатите виолинистки и концерт-мајстори на Македонската филхармонија вечер во Битола ќе одржи концерт со наслов „Бајка“ на кој ќе настапи заедно со битолскиот Камерниот оркестар составен од членови на Македонската филхармонија. Од  НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на концерот информираа дека на програмата ќе бидат застапени делот „Чукни […]

Ретроспективна изложба на македонскиот фотограф Александар Кондев


Во Културно-информативниот центар – Скопје од денеска до 14 октомври 2025 година ќе биде отворена ретроспективната изложба на познатиот македонски фотограф Александар Кондев. Кондев е роден во Скопје 1950 година. Основно и средно образование го стекнува во Скопје и студира на Економскиот факултет. Интересот за фотографијата и фото техниката се појавува уште во раните школски […]