Светската наука веќе двесте години покажува најголем интерес кон фреските и иконите од Македонија
Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов” при МАНУ денеска одбележа 10 години постоење. Формиран е со одлука на Собранието на Академијата во 2014, на иницијатива на академик Грозданов (1936-2018). Раководителката на Центарот, Вера Битракова-Грозданова, во пригодното обраќање ги соопшти целите и активностите на Центарот, проектите и истражувањата што ги реализира во изминатата деценија, издавачката …