Летната сцена „Славиша Кајевски – Млади за млади“ годинава со хуманитарна цел


Програмата за овогодинешното издание на летната сцена „Славиша Кајевски – Млади за млади“ беше официјално претставена денес во МНТ, каде што беше истакната клучната порака: културата како двигател на солидарноста. Фестивалот оваа година ќе се одржи во два викенда – на 12, 13, 14 и 19, 20, 21 јуни, секоја вечер од 20:30 часот, а …

Летната сцена „Славиша Кајевски – Млади за млади“ годинава со хуманитарна цел Read More »

Културната елита на ретроспективата на Анета Светиева – жив дијалог со нејзините комплексни скулптури


Даут пашин амам, синоќа, беше претесен да ги прими гостите од сите сфери на живеење, во знакот на културна прослава, на ретроспективната изложба на познатата уметница Анета Светиева.   На изложбата беа претставени бројни дела од сите фази на нејзината уметничка кариера, што ги опфаќаат нејзините најважни и најиновативни проекти. Гостите имаа можност да го …

Културната елита на ретроспективата на Анета Светиева – жив дијалог со нејзините комплексни скулптури Read More »

Седмиот конкурс за наградата „Пегаз“ ќе трае до 1 јуни 2025 година


Седмиот конкурс за наградата „Пегаз“, организирана од издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ е отворен и трае до 1 јуни 2025 година. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 2 септември 2025 година. За наградата „Пегаз“ можат да конкурираат необјавени романи (ракописи) за возрасни, …

Седмиот конкурс за наградата „Пегаз“ ќе трае до 1 јуни 2025 година Read More »

Денес започнува 15. издание на Филозофскиот филмски фестивал


Фестивалот што ја спојува филмската слика со критичката мисла, полемиката со поезијата, фестивалот што го спојува зачудувањето со очудувањето, го слави својот 15. роденден. Од 22 до 28 мај во удобната кино-сала на Кинотеката на Македонија ќе можете да видите програма што зборува, што предизвикува и што трае во мислите и умот и по проекцијата: …

Денес започнува 15. издание на Филозофскиот филмски фестивал Read More »

Композиторот Филип Иванов е нов претседател на СОКОМ


На седницата на Собранието на Сојузот на композиторите на Македонија – СОКОМ, одржана на 21 мај 2025 година во просториите на здружението, беше избрано новото раководство. За нов претседател на СОКОМ е избран композиторот Филип Иванов, кој доби мнозинска поддршка од членството и на таа позиција ќе ја наследи доскорешната претседателка, композиторката Валентина Велковска Трајановска. …

Композиторот Филип Иванов е нов претседател на СОКОМ Read More »

Индиската писателка Бану Муштак ја доби Букеровата награда за 2025


Лондон- Индиската авторка Бану Муштак и преведувачката Дипа Басти ја освоија Меѓународната награда Букер за проза, за збирка од дванаесет приказни насловена „Heart Lamp”, пишувана повеќе од 30 години како хроника за секојдневниот живот на жените во јужна Индија. Веста ја објави писателот Макс Портер во улога на претседател на петчленото жири во уметничката галерија …

Индиската писателка Бану Муштак ја доби Букеровата награда за 2025 Read More »

„Сентиментална вредност“ на Јоаким Триер го воодушеви Кан, доби извонредни 19-минутни овации


Јоаким Триер се врати на Канскиот филмски фестивал во среда вечерта за светската премиера на својот нов филм „Сентиментална вредност“, кој доби извонредни 19-минутни овации по прикажувањето во Гранд театарот Лимиер. Повторно со Рената Рејнсве, која глумеше во филмот на Триер во Кан во 2021 година „Најлошиот човек на светот“ (и ѝ ја донесе наградата …

„Сентиментална вредност“ на Јоаким Триер го воодушеви Кан, доби извонредни 19-минутни овации Read More »

Сотирис Минас во Скопје: Македонската поезија заслужува да се слушне зашто ја носи душата на еден народ


„Љубовта кон македонскиот јазик се роди од потребата да се поврзам суштински со луѓе кои беа потиснувани само затоа што го зборуваа својот јазик“, изјави Сотирис Минас, кој дојде од Атина специјално за настанот „Македонско-грчки поетски координати“ во рамките на второто издание на Деновите на поезијата кои, во организација на фондацијата Ацо Шопов – завршија …

Сотирис Минас во Скопје: Македонската поезија заслужува да се слушне зашто ја носи душата на еден народ Read More »

Промоција на „Danse Macabre“, книга раскази на Тина Иванова


Новата книга на Тина Иванова – „Danse Macabre“ вечер ќе биде промовирана во „Котур Кафе“. Станува збор за збирка од осум раскази кои, иако различни, ги поврзува иста тематика – како што сугерира и самиот наслов, алегоричен и гротескен приказ на смртта и животот. Книгата „Danse Macabre“ неодамна излезе од печат во издание на „Темплум“, …

Промоција на „Danse Macabre“, книга раскази на Тина Иванова Read More »

Книжевна средба „Ти си поезија“ со Патрис Павис


Книжевната средба „Ти си поезија“ со францускиот професор и театролог Патрис Павис вечер ќе се одржи во Францускиот институт во Скопје. На средбата, како што е најавено, ќе има и литературни читања на извадоци од делата на Павис од страна на студентите од Факултетот за драмски уметности и Филолошкиот факултет во Скопје „Блаже Конески“. Оваа …

Книжевна средба „Ти си поезија“ со Патрис Павис Read More »

Сликарски перформанс на Сергеј Андреевски во Романија


 Во Националниот музеј Секели, во градот Сфанту Георге во Романија попладнево ќе се одржи сликарски перформанс на македонскиот сликар Сергеј Андреевски. Целта е публиката да се доближи не само до светот на уметникот, туку и до неговата татковина, а настанот е дел од низа активности со коишто Националниот музеј Секели годинава одбележува 150 години од …

Сликарски перформанс на Сергеј Андреевски во Романија Read More »

Документарен филм „Аз, Буки, Веди – развој на македонскиот јазик“


 Документарен филм „Аз, Буки, Веди – развој на македонскиот јазик“ ќе биде промовиран денеска во Инситутот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“, по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот јазик. – Првпат, една млада генерација средношколци со својата нова визија ги следи клучните моменти, личности и предизвици кои го обликуваа јазикот што денес го зборуваме …

Документарен филм „Аз, Буки, Веди – развој на македонскиот јазик“ Read More »

Изложба „Урбани трансформации“ на Благојче Наумоски – Бане


Изложбата „Урбани трансформации“ на Благојче Наумоски – Бане вечер ќе биде отворена во Културно- информативниот центар во Скопје. Како што информира КИЦ – Скопје, најновиот творечки циклус на ликовниот уметник Благојче Наумоски – Бане со наслов „Урбани трансформации“ е продолжување на неговото трагање по визуелните сензации во урбаните простори, кои го опседнуваат авторот со своите …

Изложба „Урбани трансформации“ на Благојче Наумоски – Бане Read More »

Како држава недоволно се грижиме за наследството на големите уметници: Интервју со Кирил Пенушлиски, историчар на уметност


Кирил Пенушлиски, историчар на уметноста, кој своето образование го стекнал во Париз, Италија и во Велика Британија, професор на Универзитетот за аудио-визуелни уметнoсти „Еуропа Прима“ во Скопје и визитинг професор на универзитетот за уметност „Едуконс“ во Србија, го поврза македонскиот фолклор и врвната македонска ликовна уметност, на уникатна изложба во Чифте амам, која собра љубопитен …

Како држава недоволно се грижиме за наследството на големите уметници: Интервју со Кирил Пенушлиски, историчар на уметност Read More »

Кривична за Милчо Манчевски  – обвинителството ја почна постапката


Финансиската полиција до јавното обвинителство поднесе кривична пријава за режисерот Милчо Манчевски и неговата фирма „Банана филм“, а за неговото и финансиското работење на неговата фирма за потрошени 950.000 евра државни пари за кои Манчевски не доставил извештај во Агенцијата за филм. Од ОЈО за  порталот НОВА ТВ, кој ја лиферуваше веста, велат дека „пријавата …

Кривична за Милчо Манчевски  – обвинителството ја почна постапката Read More »

„12“ на МНТ ќе го отвори, „Вистината“ на Театар Комедија ќе го затвори 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп


Претставата „12“ во режија на Синиша Евтимов, во продукција на МНТ од Скопје, ќе го отвори 59. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Отворањето ќе биде во 20 часот на сцената на Центарот за култура „Марко Цепенков“. „12“ е дел од официјалната селекција на фестивалот. Во претставата играат: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, …

„12“ на МНТ ќе го отвори, „Вистината“ на Театар Комедија ќе го затвори 59. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп Read More »

Осумминутни овации во Кан за францускиот трилер со Џоди Фостер


Кан – Џоди Фостер, со широка насмевка, ја прегрна режисерката Ребека Злотовски на Канскиот филмски фестивал во вторник вечерта додека „Vie Privée“ доби импресивни осумминутни овации. Публиката бурно аплаудираше за Фостер дури и додека актерката постојано покажуваше кон Злотовски, како да ја потсетува публиката дека ова е моментот на режисерот да ужива во аплаузот. „Vie …

Осумминутни овации во Кан за францускиот трилер со Џоди Фостер Read More »

Режисерката Скарлет Јохансон со петминутни овации во Кан за „Елеонора Велика“


Кан- Скарлет Јохансон направи голем впечаток во Кан со нејзиното режисерско деби „ Eleanor the Great“. Во конкуренција за Un Certain Regard , филмот – во кој глумат Џун Сквиб, Чиветел Еџиофор и Ерин Келиман – им донесе петминутни овации на Јохансон и нејзината екипа во вторникот. Јохансон беше придружувана од нејзиниот семоќен агент и …

Режисерката Скарлет Јохансон со петминутни овации во Кан за „Елеонора Велика“ Read More »

Љутков: Ние не го чуваме само делото на светите браќа – ние го живееме нивното наследство


Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Порта Македонија се обрати на состанокот на Генералната асамблеја на Европската рута на Светите Кирил и Методиј. Во своето обраќање министерот истакна дека Македонија не само географски, туку и духовно и културолошки е длабоко вградена во мисијата на светите браќа и нивните ученици. „Реализацијата на Генералната …

Љутков: Ние не го чуваме само делото на светите браќа – ние го живееме нивното наследство Read More »

„Во дослух со Шопов“: Средба со поети, членови на ПЕН центарот и добитници на наградата „Ацо Шопов“ во Сити мол


Владимир Мартиновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, на отварањето на Деновите на поезијата, со фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ во Скопје Сити мол, ја најави средбата со современите македонски поети, членови на ПЕН центарот и добитници на наградата „Ацо Шопов“, која ќе се одржи, вечерва, среда 21 мај, од 19 до 20 часот, под наслов …

„Во дослух со Шопов“: Средба со поети, членови на ПЕН центарот и добитници на наградата „Ацо Шопов“ во Сити мол Read More »