Изложба „Beauty spot III“ на Иван Аџиевски
Во Мобилна/Монтажна галерија во Паркот на франкофонија вечер ќе биде отворена самостојната изложба на Иван Аџиевски „Beauty spot III“. Како што информира Центарот за современи уметности Скопје, „Beauty Spot III“ опфаќа 12 слики работени во комбинирана техника со микс на медиуми на кои е претставен женски лик и акт во експресионистички манир со делумна апстракција …