Недела на турски филм од 23 до 26 април во кино Милениум


Недела на турски филм ќе се одржува од 23 до 26 април, ќе бидат прикажани шест долгометражни и два документарни филма, а на проекциите ќе присуствуваат актери и режисери на филмови од програмата. Филмската недела ќе се одржува во Меѓународниот балкански универзитет во Скопје и во кино „Милениум“. Ќе почне во вторник со филмот „Балкајмак“ […]

Крсте Роџевски ќе настапи на ОФФ-Фест


Македонскиот композитор, гитарист и пејач со кадифен глас Крсте Роџевски, кој повеќе од дваесет години живее и работи во Њујорк, ќе одржи ексклузивен концерт во рамките на годинешниот ОФФ-Фест, на 3 јуни во МОБ. Во оваа прилика тој ќе настапи со некои од највозбудливите музичари од првата лига на њујоршката џез-авангарда: Мери Халворсон (гитара), Кирк […]

„Скомраси Апсурдистански“ – трет соло-проект на Горан Трајкоски


Дванаесет песни со оригинална музика на Горан Трајкоски, создадени за филмот „Ругање со Христос“ на Јани Бојаџи, содржи албумот „Скомраси Апсурдистански“, во издание на „Пасворд продукција“ и ќе биде промовиран в сабота. Тоа е трет соло-проект на Трајкоски, кој зад себе има и 12 изданија со други музичари и бендови. Трајкоски е композитор на театарска […]

Изложба во Скопје: Европската мода на црногорскиот двор


Вечерва, во 18 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност ќе биде отворена изложбата на свечена облека од фондот на Народниот музеј на Црна Гора „Европската мода на црногорскиот двор-рефлексии“. На отварањето ќе присуствуваат и министерот за култура Асаф Адеми и неговиот колега од Црна Гора Александар Богдановиќ. Двајцата министри денес во Скопје ќе […]

Скопски филмски фестивал од денеска до 25 април


Со премиерата на првиот долгометражен игран филм на режисерката Марија Џиџева – „Втора шанса“, денеска во кино „Милениум“ ќе биде отворен 22. Скопски филмски фестивал кој до 25 април ќе прикаже 50-ина филмови во неколку програми. Македонско-српската копродукција „Втора шанса“, кој работно беше насловен „Жртва“, испреплетува приказни за три жени кои се обидуваат да ја […]

Потпишување Програма за културна соработка меѓу Северна Македонија и Црна Гора


Министерот за култура Асаф Адеми денеска во просториите на Филхармонијата на Република Северна Македонија ќе оствари билатерална средба со министерот за култура на Црна Гора, Александар Богдановиќ. Двајцата министри по средбата ќе потпишат нова Програма за културна соработка меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура на Црна Гора за периодот […]

Промоција на монографија „Костадин Танчев-Динка – Од слика и графика до нови медиуми“


Промоција на монографско издание посветено на творештвото на Костадин Танчев – Динка ќе се одржи денеска во објектот Даут пашин амам на Националната галерија. Изданието насловено „Костадин Танчев-Динка – Од слика и графика до нови медиуми“ содржи повеќе текстови од истакнати автори за неговото творештво. Книгата која е издадена на македонски и на англиски јазик […]

Нотр Дам да нè освести за односот спрема нашето културно наследство


Пустошот што го остави големиот пожар во париската катедрала Нотр Дам предизвика загриженост кај целата светска јавност. Ова не нè одмина ниту нас, особено што заштитата на нашето културно наследство со години е на маргините. И катастрофите не ни се непознати, бидејќи имавме два големи пожари во манастирите Трескавец и Бигорски,  со години само на […]

Рецензија: „Дамбо“


Студијата „Дизни“ со десетлетија наназад беа критикувани од интелектуалците дека воделе сомнителна кадровска политика, со таа разлика што во нашава држава т.н. интелектуалци се замолкнати чеда на корупцијата, додека во САД тие се навистина она што се нарекуваат. Некој чијшто глас го слуша уморниот, преработен пуританец, а кои впрочем и по закон се должни да […]

Сценска промоција на новата книга од Марта Маркоска


Поетесата Марта Маркоска ќе одржи сценска промоција на нејзината најнова книга „Херојска/еротска книга“ (H/ero/t/ic book). „Дојдете во мојата соба, ќе Ве доведам до климакс само со зборови“, се вели во поканата за промоцијара која ќе се одржи во „Јавна соба“ на 17. април (среда) во 21.30 часот. Книгата е поддржана од програмата за култура на […]

Новото не е ново


Осврт на „Епилог-форма на расправа“ на Јане Чаловски и Христина Иваноска и „Ослободување на просторот-без рушење“ на кураторите Марија Мано Велевска и Слободан Велевски во МСУ Две изложби што се во трендот не понудија ништо ново ниту возбудливо во постојниот крајно анемичен творечки живот. И двата проекта базирани врз концепт и идеи на поединци ја […]

Премиера на „Браќа Карамазови“ во режија на Пројковски во Народниот театар во Софија


Претставата „Браќа Карамазови“ во режија на македонскиот автор Дејан Пројковски вечерва ќе биде премиерно изведена на големата сцена на Народниот театар „Иван Вазов“ во Софија. Пројковски го режира најголемиот проект за оваа сезона на сцената на водечкиот бугарски театар и еден од најважните европски театарски центри, а претставата е дел и од официјалната програма на […]

На 27 април во Дебар маало ќе се чествува животот на Горан Стефановски


Семејството на ненадејно починатиот драмски писател и професор Горан Стефановски информираше дека на 27 април ќе се одржи чествување на неговото лик и дело. „На 27 април на неговиот 67ми роденден, сабота, во Дебар маало (кај кругчето карши Наџак), прво ќе се сади дрво во малото паркче, а потоа ќе има кратки читања, проекции на […]

Наскоро премиера на „Макбет“ во МНТ


Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките на претставата „Макбет“ од Вилијам Шекспир во режија на Нела Витошевиќ. Претставата се поставува според препевот на Богомил Ѓузел со адаптација на текстот од страна на режисерката Витошевиќ. Сценографијата за претставата се подготвува според замислата на Костантин Трпеноски, костимите ги креира Роза Трајческа – Ристовска, а композитор […]

Разговор за филм и филозофија со режисерот Милчо Манчевски


Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет на УКИМ денеска попладне организира средба со режисерот Милчо Манчевски, на која студентите и сите заинтересирани за филм и филозофија ќе може да разговараат со познатиот филмски автор. Настанот е насловен  „Филозофијата и филмското дело на Милчо Манчевски“ и ќе почне во 16 часот со прикажување на последните остварувања на Манчевски – краткиот филм „Крајот […]

Почина Биби Андерсон, омилената актерка на Ингмар Бергман


Шведска– Шведската актерка Биби Андерсон, една од омилените актерки на Ингмар Бергман, почина на 83-годишна возраст, објави нејзината ќерка Џени Гред Далстарнд. Андерсон глумеше во многу филмови на шведскиот режисер, меѓу кои и „Седмиот печат” во 1957 година, „Диви јагоди” од истата година и „Персона” од 1966 година. Таа на петнаесетгодишна возраст почнала да соработува […]

Традиционален велигденски концерт на ансамблот „Танец“


Ансамблот за народни игри и песни „Танец”  вечер од 20 часот во Националната опера и балет  ќе го одржи традиционалниот велигденски концерт, годинава насловен „Велигденско будење”. Концертот содржи богата музичко-сценска програма во која ќе бидат изведени многу фрагменти од кореографии, вокални и оркестарски изведби од нивниот понов репертоар, од 2000 година до денес. Ќе учествуваат […]

Нови кореографии на Скопје танцов театар на „Танц фест“ 


Во рамки на 15. „Танц фест“ вечер од 20 часот во Македонскиот народен театар ќе бидат изведени три кратки кореографии – „Фенси сме“ на Рисима Рисимкин и две на младите кореографи  Дејан Битровски – „Луцидниот Јос“ и Адријана Данчевска – .„Скеч“. Битровски ја создава „Луцидниот Јос“ на музика на Дулелуд, видеото и фотографијата се на […]

Востановена регионална музичка награда „Милан Младеновиќ“


  Белград одлучи: Милан Младеновиќ ќе добие споменик Годинава за првпат ќе почен да се доделува нова регионална награда која има за цел да го слави уметничкото творештво. Насловена по Милан Младеновиќ, фронтмен и основач на култниот бенд „Екатерина Велика“. „Наградата ќе се доделува за музичко дело со извонредна уметничка вредност и секоја година на […]

„Охридско лето“ на Генералното собрание на Европската фестивалска асоцијација во Лисабон


Најголемата и најзначајната музичко-сценска манифестација во Македонија – фестивалот „Охридско лето“, од 14-ти до 17-ти овој месец се презентира на Генерално собрание на Европската фестивалска асоцијација (ЕФА) што се одржува во Лисабон, Португалија. Директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот одбор, Нина Момировска, во рамки на посетата ќе остварат средба со претседателот […]