МНТ со „Кец на десетка“ гостува на манифестацијата „Струмица – Град на културата“


Македонскиот народен театар со претставата „Кец на десетка“ по текст на Митко Бојаџиски, а во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, вечер ќе гостува на сцената во Домот на културата „Антон Панов“ во Струмица, во рамките на манифестацијата  „Струмица – Град на културата“ за 2021 година. Претставата, како што посочуваат од МНТ, е комедија […]

Драмски театар – Скопје со омаж под наслов „#Драмски за Конески“ ќе ја одбележи стогодишнината од раѓањето на Блаже Конески


Драмскиот театар од Скопје со омаж под наслов „#Драмски за Конески“ ќе ја одбележи стогодишнината од раѓањето на великанот и доајенот на македонската литература и писменост, Блаже Конески. Како што соопштуваат од театарот, настанот ќе започне во 20 часот, а учесници ќе бидат првенците на нивната институција Катарина Коцевска Хаџи Василева, Анастас Тановски, Драган Спасов […]

Дневно дружење на платото пред МКЦ по повод „Ден на независните музички продавници“


По повод „Ден на независните музички продавници“ денеска, „АП(о)ТЕКА МКЦ“ и „Corpus Delicti“ во периодот од 12 до 17 часот, ќе организираат дневно дружење на платото пред Младинскиот културен центар, информираат од МКЦ. „Ден на независните музички продавници“ во светски рамки се одржува од 2007 година, додека, во Македонија оваа година се организира по четврти […]

Премиера на „Супербајкастично“ – еко бајка на Театарот за деца и младинци


Во Театарот за деца и младинци – Скопје, вечер во 19 часот ќе биде изведена премиерата на претставата „Супербајкастично“, авторски текст на Горјан Милошевски, а во режија на Игор Ивковиќ. Како што информираат од Театарот, станува збор за еколошка бајка за деца, но и возрасни, чија цел е да ги разбуди емпатиите кај публиката за […]

Премиера на „Петтото годишно време“ во Велешкиот театар


Во велешкиот театар на големата сцена „Петре Прличко“ денеска со почеток од 20 часот во рамките на свеченото затворање на „Рациновите средби“, Народниот Театар „Јордан Х.К.-Џинот“ премиерно ќе ја изведе претставата „Петтото годишно време“ по текст на Сашо Димоски, во режија на Васил Зафирчев, а во изведба на балерината Олга Панго. Како што информираат од […]

Сара Климоска на официјалната церемонија за доделување на наградата European Shooting stars 2021


Младата актерка Сара Климоска деновиве е во Берлин, каде ќе присуствува на официјалната церемонија за доделување на наградата Shooting Stars 2021, награда за европски актери во подем. Церемонијата за доделување на наградите ќе се одржи на 14 јуни, непосредно пред проекцијата на филмот I’m Your Man на Maria Schrader во рамките физичкото издание на Берлинскиот […]

МНТ со претставата „Кец на десетка“ ќе гостува во Струмица – Град на културата


Претставата „Кец на десетка“ по текст на Митко Бојаџиски, во режија на Драган Спасов-Дац и Јордан Симонов, а во продукција на Македонскиот народен театар ќе гостува во рамките на манифестацијата — Струмица, „Град на културата“ за 2021 година. Изведбата на претставата е закажана за 12 јуни со почеток во 20:00 и ќе биде одиграна на […]

Креатива Европа Медиа досега вложи над милион евра во македонскиот филм, се најавува продлабочување на поддршката


Почнувајќи од 2016, со поддршка за 56 проекти, две изданија на меѓународниот филмски фестивал „Браќа Манаки” и пет изданија на фестивалот за документарни филмови „МакеДокс”, Креативна Европа Медиа Деск Македонија, го заокружува првиот циклус од четири години соработка и кофинансирање на македонските филмски проекти, во соработка со Агенцијата за филм. За време на овој прв […]

Дигитална премиера на „Мирно лето” во летното кино на Кинотека


Во летното кино на Кинотеката, вечерва ќе биде прикажана новата, дигитално реставрирана копија на првата македонска филмска комедија „Мирно лето“’ на режисерот Димитрие Османли од 1961 година. На проекцијата ќе ѝ претходи 10-минутно видео во кое  Атанас Чупоски, виш филмолог во Кинотеката, ќе направи кратка анализа на филмот и неговото значење за македонската кинематографија. – […]

Два македонски филма на фестивалот „Докенритам“ во Белград


Во рамките на фестивалот Докенритам во Белград, денеска ќе бидат прикажани и два музички документарни филма за Кирил Џајковски „Современа музика за современото доба“ на Ненад Георгиевски и филмот „The Hip“ во режија на Јане Алтипармаков. Филмовите се дел од категоријата „Земја во фокус“ на Фестивалот со акцент на Северна Македонија. Фестивалот за музички документарни […]

Одбележување 35 години од изучувањето на македонскиот јазик, литература и култура на Истанбулскиот универзитет


Во организација на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК) денеска преку платформата Зум ќе се одржи свечено одбележување 35 години од изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Факултетот за литература на Истанбулскиот универзитет. Настанот ќе го отвори ректорот на Универзитетот „Св. Кирил […]

Отворен Културно-информативен центар на Македонија во Тирана


Македонската министерка за култура, Ирена Стефоска, заедно со нејзината албанска колешка, Елва Маргарити, денеска во Тирана го отворија македонскиот Културно-информативен центар во Албанија. Ова трет  културен центар на Македонија на Балканот, по оние во Софија и Истанбул. „Искуствата од центрите во Истанбул и во Софија ѝ даваат смисла на идејата за места што нè поврзуваат […]

Со театарска претстава, мини концерт и изложба се претставија членовите од проектот „Творилница“


Со театарска претстава, мини концерт, изложба и читање на авторски дела вчера на терасата на Градскиот трговски центар-Скопје се претставија членовите на уметничките клубови кои се дел од проектот „Творилница“. Публиката имаше можност да го проследи мини концертот со песни на Abba. Театарскиот клуб се претстави со виедо-театар. И двата настапи се прикажуваа онлајн. На […]

„Со книги на плажа“ – традиционална акција на „Матица македонска“


Книгоиздателството „Матица македонска“ од денеска до 20 август ќе ја организира традиционалната акција „Со книга на плажа“. Од издавачката куќа посочуваат дека љубителите на книгата и членовите на Клубот „Матица“ ексклузивно ќе имаат убава можност од богатата колекција на изданија да ги збогатат своите библиотеки по исклучително достапни цени. Во годината кога оваа издавачка куќа […]

Ретроспектива на филмови од Тарковски во Кинотека


Во рамки на Филозофскиот филмски фестивал, вечер во Кинотеката ќе биде отворена Ретроспективата на рускиот режисер Андреј Тарковски. Присутните ќе имаат можност да го гледаат филмот „Иваново детство“ (Ivan’s Childhood /Ива́ново де́тство, 1962). Како што соопштија организаторите, најавено е обраќање на амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин, а онлајн излагање ќе има проф. д-р Игор […]

Дела на Славица Јанешлиева во рамки на серијата презентации на КСП Центар Јадро


КСП Центар-Јадро ја продолжува серијата презентации разговори во живо посветени на македонските визуелни уметници, овојпат со преглед на исклучителните дела  на Славица Јанешлиева претставени од крајот на 1990-те години до денеска.   Според организаторот, тоа е период кој се поклопува со драматичниите настани на транзицијата, идентитетските прашања врзани за личните и колективни сеќавања, како и […]

За наградата „Пегаз“ за необјавен роман конкурираат 44 ракописи


Во конкуренција за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман на годината се 44 ракописи, соопшти издавачката куќа „Арс Ламина“, која со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ третпат го организира конкурсот за оваа награда. Тој беше отворен на 28 април и траеше до 31 мај. Според организаторите, целта на конкурсот е […]

Драмски театар ќе ја одбележи стогодишнината од раѓањето на Конески


Драмски театар Скопје  в сабота, 12 јуни, од 20 часот ќе одржи омаж насловен „#Драмски за Конески“. – Повод е одбележувањето на стогодишнината од раѓањето на великанот и доајенот на македонската литература и писменост, Блаже Конески, соопшти ДТС. Учесници во овој проект се првенците на Драмски: Катарина Коцевска Хаџи Василева, Анастас Тановски, Драган Спасов Дац, Маја […]

Во Бургас првпат се одржуваат „Денови на македонската култура“


Манифестацијата „Денови на македонската култура“ ќе биде отворена денеска во бугарскиот приморски град Бургас. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Манифестацијата ќе започне со отворање на изложбата „Предизвици и насоки“ во 17 часот по локлано време, што ќе биде поставена во Центарот за култура „Море казино“ во Бургас. Изложбата е дел од проектот […]

Излезе од печат книгата „Дијалектолошки анализи“ на Васил Дрвошанов


Во издание на „Бата прес“, на 21 мај излезе од печат книгата „Дијалектолошки анализи“ на Васил Дрвошанов. Книгата, како што соопшти авторот, содржи десет прилози за македонските говори – за кичевскиот, скопскиот, радовишкиот, беровскиот, мегленскиот, ениџевардарскиот, кукушкиот, чифлиџичкиот, кулскиот и кривопаланечкиот. Авторот наведува дека анализираните дела се единствени од тој вид во македонската наука за […]