Отворена изложбата „Монодрамите и дуо драмите на МНТ“


Во фоајето на Македонскиот народен театар (МНТ) отворена е изложбата „Монодрамите и дуо драмите на МНТ“, во која се претставени дваесетина монодрами и дуо драми од репертоарот на театарот, почнувајќи од 1974 и „Дневникот на лудиот“ со Владимир Светиев па сѐ до последните „Последната лента на Крап“ на Ѓорѓи Јолевски и „Само глас“ со Звездана […]

Избрани дела во пет тома на Блаже Миневски


Во рамки на јубилејот – триесет години од основањето, „Матица македонска“ објавува избрани дела во пет тома од писателот Блаже Миневски. Изданието го уредува Раде Силјан, а графичко-ликовниот дизајн е на Кристи Георгиевски. Во првиот том, со наслов „Да речеме уште една“, се објавени расказите а во останатите четири тома романите „Нишан“, „Свирци“, „Мрежата на […]

Проекција на дигитално реставрираната копија на „Фросина“ во Кинотека


Во летното кино на Кинотеката вечер ќе биде прикажана новата, дигитално реставрирана копија на првиот македонски игран филм „Фросина“ на режисерот Војислав Нановиќ, од 1952 година. Проекцијата почнува во 20.00 часот, а ќе биде пренесувана и во живо („live streaming“) на каналот „YouTube“, преку линкови објавени на кинотечната страница „Фејсбук“ и веб-страницата на Кинотека (www.kinoteka.mk). […]

Изложба „Африкански лица“ на Билјана Јуруковски во Музеј на Македонија


Во Музеј на Република Северна Македонија вечер ќе биде отворена изложбата „Африкански лица“ со фотографии на реномираната македонска фотографка Билјана Јуруковски. На изложбата, која финансиски е подржана од Министерството за култура, ќе бидат претставени повеќе дела создадени за време на нејзините патувања низ Африка.   – Посебен интерес предизвикуваат прекрасните портрети на народот Сури, една од најизолираните заедници населени […]

Во театарот во Стоби не може да има претстави, се додека старите мермерни седишта целосно не се реставрираат


Мермерните блокови-седишта на западната половина во театарот во Стоби сите се распукани и се распаѓаат тоа е страшно и не е безбедно за публиката да дојде на претстава во Стоби. Археологот од НУ Стоби м-р Гоце Павловски предупредува дека тие не се направени на падина како во Охрид и Хераклеа, туку под нив имаат радијални […]

Почнува Летна филмска програма во Музејот на современата уметност – Скопје


На 17јуни (четврток), во 21 часот, започнува Летното кино со својата редовна филмска програма под отворено небо на тремот во Музејот на современата уметност – Скопје. Во наредните четири месеци во рамки на Летното кино на музејот под отворено небо над градот, публиката ќе има можност да проследи десет креативни документарни филмови. „Станува збор за […]

Сара Климоска од Берлинале се враќа со награда за европски актер во подем за 2021


„Europeans shooting stars“ за 2021 беа дел од официјалната церемонија за доделување на наградите за најдобри европски актери во подем која се одржа на специјално изградената сцена на „Berlinale Museum Island“. Сара Климоска беше номинирана за оваа награда од страна на Агенцијата за филм. – Имав прекрасни, возбудливи и интензивни три дена во Берлин на […]

Со целовечерен концерт во Велес, „Танец“ се врати на сцена по пандемиската пауза


Со бурни аплаузи и желба за точка повеќе, велешани ги испратија солистите, хорот и оркестарот на ансамблот „Танец“ од сцената на Центарот за култура „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, каде музичарите, по едногодишната пандемиска пауза, се вратија пред македонската публика во рамки на 58. меѓународна поетска манифестација „Рацинови средби“. Ова е воедно и почеток на новата […]

Стефоска: Испративме писмо за интерес за новата програма на ЕУ за култура


 Тркалезна маса на тема „Креативна Европа – перспективите на Западен Балкан“ се одржa денеска во Младинскиот културен центар (кино „Фросина“) која учествуваат претставници од организации поддржани од пилот-акцијата на програмата Креативна Европа – потпрограма Култура, посветена на културната соработка со земјите од Западен Балкан. На настанот се обратија министерката за култура Ирена Стефоска и амбасадорот […]

Од четврток кино „Милениум“ почнува повторно со работа


 Од четврток 17 јуни Градското кино „Милениум“ во Скопје ќе почне повторно со работа. На репертоарот се наоѓаат новиот дел од филмската сага „Брзи и бесни“, „Денови на гнев“ од Гај Ричи, драмата „Шарлатан“, современата верзија на класичниот роман на Чарлс Дикенс – „Твист“ и шведскиот анимиран филм „Безопашестиот Пеле“. Билетите се достапни на билетарница […]

Научен собир на МАНУ посветен на Крсте Мисирков


Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе организира научен собир посветен на Крсте П. Мисирков (1874-1926). Собирот со поздравно обраќање ќе го отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, а во три сесии излагања ќе имаат 16 учесници кои ќе се осврнат на делото на Мисирков и на неговото значење за македонската историја и […]

Концерт „Сигнали“ на пијанистката Дуња Иванова


Пијанистката Дуња Иванова вечер од 19 часот ќе одржи концерт насловен „Сигнали“ во Зелената градина на покривот од Градскиот трговски центар во Скопје. На програмата се премиерни изведби на пиесите на истакнатиот филмски композитор Пако Периаго, како и автентични преработки на звуците на Рејдиохед од исклучителниот пијанист и композитор Џош Коен. Концертот е дел од […]

Тркалезна маса на тема „Креативна Европа – Перспективите на Западен Балкан“ во МКЦ


Во ЈУ Младински културен центар (МКЦ) – Кино Фросина, утре (15 јуни 2021 г.) во 10:30 часот, ќе се одржи тркалезна маса на тема „Креативна Европа – Перспективите на Западен Балкан“, на која ќе учествуваат министерката за култура, Ирена Стефоска и амбасадорот на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир, заедно со организациите поддржани од пилот-акцијата на програмата Креативна Европа – […]

Пијанистката Ана Велиновска на „Луцерн Фестивал“ и на „Звуци на Алпите“ во Швајцарија


Пијанистката Ана Велиновска ќе настапи на фестивалот „Звуци на Алпите“ што ќе се одржи од 12 до 15 август во Швајцарија. На фестивалот ќе изведе три светски премиери, од композитори од Русија, Ерменија и Швајцарија. Потоа Велиновска ќе настапи и на „Луцерн Фестивал“, еден од водечките фестивали во светот на класичната музика, кој ќе се […]

Премиера на детскиот филм „Рока го менува светот“ во Кинотека


Во Кинотека на Северна Македонија вечерва од 18 часот се премиерно ќе се прикаже филмот „Рока го менува светот“ за најмладата публика, но и за целото семејство. Филмот е снимен според книжевните мотиви на шведската писателка за деца Астрид Лингрен, најпозната по романите за Пипи Долгиот Чорап. Станува збор за германска продукција во режија на […]

Започнува филмскиот предизвик #WesternBalkansChallenge


Во рамки на платформата #EuropeanFilmChallenge од денеска започнува новиот филмски предизвик #WesternBalkansChallenge, за филмофилите од Северна Македонија и Србија. Учесниците во предизвикот треба за четири недели да изгледаат четири филмови продуцирани или ко-продуцирани од држава од Западен Балкан на репертоарот во кино салите, во рамки на локалните филмски фестивали, на телевизија или пак на некоја […]

Актерот Петар Петковски номиниран за награда на Сараевскиот филмски фестивал


Младиот актер Петар Петковски е номиниран за наградата „Срце на Сараево“ во категоријата „Ѕвезда во подем“ на Сараевскиот филмски фестивал, кој ќе се одржува од 13 до 21 август 2021. Номиниран е за улогата на Бојан во ТВ-серијата „Фамилијата Марковски“, во која толкуваше лик на бунотовен тинејџер што се бори против социјалните неправди. За престижната […]

Завршија 58. Рацинови средби со доделување на признанијата на годинашните лауреати


Со доделување на Рациновото признание на Милован Стефановски за „Теорија за кучешката година“ и на Почесното Рациново признание на Ала Генадјевна Шешкен, руски славист и македонист, за нејзиниот придонес за афирмација на македонскиот јазик и литератира во светот, синоќа во Велес завршија 58. Рацинови средби. Програмата на Рациновите средби траеше во изминатите два дена, а […]

Во Кинотека прикажан дигитално реставрираниот филм „Мирно лето“


Дигитално реставрирана копија на македонската комедија „Мирно лето“ беше преставена синоќа во летното кино на Кинотеката, именувано токму по овој филм на режисерот Димитрие Рули Османли. Проекцијата на „Мирно лето“ можеше да се следи и онлајн и преку лајв-стриминг на профилите на социјалните мрежи на Кинотеката и на кинотечниот јутјуб-канал. Како што соопшти Кинотеката, филмот […]

Во Велес свечено отворени 58. Рацинови средби


Со Меѓународен поетски митинг во салата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, синоќа беа отворени 58-те Рацинови средби. На поетскиот митинг настапија поети од земјава, како и гости поети од Србија, Бугарија, Црна Гора и Италија. Традиционалната Беседа за Рацин ја одржа проф. д-р Атанас Вангелов, а кој потоа прв со свои стихови  […]