Најбрзиот пијанист на светот – Љубомир Мелник на 22 август во Скопје


Пијанистот и композитор Љубомир Мелник на 22 август, од 21 часот, ќе одржи концерт во зградата на АД „Пошта“. Како што соопшти Младинскиот културен центар (МКЦ), Љубомир Мелник е еден од најфасцинантните пијанисти и композитори на нашето време. Тој беше наречен „Пророк на пијано“ поради неговата животна посветеност на инструментот и за неговата работа во […]

Со премиера на „Орестија“ вечер ќе почне 18. ИФАД „Стоби“


По двегодишна пауза, од вечерва  до 17 август ќе се одржи 18. Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“. Фестивалот ќе биде свечено отворен во 21 часот во Теодосијанската палата во Стоби со премиера на тричасовната претстава „Орестија“ – копродукција меѓу велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ и Националната опера и балет. Првпат на сцената во земјава […]

„Вечера за глупаци“ – фарса на ситуации кои го отвораат прашањето за вредностите во општеството


Сцената „Долни Сарај“ вчеравечер беше дом за публиката на „Охридско лето“ и за актерскиот ансамбл на театар Комедија од Скопје кој ја изведе театарската претстава „Вечера за глупаци“ на текст од Францис Вебер а во режија на Ирена Стеријовска. Земајќи ја предвид сè поголемата поделеност на општеството по основ на богати и сиромашни, на социјално […]

Микс од светски и домашни наслови: Викендов Галичник Филм Фестивал – свој на своето!


Викендов, од 5 до 8 август 2021 година, со поддршка од Агенцијата за филм и Делегацијата на Европската Унија Скопје, ќе се одржи второто издание на Галичник Филм Фестивал. Амфитеатарот Упија во Галичник на 1.500 метри надморска височина ќе биде домаќин на филмските проекции под отворено небо, а доцните часови се резервирани за концерти со филмска музика. Овој млад културен настан ја промовира уметноста на краткометражниот филм, […]

Превод на „Светилка за Ханука“ од Османли во издание на „Прометеј“ од Нови Сад


Издавачката куќа „Прометеј“ од Нови Сад ја објави на српски јазик  книгата „Светилка за Ханука“ на Томислав Османли, преведена од македонски од Зоран Ж. Пауновиќ. По прозната книга „Збир-ка-прича“, ова е втора книга на македонскиот автор што ја објавува „Прометеј“.    „Светилка за Ханука“ содржи девет повести – колку што има свеќи или кандила обредната ламба или […]

„Нашата вечер во Охрид“ со Иван Босиљчиќ на „Охридско лето“


Во рамките на „Охридско лето“ вечерва на „Долни Сарај“ ќе се одржи музичко-сценскиот проект „Нашата вечер во Охрид“ со српскиот актер и уметник Иван Босиљчиќ, кој ќе презентира стихови на најголемите светски поети, сето проследено со богата музичка заднина претставена со лириката на маестро Зоран Стојановиќ. Повеќе од една деценија Иван Босиљчиќ, покрај богатата театарска […]

Две преведувачки на македонски литературни дела на книжевна резиденција во Скопје


Анамарија Цинеге Панзова и Марјанџела Бјанкофјоре, преведувачки на литературни дела од македонски јазик, во август ќе престојуваат на преведувачка резиденција во Скопје. Резиденцијата се организира во рамки на меѓународниот проект „Превод во движење“, чиј македонски партнер е издавачката куќа „Готен“. Партнерски организации на „Готен“ во овој проект се организации од Албанија, Бугарија, Летонија, Србија, Франција, Црна Гора и Шведска, […]

Пучини и Азнавур во „Света Софија“: Овации за оперската певица Инва Мула на „Охридско лето“


Гласот на албанската оперска певица со светско реноме Инва Мула вчеравечер ја исполни црквата „Света Софија“ како дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“. Настапувајќи заедно со нејзините колеги од Албанија, пијанистот Генц Тукиќи и виолинистот Олен Чезари, таа изведе дела од А.Пјацола, Џ.Пучини, Ф.Пуланк, Ш. Азнавур, В.Пара,А.Качинари и П.Јакова. -За синоќешниот репертоар сакав да […]

Театар „Комедија“ со „Вечера за глупаци“ на „Охридско лето“


Во рамки на драмскиот дел на „Охридско лето“ фестивалската публика вечерва ќе може да ја проследи претставата „Вечера за глупаци“ во изведба на актерска екипа на Театарот „Комедија“ од Скопје. „Вечера за глупаци“ е приказна која го коментира високото француско општество, кое, презаситено од сè што може да си овозможи, креира ситуации во кои ќе […]

„Врба“ на Милчо Манчевски најдобар филм на њујоршкиот фестивал „Стони Брук“


Жирито беше трогнато од артистичката длабочина на филмот, кој предизвика бурни емоции кај публиката, пишува њујоршкиот фестивал „Стони Брук“, на кој филмот „Врба“ на режисерот Милчо Манчевски освои награда од жирито за најдобар филм. Фестивалот „Стони Брук“ за независни филмови оваа година се одржа по 26-ти пат, на кој се прикажаа 35 американски и странски филмови на […]

Концерт на Инва Мула и Генц Тукиќи на „Охридско лето“


Фестивалската програма на годинешното издание на „Охридско лето“ влегува во втората половина со концертот на албанската сопранистка Инва Мула, во пијано придружба на маестро Генц Тукиќи. Инва Мула важи за една од најзначајните сопрани на денешницата. Родена во Тирана, започнува да учи пијано на петгодишна возраст, а пеење на 16 години, најпрво со нејзината мајка, […]

Италијански арии се слушаа во „Св. Софија“ : Овации за тенорот Фантони и пијанистот Мартано


Со репертоар од убаво селектирани арии од познатите италијански опери, тенорот Алесандро Фантони и пијанистот и чемабалист Џорџо Мартано од Италија вчеравечер предизвикаа силни емотивни бранувања кај публиката на „Охридско лето“  која во текот на концертот ги наградуваше со бурни, долги и стоечки овации. Двајцата млади уметници настапија во рамките на традиционалната Италијанска вечер на […]

Француска вечер на „Охридско лето“ со харфистката Елоиз Карлеан-Џонс


После вчерашниот концерт насловен како италијанска вечер со уметниците Фантони и Мартано од Италија, програмата на „Охридско лето“ продолжува во француската вечер и солистичкиот концерт на младата харфистка Елоиз Карлеан-Џонс. Високо оценета од музичката критика за „јасноста и умешноста на звукот“, Елоиз Карлеан-Џонс е уметничка која настапува како солист, камерен и оркестарски музичар. Карлеан-Џонс се […]

Директорот на НУБ „Свети Климент Охридски“ разрешен поради незаконско работење


Директорот на НУ Национална и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“-Скопје, Фремзим Даути, е разрешен од должноста бидејќи не работел согласно закон и статут, соопшти попладнево Министерството за култура. – По повеќемесечни инспекциски надзори спроведени од страна на Министерството за култура во 2021 година, утврдени се низа сериозни неправилности во работата на директорот од аспект на […]

30 години мултикултура- Концерти на Весна Гиновска-Илкова, Тони Китановски, Влатко Стефановски и „Синтезис“


По повод прославата на 30 годишнината од македонската независност, Баги Комуникации ќе организира 4 концерти со заеднички наслов – „МУЗИКАТА ЗБОРУВА НА СИТЕ ЈАЗИЦИ„ – 30 ГОДИНИ МУЛТИ КУЛТУРА„. Проектот се состои од концертни настапи на врвни македонски музички имиња од различни националности, кои со примерот на соработки ќе го потврдат мултикултурализмот на државата. Концертите […]

Италијанска вечер на „Охридско лето“ со тенорот Алесандро Фантони во пијано придружба на маестро Џорџо Мартано


Музичката програма на „Охридско лето“ продолжува со вечерашниот концерт на тенорот Алесандро Фантони, во пијано придружба на маестро Џорџо Мартано. Алесандро Фантони е роден во Џенова, студирал на Академијата за опера при операта во Цирих, Швајцарија, а се усовршувал со Роберто Сервиле. Дебитирал покрај него како Габриеле Адорно во „Симоне Боканегра“ и Исмаеле во „Набуко“ […]

Во НУБ дигитална изложба по повод 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески


Националната и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски“ – Скопје, денеска во рамки на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески ќе ја постави дигитална изложба со мултимедијални содржини, насловена „Фондот на НУБ – доказ за сестраноста на Конески“ на  нејзината и на веб-страницата на Дигиталната библиотека на РСМ – www.nubsk.edu.mk и www.dlib.mk. Изложбата содржи селектиран […]

Мурали на Блаже Конески и Стале Попов среде Прилеп


Во Прилеп осамна муралот во чест на лингвистот и кодификатор на македонскиот јазик Блаже Конески, што беше поздравено од страна на прилепчани, но и пошироко во државата. Ова е второ дело со идејно решение и изведба на познатите прилепски академски ликовни уметници: Сања Јездиќ, Ферди Булут и Александар Џинго, по муралот во чест на писателот, […]

По две години пауза повторно ИФАД „Стоби 2021“


Во археолошкиот локалитет „Стоби“ од 3 до 17 август, по две години пауза, ќе се одржи 18. по ред Интернационален фестивал на античка драма „Стоби“, на кој освен од земјава ќе има и по еден театарски ансамбл од Австрија и еден од Босна и Херцеговина во копродукција со македонски театар. Освен претстави ќе има и […]

УНЕСКО ја прифати апликацијата за градење капацитети на Заводот и музеј – Охрид


Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44. сесија, што се одржува во Фуџу (Народна Република Кина), денеска ја прифати апликацијата „Јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Rегион: Обука за развој на бази на податоци и ГИС-платформа за недвижно културно наследство за Заводот и музеј –Охрид“. Прифатениот проект за градење […]