„И коњите ги убивааат, зар не?“ е најдобра претстава на МТФ „Војдан Чернодрински“


Претставата „И коњите ги убиваат, зар не?“ на битолскиот театар е најдобра претстава во целина на годинашниов 55 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, а Мартин Кочовски ја има наградата за најдобра режија на оваа претстава. Ова е одлуката на фестивалското жири во состав Ѕвездана Ангеловска, актер и режисер, Бајруш Мјаку, актер и театрологот од Србија […]

Отворен деветтиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“


Во тек е првиот ден од деветтиот Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“. Во Младинскиот културен центар и во Кинотеката учесниците ги гледаат првите филмови и почнаа со работилниците што ги избраа. Италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри во 16 часот ќе одржи предавање на тема „Дали цртаните и стрипот можат да се користат во пропаганда?“, а […]

Концерт на НОБ на свеченото затворање на 44. Денови на македонска музика


Фестивалот 44. Денови на македонска музика ќе биде затворен со гала концертот на солисти и оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на Иван Еминовиќ. Пред гала концертот на свеченото затворање ќе бидат доделени и наградите на СОКОМ. Од СОКОМ информираат дека на гала концертот на солистите и оркестарот на Националната опера и […]

„Не ми ги допирај очите“- почнува новата сезона на Скопје танцов театар


Вечерва во 19ч., во Музејот на современата уметност – Скопје во, во рамки на филмската програма „Кино-МСУ“ ќе се одржи танцовиот перформанс „Не ми ги допирај очите“ и проекција на танцовиот филм „Дома“на Адријана Данчевска во продукција на Скопје танцовиот театар, со што започнува сезоната на настапи на компанијата. Кореографката Данчевска во најавата за претставата вели: „Не ми ги допирај очите“ се […]

Студентски саем на книгата од 13 до 15 октомври во НУБ-Скопје


Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје од 13 до 15 месецов организира „Студенски саем на книгата“. На саемот со свои изданија ќе се претстават повеќе издавачки куќи како Арс ламина, Македоника литера, Државен архив, Матица македонска, Просветно дело, Логос – А, Арс студио, Албас и Три. За две купени книги од кој […]

Објавена книгата „Кутија“ од грчкиот автор Константинос Пацарос


Издавачката куќа „Бата прес“ ја објави книгата за деца „Кутија“ од грчкиот автор Константинос Пацарос. Делото го преведе Емилија Мајсторова-Стојановска. Објавувањето е со поддршка на Министерството за култура и програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. Ова е првата од десетте книги од десет различни европски јазици што „Бата прес“ ќе ги објави оваа и наредната […]

Со омажот „Драмски за Конески“ завршува 55. театарски фестивал „Војдан Чернодрински“


Со омажот „Драмски за Конески“ за животот и делото на великанот на македонската литература и култура во чест на 100-годишнината од неговото раѓање, вечер во Прилеп ќе биде спуштена завесата на 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Омажот со првенците на Драмски театар е и во чест на наградените на годинашниов Фестивал, а најдобрите остварувања […]

„Просторот во мене, јас – насекаде“ – изложба на Марија Трајаноска во МКЦ


Во Галерија МКЦ вечер со почеток од 20 часот ќе биде отворена изложба на Марија Трајаноска, насловена „Просторот во мене, јас – насекаде“. Изложбата ќе биде отворена до 18 октомври. -Сликите на Марија Трајаноска се експлозија од поставени прашања за нашето бивствување, нашата осаменост во целината, но и нашето присуство во празнината. Тие се лава […]

Концерт „Слоеви на современоста – 30 години независност низ уметностите“ во кабинетот на Претседателот


По повод чествувањето на 30 години независна македонска држава, во организација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија вечер, во Скопје, ќе се одржи концерт на кој ќе настапат солисти, квартет и фолклорен квинтет, сочинети од ученици од музичкото училиште „Илија Николовски – Луј“, како и детскиот хор „Пиколо“ под диригентската палка на Весна […]

Концерт на флејтистката Билјана Камчева на композиции од Ана Пандевска


Во Музејот на македонската борба вечерва ќе се одржи електроакустичен концерт со премиерна изведба на музика од композиторката Ана Пандевска. На концертот ќе настапи флејтистката и вокал Билјана Камчева. Музиката е создадена во текот на 2021 година и содржи четири композиции со наслови „Perseid meteor rain“, „Dystopian illusion“, „Seeking Peace“ и „Butterfly Effect“. Концертот е […]

Отворање на изложбата „Subscript“ на Горан Деспотовски


Во Чифте амам вечерва ќе биде отворена изложбата „Subscript“ на  уметникот Горан Деспотовски од Нови САД. Изложбата има ретроспективен карактер и се протега низ корпусот на неколку негови дела, главно во медиумот на инсталацијата. Во најголем дел од реализираните инсталации и објекти, авторот ја претставува личноста, групата, масата луѓе во форма на кукли што го […]

Излогот како уметнички медиум во Францускиот центар во Скопје


Инсталации од македонскиот уметник Антонио Пирковски се преставени во излогот на Францускиот институт во Скопје и во Нано-бар, како дел од изложбата наречена „Неонска рефлексија“, која започна вчера и ќе трае до 31 октомври.Изложбата ја отворија амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер, и кураторката, Кристина Глигоровска. Специјална гостинка беше Солин Д’Абовил, светски позната дизајнерка и основач […]

Делегација на Националната галерија на Македонија во посета на бугарското МНР


Бугарија – Министерот за надворешни работи на Бугарија Светлан Стоев ја прими делегацијата на Националната галерија на Република Северна Македонија, предводена од нејзината директорка Дита Старова – Керими, соопшти прес-центарот на бугарското Министерство за надворешни работи. Како што јави дописникот на МИА од Софија, главна тема на разговорот биле можностите за продлабочување на соработката во областа […]

Филмот „ХОМО“ ќе се прикажува во Америка- потпишан договор меѓу „Скопје Филм Студио” и „Public Media Group” 


„Скопје Филм Студио”, продукциска куќа на долгометражниот филм „ХОМО“ во режија на Игор Иванов Изи, склучи договор со  „Јавната медиумска групација на Јужна Калифорнија“ од САД, за дистрибуција на филмот на американскиот пазар. Со овој договорот, Групацијата се здобива со лиценца за прикажување на филмот на повеќе канали и медиуми. Поточно, македонскиот филм „ХОМО“ станува […]

Симон Трпчески ја отвора новата концертна сезона на Филхармонија


Со концертот „Данте 700“ вечер почнува новата концертна сезона на Филхармонијата, насловена „Филхармонија во движење“. Концертот содржи програма со две дела од Франц Лист. Диригент е Габриел Бебешелеа, а како солист настапува македонскиот пијанист Симон Трпчески. Според в.д. директорка на Филхармонија, Тина Иванова, насловот на новата концертна сезона алудира на фактот дека во екот на најголемата […]

МНТ со „Само глас“ гостува на фестивалот Јоакимфест во Србија


МНТ со претставата „Само глас“ од Нина Плавањац, во режија на Марјан Неќак во втората недела на октомври ќе учествува на меѓународниот театарски фестивал Јоакимфест во Крагуевац во Србија. Фестивалот опстојува 15 години. Поминал низ различни периоди на подеми и падови, во потрага по солидно втемелен концепт, а денес, како што соопштија од МНТ, станува […]

Форум „Кражби на музејски предмети и недозволена трговија со културните добра“


Македонскиот национален комитет за заштита на културно наследство во опасност „Син штит“ во соработка со Македонскиот национален комитет на ИКОМ, денеска организира форум на тема „Кражби на музејски предмети и недозволена трговија со културните добра“. Целта на форумот е преку отворена дискусија да се нотираат недостатоците, слабостите и механизмите на превенција и заштита на културното […]

Промовирана книгата „Горан во Драмски“: Пресек на едно многу важно творештво во македонскиот театар


Во рамките на 55 Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ денеска беше промовирана книгата „Горан во Драмски“ од Александра Бошковска. Според авторот Бошковска оваа книга говори за драмите на Горан изведувани во Драмски театар Скопје, и факт е дека најмногу неговите дела се изведувани во овој театар. Дури 14. -Станува збор за книга која се занимава […]

Проекции, дискусии и работилници- од утре почнува фестивалот за деца  „Џифони Македонија“


Од утревечер, 7 октомври, почнува Филмскиот фестивал за деца „Џифони Македонија“, каде основците и средношколците по деветти пат ќе имаат можност да учествуваат на разни филмски проекции, дискусии и креативни работилници. Фестивалот ќе трае до 12 октомври, а ќе се одржи во просториите на Кинотека и Младинскиот културен центар во Скопје. За разлика од претходната, […]

Девет врвни европски писатели на седмото издание на „Букстар“ во Скопје


Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје го организира седмото издание на Фестивалот на европската литература „BookStar“ / „Книжевни ѕвезди“, кој ќе се одржи од 12 до 15 октомври 2021 година. Под слоганот „GENRESIS“, Фестивалот оваа година ги поставува прашањата: Дали COVID-19 е најопипливата апокалиптична форма на цивилизацијата досега? Вител во кој ќе исчезнуваме, дел по дел? Или сме исправени […]