Објавен Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“


Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски” распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2021 година, соопшти Министертсвото за култура. Со државната награда „Св. Климент Охридски” се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во […]

Онлајн продажба на билети за саемот на книга 2021


Од утре, билети за саемот на книга ќе може да се купат преку онлајн електронскиот систем www.karti.com.mk. За најбројната публика, млади лица до 18 години, важи попустот како за групни посети, а билетот чини само 20 денари, информираат организаторите на саемот. Саемот за книга ќе се одржи на отворено, непосредно до Аква паркот (А1 Арена […]

Денови на германски филм во Кинотека


Од утре до 4 септември во летното кино „Мирно лето“ на Кинотеката во Скопје ќе се одржуваат Денови на германскиот филм. Отворањето е резервирано за „Берлин Александерплац“, наградувана опоменувачка драма за она што се случува во нашето време и општество. На 2 септември ќе биде прикажан „Кожурец“, трогателно нежен филм за растењето и изјава за […]

Ретроспективна изложба на Тања Балаќ во Чифте амам-слики, инсталации и експериментални филмови


Ретроспективна изложба на слики, објекти, инсталации, видео арт и експериментални филмови на македонската уметница Тања Балаќ по повод 30 години творештво ќе биде отворена утре (31 август) во 20 часот, во Национална галерија, објект „Чифте амам“. На отворањето ќе биде промовирана и монографија со наслов „Tanja Balac – 30 Years – ArtWorks“ со текстови на […]

Шест поетски книги во трка за наградата „Антево перо“


Шест поетски остварувања се избрани во потесниот круг за наградата „Антево перо“ за 2021 година и од нив ќе биде прогласена победничката стихозбирка. Тимот на „Антево перо“ денеска соопшти дека тоа се поетските книги: „Ѕвезден часовник“ на Димитар Арнаудов, „Небесни разговори“ на Братислав Ташковски, „Сите болки станаа мои“ на Елизабета Баковска, „Опит“ на Сузана Мицева, „Позлатено […]

Прво издание на интернационалниот Скопски поетски фестивал


Од 1 до 3 септември ќе се одржи првото издание на новооснованиот интернационален Скопски поетски фестивал со учество на 16 домашни и странски поети, од кои поради пандемијата дел ќе бидат лично присутни, а дел ќе се претстават со видеопроекции. Како што соопштуваат организаторите, првото издание на манифестацијата ќе може да понуди околу една четвртина […]

Романскиот писател Мирча Картареску добитник на наградата „Прозарт“


Романскиот писател Мирча Картареску е добитник на наградата „Прозарт“ за авторски придонес кон развојот на книжевноста на Балканот, што ја доделува Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ од Скопје. Наградата ќе му биде врачена во Скопје, за време на 9. издание на фестивалот, што годинава ќе се реализира од 19 до 22 септември. Лауреатот Картареску во […]

Во МСУ поетско читање на поетите од 60.СВП


Триесетина поети од земјава и од странство вечера ќе имаат поетско читање во Музејот на современа уметност во 21:30 часот. Со тоа и официјално ќе заврши 60-то издание на меѓународниот поетски фестивал. Годинешната добитничка на „Златниот венец“, британската поетеса Керол Ен Дафи, поради пандемијата не присуствуваше на фестивалот, меѓутоа го најави своето присуство за следната […]

Завршија 60. Струшки вечери на поезијата: Нови извишени сведоштва, нови возвишени стихови


Со врачување на наградите „Браќа Миладиновци” за најдобра поетска збирка меѓу две фестивалски изданија на македонската поетеса Лидија Димковска за книгата „Гранична состојба“ и „Мостови на Струга” за најдобра дебитантска збирка на млад автор, на српскиот поет Владан Кречковиќ за збирката „Париз, Тексас“, синоќа на летната тераса во хотелот „Дрим“, заврши 60. јубилејно издание на […]

Поети учесници на Струшки вечери на поезијата го посетија Вевчани


Поети од земјава и странство кои се учесници на Струшките вечери на поезијата денеска предводени од директорот на манифестацијата, Тодорче Тасевски го посетија Вевчани. Поетите биле пречекани од градоначалникот на Вевчани Сашо Јанкоски, а потоа ја посетиле поставената изложба на фотографии и факсимили насловена „Вевчани за Блаже Конески“, по повод стогодишнина од неговото раѓање. Изложбата […]

СВП: Промовирано монографското издание посветено на Блаже Конески


Во рамки на одбележувањето 100 години од раѓањето на македонскиот поет, раскажувач, есеист, книжевен научник и лингвист Блаже Конески на „Струшките вечери на поезијата“ беше промовирано монографско издание за великанот на македонската книжевност. Предговорот на Монографијата го напиша македонски поет, раскажувач, критичар, есеист, книжевен теоретичар Атанас Вангелов, кој посочи дека оној што не влегол досега […]

СВП: Омажи посветени на Богомил Ѓузел и на Георги Старделов


Oмаж посветен во спомен на култниот македонски поет Богомил Ѓузел беше претставен на третиот фестивалски ден на „Струшките вечери на поезијата“. За ликот и делото на Ѓузел говореше литературната критичарка, теоретичарка и претседателка на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, Елизабета Шелева. – Богомил Ѓузел, заедно со Радован Павловски, Влада Урошевиќ, Петре М. Андреевски […]

Специјална награда за „Сестра“ на Дина Дума на фестивалот во Карлови Вари


„Сестра“ – дебитанскиот долгометражен филм на младата режисерка Дина Дума, во продукција на Лист продукција ја освои престижната Специјална награда од жирито во програмата „Источно од Западот“ (East of the West) на 55. издание на Карлови Вари. Како што соопштија од Агенцијата за филм на РС Македонија, фестивалот во Карлови Вари е најголемиот фестивал во […]

СВП: Наградата „Стојан Христов“ за Емил Попорданоски


„Во прегратките на љубовта“ на Емил Попорданоски од Мелбурн, Австралија ја доби наградата „Стојан Христов“ за најдобра поетска книга од автор од македонската дијаспора што ја доделуваат „Струшките вечери на поезијата“ во соработка со Агенцијата за иселеништво. Одлука ја донесе жири-комисијата во состав Веле Смилевски, претседател и членовите Јовица Ивановски и Митко Гогов, во избор […]

Од Венеција до цел свет: 20 години „Прашина“ на Милчо Манчевски


Јубилејот 20 години од премиерата на „Прашина“ на Милчо Манчевски на отворањето на Венецискиот фестивал во 2001, ќе се одбележи со презентација на филмот на три угледни платформи на денот од годишнината, недела, 29 август: Македонската радио телевизија ќе го емитува во 23 часот; во 20 часот ќе биде прикажан под отворено небо во дворот […]

Филмови од балканските земји може да се видат во Тетово


На јубилејното 10-то издание на меѓународниот филмски фестивал ТИФФ ОДА во Тетово повторно ја има категоријата „Сине Балкан панорама“, а ќе бидат прикажани филмови создадени во земјите од балканскиот регион со пет премиери. Фестивалот во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ вечер започнува со свечено отворање во 20 часот и прва проекција половина час подоцна. -Филмовите […]

Со портрет на Анте Попоски и монографија за Блаже Конески продолжува 60. издание на СВП


Со портрет на големиот македонски поет Анте Попоски и одбележување 90 години од неговото раѓање, денеска во Струга продолжува програмата на 60. јубилејно издание на меѓународниот поетски фестивал Струшки вечери на поезијата. Во рамки на одбележувањето 100 години од раѓањето на македонскиот поет, раскажувач, есеист, книжевен научник и лингвист Блаже Конески, ќе биде промовирано монографско […]

Изложба на Петар Хаџи Бошков во Стоби: Археологија на модерноста


Денес, во 18 часот, на античкиот локалитет „Стоби“ ќе биде отворена голема изложба на дела од реномираниот македонски скулптор Петар Хаџи Бошков (1928 – 2015). Проектот е насловен „Откривање на иднината: Археологија на модерноста“, а куратор и автор на концептот е Владимир Јанчевски.   Поставката вклучува четириесетина репрезентативни дела од повеќе творечки фази на авторот, […]

Портрет на Керол Ен Дафи, лауреат на СВП: За да пишуваат поезија, младите луѓе мора да читаат поезија


Поетски портрет на годинешната добитничка на „Златниот венец“ на „Струшките вечери на поезијата“, Керол Ен Дафи, беше претставен синоќа на летната сцена пред Центарот за култура „Браќа Миладиновци“.  Промотор беше професорката и претседателка на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, Елизабета Шелева, која во своето излагање посочи дека уште со објавувањето на нејзината прва […]

СВП: Обновени спомен-плочките на лауреатите во Паркот на поезијата со додадени кјуар-кодови


Во Паркот на поезијата во Струга обновени се педесетина спомен-плочи од сите досегашни лауреати на „Струшките вечери на поезијата“. Во рамки на јубилејното издание досегашните бронзени плочки, кои, за жал, беа честа мета на кражби и вандалство, се заменети со плочки од композитен материјал со метален слој. На плочките се отпечатени имињата на лауреатите, заедно […]