Балетска претстава „Гранд хотел“ на Есенски музички свечености
Во Салонот на Националната опера и балет, во рамки на 22. издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“ 2021, со почеток од 20 часот ќе биде изведена современата балетска претстава насловена „Гранд хотел“. Претставата е во кореографија на Александар Илиќ, а во режија на Александар Николиќ. Композитор е Ана Крстајиќ, костимограф Александра Каровиќ, сценограф е Жорж […]