„Пат покрај патот“ – нова книга на Славе Ѓорѓо Димоски


„Пат покрај патот“ е насловот на најновото остварување на авторот Славе Ѓорѓо Димоски, дело што деновиве беше објавено во издание на „ПНВ Публикации“ од Скопје. Станува збор за четврта книга есеи на охридскиот автор, а самото последно дело претставува пет циклуса со дваесет есеи на различни културолошки теми. Јадрото на книгата го сочинуваат патописни есеи […]

Јавен перформанс „Изгубени модернистички утопии?“


Јавен перформанс насловен „Изгубени модернистички утопии?“ на колективот Кунстрепублик од Берлин со студенти од Факултетот за драмски уметности, од Архитектонски факултет и од Ликовна академија, ќе се одржи денеска напладне во Скопје, во близина на објектот – зграда на поранешна месна заедница во Тафталиџе. Перформансот е произлезен од четридневната интердисциплинарна работилница „Изгубени модернистички утопии?“(30.11-4.12.2021) што се одржа […]

Брат, јас сум филмски глумец – комеморација за Славиша Кајевски


„Млад и бескрајно талентиран глумец, кој студира на ФДУ и работи како шанкер во ‘Балет’. Дечко на кој паѓаа сите женски во град, а и на театарската сцена. Дечко кој со сите сетила го живееше театарот и со верба се бореше за неговите вредности. Од Факултет излезе со имиџ на предан и бескомпромисен актер кој […]

Уште две изведби на „Жизел“ во НОБ- голем интерес за врвниот класичен балет


По изведбата в сабота (4 декември) во 20 часот во Националната опера и балет, и во вторник ( 7 декември, 20 часот), поради голем интерес ќе се изведе новата балетска продукција на романтичниот балет во два чина „Жизел“, премиерно одржанa на 30 октомври 2021. Од неговата праизведба во Париз 1841 па до денес, тоа е […]

Претставата „Модиљани“ вечер во МКЦ


Театарската претстава „Модиљани“ во „Пик“ продукција, а во режија на Сибел Абдиу ќе биде прикажана вечерва во МКЦ, во рамки на 46. издание на Млад отворен театар (МОТ). „МОДИЉАНИ“ е драмски спектакл, кој ги прикажува двата главни аспекти од животот на фамозниот талентиран сликар Амадео Модиљани; беспрекорната љубов со Џан и смртното ривалство со Пикасо. […]

Изложба „Мултиоригинал“ на Катедрата по графика на ФЛУ


Катедрата по графика на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) денеска напладне во својот галериски простор во Сули ан ќе отвори изложба „Мултиоригинал“ на која ќе претстави дела од поранешни и сегашни студенти. Од основањето во 1980 година досега, на Графичкиот оддел на ФЛУ, сега Катедра по графика, своето академско образование го завршиле четириесет и една […]

Книжевна вечер на писателката Ана Багријана во КИЦ на  Македонија во Софија


Бугарија – Во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија се одржа книжевна вечер со писателката и преведувачка Ана Багријана. Таа е поетеса, романсиер, драматург, преведувач од Украина, родена во 1981 година во Фастов, Киевската Област. Настанот почна со едноминутно молчење за загинатите стари лица во селото Ројак во Бугарија и за 45-те македонски државјани кои […]

Рисима Рисимкин избрана за член на Интернационалниот комитет на Сузан Делал центарот во Тел Авив


Кореографката Рисима Рисимкин е избрана за член од Интернационалниот комитет, кој за прв пат се формира во „Сузан Делал“ центарот за современ тaнц во Tел Авив, Израел. Ова е извонредна можност за создавање на нови конекции на највисоко уметничко ниво и проширување на можностите за развојот на современиот танц кај нас. Рисимкин е во друштво со извонредни уметници, како Самуел […]

Француската академија на Јордан Плевнеш ќе му ја додели наградата Гран при за животно дело


Франција – На предлог на претседателот на Универзитетот Сорбона 2, Пантеон Асас, најстарата француска институција – Француската акедемија, на македонскиот писател Јордан Плевнеш денеска свечено ќе му ја додели Гран-при наградата, што го носи името на Анри Делуен, за афирмација на неговиот творечки опус во Франција и интернационалниот франкофонски простор, јави дописникот на МИА. Непосредно пред […]

Почина актерот Славиша Кајевски – театарот изгуби голем талент


Актерот Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Кајевски е роден на 01 февруари 1982 година, во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Владимир Милчин, во 2005 година. Од 2010 година е актер во Македонски народен театар – […]

Пендаровски: ДЛУМ останува да биде едно од најзначајните јадра на културните политики


Секој континуитет кој остава развојни траги во нашата културна историја има непроценлива важност. Токму затоа Друштвото на ликовните уметници на Македонија има вонредно значење, имајќи ги предвид сите децениски искушенија во кои настанува, се развива и опстојува до ден денешен. Станува збор за една од најзначајните струкови уметнички и културни заедници, која ги одразува тековите […]

Драмски театар-Скопје со претставата „Странци“ на фестивалот „РУТА Група Триглав“


Драмскиот театар – Скопје утре со претставата „Странци“ ќе учествува на Меѓународниот фестивал „РУТА Група Триглав“, кој вторпат се одржува во Белград од 30 ноември до 6 декември 2021 година. Како што соопшти Драмски театар – Скопје, за претставата „Странци“ нашата актерка Биљана Драгиќевиќ – Пројковска во 2019 година, во рамки на МТФ „Војдан Чернодрински“- Прилеп, […]

„Дневна доза мазохизам“ вечер во МКЦ


Претставата „Дневна доза мазохизам“ од театарската група „Пресврт“ вечер ќе биде изведена во Младинскиот културен центар (МКЦ), во рамки на 46. издание на „Млад отворен театар“ (МОТ). -Истражувајќи ја опсесијата како генетски код врз кој се создаваат односите меѓу луѓето и опседнатоста како пракса што се артикулира во секојдневието, новиот театарски проект на Пресврт, „Дневна […]

Блок на авганистански филмови во „Кино МСУ“


Во рамки на програмата на „Кино МСУ“, вечерва во киното на Музејот на современата уметност во Скопје почнува блок филмови посветени на авганистански автори. Селектор на програмата е Дарко Набаков, одговорен за филмската програма на Кино МСУ. Авганистанскиот филмски блок ќе трае до 10 декември, и сите проекции ќе се одржат во затвореното кино на […]

Концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“ по повод јубилејот 25 години


Женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“ под диригентство на Летка Димовска – Полизова вечер во рамки на Есенските  музички свечености ќе одржи концерт насловен „Света Злата слави“ по повод 25-годишниот јубилеј од своето постоење. Концертот првично беше закажан за 30 ноември, но поради вонредни околности е поместен за вечерва, а ќе се одржи во терминот […]

„Магијата на Шопен“ – концерт на Кристијан Каровски во Филхармонија


Пијанистот Кристијан Каровски вечер ќе одржи концерт во големата сала на Филхармонија. Концертот е насловен „Магијата на Шопен“ и ќе бидат изведени дела од големиот романтичар и пијанист – Фредерик Шопен. Кристијан Каровски е роден во Скопје, во семејство на музичари-пијанисти. Уште од најмала возраст доаѓа до израз неговиот голем и невообичаен талент за музика. Како […]

Десет милиони евра повеќе за културата во 2022 година


Предлог буџет за култура за следната година изнесува 3,85 милијарди денари или 62.692.000 евра. Во фокусот ќе бидат капиталните инвестиции и санации во културата, во висина од 10 милиони евра, информираше денеска на прес-конференција министерката за култура Ирена Стефоска. Во врска со капиталните инвестиции и санации, средствата конкретно се наменети за втората фаза од изградбата […]

Стефоска: Завршен е инспекцискиот надзор во штипскиот Центар за култура по тврдењата за мобинг


Завршен е инспекцискиот надзор во Центарот за култура во Штип. Извештајот е во подготовка, а веќе следната недела ќе одам таму и ќе разговарам со вработените и со директорот, рече министерката за култура Ирена Стефоска во одговор на новинарско прашање за рекациите за мобинг на вработените во штипскиот Центар за култура. – Веднаш по реакциите […]

Државните ревизори открија неправилности во исплаќањето хонорари и делењето гратис билети во НОБ


Исплати на средства за авторски хонорари кои не се во согласност со намената утврдена во договорите за донација, исплати на средства кои не се правно поткрепени и по фактури без приложена поткрепувачка документација, отсуство на годишни и месечни планови за работното време, неусвоен акт за реаудиција на веќе вработените, неусогласености меѓу извештаите за остварени приходи […]

Стефоска ќе одржи состанок со градоначалникот на Охрид за заштитата на Охридски регион


Министерката за култура Ирена Стефоска најдоцна до следната недела ќе закаже состанок со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков за да разговараат за заедничките чекори во врска со заштитата на Охридскиот регион. Таа на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање посочи дека институциите и на централно и на локално ниво имаат своја одговорност и оти мора […]