„ПРЕДЕЛИ – симболи во дрво, стакло …“- нова самостојна изложба на академскиот сликар Љупчо Бојаров
„ПРЕДЕЛИ – симболи во дрво, стакло …“ е насловот на новата самостојна изложба на академскиот уметник Љупчо Бојаров што ќе биде отворена утревечер во Културно – информативниот центар во Скопје. На оваа 23-та самостојна изложба на Бојаров ќе ќе бидат преставени 30 дела изработени во повеќе материјали како дрво, стакло, епоксидна смола и бакарна жица. …