Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“ во Битола


Во Центарот за култура во Битола денеска ќе биде изведена Првата професионална претстава на знаковен јазик „Три“, работена по легенда од Марко Цепенков за Овчарот и Трите самовили. Главна тема на претставата се еколошките проблеми на денешницата, односно еко-катастрофата што се случува поради глобалното затоплување, отпадот, загадувањето на воздухот, водата и почвата. Првата детска претстава […]

Меѓународна патувачка изложба  „Еволуција: маските од теснецот Торес“


Во галеријата Мала станица вечер во 18 часот ќе биде отворена меѓународната патувачка изложба  „Еволуција: маските од теснецот Торес“. Документаристичката изложба на фотографии и описи е создадена од Културниот центар „Габ Титуи“ од Австралија. Национална галерија на Северна Македонија ја организира во соработка со Министерството за надворешни работи и трговија на Австралија, Националниот музеј на […]

Славниот руски писател Дмитриј Глуховски ставен на потерница – инвазијата во Украина ја нарече „војна“


  Руските власти го ставија на потерница писателот Дмитриј Глуховски. Картичка со неговите податоци се појави во базата на податоци за пребарување на Министерството за внатрешни работи, како што објави медиумот „Медијазона“. На картичката е наведено дека Глуховски се бара во кривична постапка, но не е соопштено за која. РИА Новости и ТАСС објавија дека […]

Ник Кејв во фокусот на 8. издание на „Скопје синема сити“


Со изложба на фотографии од Ник Кејв на белградскиот фотограф Немања Ѓорѓевиќ започнува осмото издание на „Скопје синема сити“. Изложбата ќе се одржи на 29. јуни, во галеријата на КИЦ со почеток во 19:00 часот. Фестивалот за музички документарни филмови, „Скопје синема сити“ ќе се отвори со проекција на документарниот филм „Ник Кејв: 20,000 денови […]

Изложба „Двете рози на Исус“ од Вучковска – Митовска во Лизје, Франција


Во катедралата Св Петар во Лизје, Франција денеска ќе биде отворена меѓународната изложба „Двете рози на Исус“ од авторката Цветанка Вучковска – Митовска, информира НУ „Спомен куќата на Мајка Тереза“. – Ова е идеја што се развиваше низ повеќе години, но овој пат во соработка со Асоцијацијата на пријатели на Катедралата во Лизје, ова беше […]

Промоција на научната книга „Конески како тестамент“ од Весна Мојсова – Чепишевска


Во Културниот информативен центар – Скопје вечерва ќе биде промовирана научната книга „Конески како тестамент“ од Весна Мојсова – Чепишевска, во издание на „Матица македонска“ –На промоцијата, книгата ќе биде претставена со осврт на Иван Антоновски и со разговор меѓу него и Мојсова-Чепишевска, со прашања отворени и поттикнати со „Конески како тестамент“. Музичката програма на […]

Свеченото отварање на 62. Охридско лето во знакот на италијански тенори


Четирите светски познати тенори од Италија, Алесандро Косентино Де Акриса, Федерико Сера, Џовани Мариа Палмиа и Уго Тарквини под диригентската палка на Лоренцо Бицари придружувани од Оркестарот на Националната опера и балет,  ќе го отворат 62-то издание на фестивалот „Охридско лето“, на 12 јули на Античкиот театар во Охрид . Ова денеска на прес-конференција  го […]

Јана Манева-Чупоска нов претседател на ДЛУМ


Ликовната уметница Јана Манева-Чупоска е нов претседател на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ), избрана на вонредното годишно собрание што се одржа во саботата. Со ДЛУМ ќе раководи во наредните четири години.   Манева-Чупоска во 1996 година дипломирала сликарство во класата на проф. Симон Шемов. Специјалистички студии по сликарство и рачна обработка на стакло […]

Продолжува изградбата на Турскиот театар во Скопје- на ред се термо фасадата и целосната стаклена фасада


Продолжува реализацијата на проектот за изградба на објект наменет за НУ Турски Театар во Скопје, во близина на Железничката станица, за кој во 2022 година обезбедени се средства во износ од  100 000 000,00 денари.  Овој проект се реализира преку НУ Турски Театар како Инвеститор, соопштија од Министерството за култура. За 2022 година се планира […]

Најмладата македонска поетска генерација во престижното грчко списание „Тефлон“


Престижното грчко списание за книжевност „Тефлон“ својот последен број и ја посвети на најмладата македонска генерација поети и поетеси родени во 90-тите години на 20-тиот век. Во избор и со воведен текст на Лидија Димковска, во списанието со повеќе песни се претставени Ива Дамјановски, Андреј Ал-Асади, Ивана Јовановска, Диме Данов и Исток Ј. Улчар. Преводот […]

Објавена поетската збирка „Кадуцеј и лира“ од Сузана В. Спасовска


Во издание на издавачката куќа ВИГ „Зеница“, излезе од печат најновата поетска збирка „Кадуцеј и лира“ од Сузана В. Спасовска. Книгата содржи 85 песни поделени во 10 циклуси. Рецензент на изданието е Ферид Мухиќ Спасовска поетски ја толкува величественоста на љубовта, копнежот и смртта, како најзначајни феномени и клучни координати на човечкиот живот. Сузана В. […]

Детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“ во МКЦ


Од денеска до 8 јуни во просториите на МКЦ во Скопје ќе се одржи 9-то издание на интернационалниот детски фестивал на театар на сенки „Сонот на облачето“. Во рамки на фестивалот децата ќе имаат можност да погледнат меѓународни претстави со сенки. Како што е најавено, фестивалот ќе биде отворен со промоцијата на креативниот сет „Театарче […]

Последна вечер на „Оффест“


Четвртата, завршна, вечер на OFFest 2022 (1-4 јуни) е пред нас. Величенствената моќ и уникатната шареноликост во изразот на италијанската пејачка MARIA MAZZOTTA ќе ја пресретне волшебната интерпретација на националниот музички стил на Зелено’ртските острови (Кабо Верде), популарната „морна“, од страна на една од најреномираните уметници што го истражуваат и чуваат ова богато музичко наследство […]

Во Прилеп свечено е отворен 56. МТФ „Војдан Чернодрински“


Со доделувањето на наградите за животно дело на актерката Бедија Беговска, доајен на Tурскиот театар и на драмскиот писател Русомир Богдановски и со првата претстава во конкуренција „Народен непријател“ на МНТ, синоќа во Прилеп свечено беше отворен 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. При свеченото отворање Катарина Коцевска Хаџивасилева, директорка на Македонскиот театарски фестивал „Војдан […]

Тропски шмек на третата вечер од 21. „Oффест“


Третата вечер на OFFest (1-4 јуни), ќе ја одбележат три настани: проекција на документарниот филм “THE RUMBA KINGS” (20:00), потоа концертен настап на колумбиските тропски велемајстори LOS PIRAÑAS (22:00), како и ди-џеј сет на Mario Galeano попознат како FRENTE CUMBIERO (24:00). Целата програма ќе се одвива во МКЦ (Кино Фросина, Дансинг сала и Кафе МКЦ). Документарниот филм “THE RUMBA KINGS” (2021) на режисерот Алан […]

Промоција на Романот на годината за 2021 во Кавадарци


Во Галеријата при Дом на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци денеска ќе биде промовирана книгата „Денот на црвот“ од Симона Јовановска, добитник на наградата Роман на годината за 2021, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. За наградениот роман ќе зборуваат промоторката Ноне Ноциќ, претседателот на Фондацијата […]

Со „Народен непријател“ на МНТ почнува 56. издание на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“


Со претставата во конкуренција за награди „Народен непријател“ на МНТ и со доделувањето на наградите за животно дело, вечер во Прилеп свечено ќе биде отворен 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. По корона кризата, Фестивалот го прескокна јубилејното 55-то издание во 2020 година, а лани се одржа во октомври. Најреномираната манифестација за продукцијата на македонските […]

Почнува „Скопски Брас Фестивал“


Од денеска во просториите на Филхармонија почнува „Скопски Брас Фестивал“, и ќе трае до 5 јуни. Фестивалот ќе го отвори камерниот оркестар „Les étoiles“. Диригент е Ана Спасовска, а солисти се Марио Јанковиќ и Стефан Илиев. Утре, како што информираат од организаторите, публиката ќе има можност да го слушне унгарскиот тромбонист Ѓорѓи Живишијан, придружен од […]

Во Србија објавен романот „Бродот. Конзархија“ на Томислав Османли


Во издание на српската издавачка куќа „Агора“ од Нови Сад, објавен е романот „Бродот. Конзархија“ на македонскиот писател Томислав Османли. Романот му припаѓа на жанрот негативна утопија, а неговото дејствие се случува во 2039 година. „Бродот. Конзархија“ со поднаслов „Холограф“ е роман во кој авторот ги слика својствата на новото прагматично време исполнето со симулакруми, […]

„Бистра вода“ – нова серија во македонска продукција


Во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон  во Горно Нерези денеска почна снимањето на „Бистра вода“ – новата серија во македонска продукција. Продуцент, сценарист и режисер на серијата е Јани Бојаџи. Ова е првата серија по подолго време во земјава во жанрот трилер со сериозни драмски елементи на крими-драма. Актерската екипа вклучува плејада на македонски актери од […]