Со македонското „Комитско“ во Битола почнува фестивалот „Илинденски денови“


  Со македонското оро „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“ од Битола, вечер почнува 52. издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“. Во пресрет на настапите на културно-уметничките друштва и филкорни групи од државата и странство, деновиве во Битола се реализира фестивалска предпрограма исполнета со изложби, работилници и за прв пат […]

„Астерфест“ од 5 до 9 август, наградата за животно дело за Желимир Жилник


  Од 5 до 9 август во Струмица, под мотото „Светлините на астерот“, ќе се одржи 17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Лауреат на наградата „Астер“ за животно дело од областа на филмската уметност е легендата на југоисточноевропскиот филм Желимир Жилник, автор на низа култни филмови, меѓу кои и „Рани трудови“ за кој ја […]

„Проблемот на Тинa” и „Северен пол” на фестивал во Холивуд


Kратките играни филмови „Проблемот на Тинa” на Радован Петровиќ и „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска ќе учествуваат во Официјалната селекција на HollyShorts Film Festival што се одржува во Холивуд, САД. Филмовите ќе се прикажуваат во светски познатиот TCL Chinese Theatre на Hollywood Blvd, во периодот од 11 до 20 август. HollyShorts Film Festival е Academy […]

Американскиот пијанист Стивен Бјус со концерт во „Света Софија“


  Американскиот пијанист Стивен Бјус вечер ќе одржи концерт во 21 часот во црквата „Света Софија“ во рамки на 61. издание на фестивалот „Охридско лето“. Бјус, како што информира Националната установа „Охридско лето“, е роден и пораснат на фарма во источен Вашингтон. Пијано почнал да учи на петгодишна возраст, а на само девет години дебитирал […]

Признание за академик Ташковски- четири слики од циклусот Зодијак во „Астрологија“ во издание на Ташен


  Од печат излезе книгата „Астрологија“ од познатата издавачка куќа Ташен (Taschen) од Швајцарија, во која се застапени четири слики од циклусот Зодијак на академик Васко Ташковски, еден од најдобрите и најоригинални македонски сликари. Ова е големо признание за уметникот, водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со […]

Објавен Конкурсот за национален претставник на Биеналето на архитектурата  во Венеција во 2023 година


  Министерството за култура денеска го објави Конкурсот за учество на Република Северна Македонија на 18. Интернационална изложба на архитектурата во Венеција во 2023 година, во организација на „La biennale di Venezia“ (Венециско биенале). Конкурсот е објавен во медиумите и на веб-страницата www.kultura.gov.mk и заедно со пријавата е достапен на следниот линк. Право на учество на Конкурсот имаат правни лица кои аплицираат со проекти во […]

Кинотеката во август со атрактивна филмска понуда за летното кино под отворено


  Кинотеката со нејзиното летно кино „Мирно лето“ најавува дека ја има вистинската забава во вечерните часови во (нај)топлиот месец – август. Августовската програма ја започнуваат со неколку актуелни француски филмови. Играниот ПАРИЗ – ЉУБОВНА ПРИКАЗНА (Les Olympiades, Paris 13e / Paris, 13th District) на Жак Одијар (Jacques Audiard) е забавна колекција на испреплетени приказни […]

Мастрихт танцуваше на валцерите со Андре Риу


Кралот на валцерите, холандскиот виолинист Андре Рие приреди вистинско шоу пред дури 12.000 гледачи на централниот градски плоштад, водејќи ја публиката на најубавото музичко патување низ арии, валцери и популарни стандарди.   Линк до целиот текст на Глориа.хр тука  

Археолог Ристески: Комплексот Маркови кули заборавен и девалвиран


  Стагнира процесот за донесување план за управување и за реанимација на комплексот Маркови кули, како природна реткост и културна целина, смета археологот од Институтот за старословенска култура од Прилеп, Бранислав Ристески. Ристески кој уште во 2006 година, активно беше вклучен во донесувањето на Законот за прогласување на комплексот за споменик на културата, смета дека […]

Мојсова-Чепишевска: Странските македонисти се најголеми лобисти кои го пренесуваат македонскиот јазик во светот


  Во сите учесници на летните, а од минатата година и на зимските школи, како и во сите професори, предавачи, лектори, преведувачи, студенти кои ги изучуваат македонскиот јазик, литература и култура надвор од нашата земја, ги имаме најголемите културни амбасадори, поддржувачи и верни пријатели, вели директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура […]

Од Карл Орф до Гершвин – Охрид ќе го памети концертот на Стефан Миленковиќ


Врвно естетско доживување приредија за бројната публика на „Охридско лето“ виртуозот на виолина со светско реноме Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Камерата Нови Сад“ од Србија синоќа на  Долни Сарај во рамките на Српската вечер на фестивалот.  Публиката во исчекување на инструменталната верзија на „Кармина Бурана“  на музика од Карл Орф, ги доби за „музички […]

Самостојна изложба на Наташа Попоска-Карче на „Охридско лето“


Во рамките на 62-то „Охридско лето“ вечерва од 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на д-р Наташа Попоска-Карче. Изложбата со наслов „Приказна од  душата-сликам со тебе“ ќе биде поместена  во Предворјето на црквата „Света Софија“. Ликовната поставка e компилација од  дела што одликуваат четири базични емоции и тоа: среќа,љубов, тага и радост. Преточени во боја,навидум […]

Македонскиот јазик повторно се изучува во Лондон


 Британци се воодушевени од македонскиот јазик и го изучуваат на одделен курс на којшто подетално се пренесуваат знаења и за македонската литература и култура. Курсот по македонски јазик веќе три академски години по ред, се одржува на Школата за словенски и источноевропски студии на престижниот Лондонски глобален универзитет во соработка со Меѓународниот семинар за македонски […]

Селаковиќ: „Охридско лето“ ја слави културата, а културата не е култура ако зад неа не стои јазик


Фестивалот „Охридско лето“ ја слави културата, а културата не е култура ако зад неа не стои јазик, истакна министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ. кој синоќа пред настапот на српскиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот ансамбл „Камерата“ од Нови Сад, пред присутните се обрати на македонски јазик. За време на Фестивалот забележа […]

ДПМ: Нашиот јазик не е дијалект, ние создаваме на македонски јазик


Друштвото на писателите на Македонија се приклучи на хорот загрижени по унилатералната изјава на Македонија за македонскиот јазик. „Наша основна алатка е јазикот и тој за нас, како што со право и убаво истакнуваше и нашиот претходник, учител и родоначалник Блаже Конески – е нашата татковина! Ние сме Македонци, наш мајчин и татков јазик е […]

Виолинистот Стефан Миленковиќ со „Кармина Бурана“ вечер на Охридско лето


Со изведба на уникатното дело „Кармина Бурана“ вечер на сцената Долни Сарај ќе настапат светски познатиот виолинист, Стефан Миленковиќ и реномираниот ансамбл „Камерата Нови Сад“ во рамките на 62. издание на фестивалот „Охридско лето“. Претставувајќи го проектот, денеска на прес-конференција Миленковиќ појасни дека „Кармина Бурана“ е верзија за виолина и камерен оркестар. – На тоа […]

Промоција на книгата „Расчеречени души македонски“ на Нове Младеновски


    „Расчеречени души македонски“ е книгата на Нове Младеновски која вечер ќе биде промовирана во домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци. Модератор ќе биде Мирјана Мукаетова, а промотор Гоце Ристовски. Промоцијата ќе биде збогатена со настап на музичкиот уметник Стевче Стојковски. Нове Младеновски, кој подолго време живее во Австралија, е автор на […]

Проекција на филмот „Gipsy Queen“ на отворено, на Школка


  Институтот „Ромалитико“ вечер организира кино на отворено на Школка во Градскиот парк во Скопје со проекција на филмот „Gipsy Queen“. Како што информираат од Институтот „Ромалитико“, филмот ја прикажува животната приказна на една мајка која е спремна да се бори со се само да обезбеди подобар живот за нејзините две деца. Таа и буквално […]

Патувачкото кино на „МакеДокс“ во Моноспитово, Босилово и Габрово


  Патувачкото кино на „МакеДокс“ вечер ќе одржи проекции во Моноспитово, утре во Босилово, а задутре во Габрово. Првиот дел од 13. патувачко кино на „МакеДокс“ почна струмичкиот регион. Наместо во Моноспитово, како што претходно беше планирано, првата проекција се одржа на 18 јули во училишниот двор на основното училиште во с.Василево во истоимената општина. Втората […]

Демир Капија добива театарски фестивал ,,Без рамка”


  Демир Капија добива меѓународен театарски фестивал ,,Без рамка”, информираше денеска актерката Кристина Николовска, која потсети дека театарот крај демиркаписката клисура, „Мирка Гинова”, постои неполни шеесет години и иако аматерски, освојува бројни награди на домашни и странски фестивали. Според неа, најактивно работеле од 2013 година, со истата екипа што е во моментов, со која се […]