„Аригато“- НОБ со гала-оперски концерт во чест на пријателска Јапонија


В петок, во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи гала-оперскиот концерт со наслов ARIGATO, што во превод од јапонски јазик значи „благодарам“. Концертот се организира во знак на благодарност кон пријателска Јапонија по повод реализацијата на проектот од јапонската програма за развој на културата – „Проект за подобрување на …

„Аригато“- НОБ со гала-оперски концерт во чест на пријателска Јапонија Read More »

Кои се водителките на Оскарите?


САД– Комичарките Ејми Шумер, Реџина Хол и Ванда Сајкс ќе бидат водителки на годинешното доделување „Оскари“, а продуцентите на церемонијата се обидуваат да привлечат нови гледачи по рекордно ниската гледаност во 2021 година, објавија во понеделникот „Вараети“и „Њујорк тајмс“. Продуцентите ги финализираат деталите, а официјалното соопштение ќе биде објавено во вторник во емисијата „Добро утро, …

Кои се водителките на Оскарите? Read More »

Песни на Јулијана Величковска објавени во Азербејџан


Песните „Вода“ и „Отворена книга“ од македонската писателка и поетеса Јулијана Величковска беа објавени во неделникот за литература и уметност „Едебијат газети“ („Литературен весник“) во Азербејџан. Препевот е дело на поетот Ферид Хусеин. „Едебијат газети“ е еден од најстарите и најчитаните неделници за литература и уметност што се објавува од 1934 година во Баку, Азербејџан. …

Песни на Јулијана Величковска објавени во Азербејџан Read More »

Поради плагијат: МКЦ го поништи конкурсот за јубилејното лого


Младинскиот културен центар соопшти дека го поништува конкурсот за избор на идејно-графичко решение за целогодишна јубилејна програма „50 години МКЦ“. Конкурсот за визуелно обликување на сите програми и активности во текот на  целата 2022 година МКЦ го распиша на почетокот на годината и избра победник, но го дисквалификуваше поради плагијат на избраното решение. – Намерата …

Поради плагијат: МКЦ го поништи конкурсот за јубилејното лого Read More »

Четврти концерт од серијата камерни настапи „Филхармонија за филхармонија“


Во Филхармонија в четврток ќе се одржи четвртиот концерт од серијата камерни настапи „Филхармонија за филхармонија“, на кој ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонија во различни формации. На програмата се дела од Калвет, Брамс, Брух, Бах, Шостакович и Пјацола. Во рамки на концертот ќе настапат Брас квинтет во состав на Стефан Илиев – труба , Јордан Колевски …

Четврти концерт од серијата камерни настапи „Филхармонија за филхармонија“ Read More »

„Вечното танго на Астор Пјацола“ – мултимедијална групна изложба во Галерија „КО-РА“


Во големиот салон на Галерија „КО-РА“ вечер ќе биде отворена традиционалната мултимедијална групна изложба посветена на „Вечното танго на љубовта“ и славниот композитор Астор Пјацола.   И оваа година Галерија „КО-РА“ , како што најавуваат оттаму, ќе се придружи во одбележувањето на Денот на вљубените, во прослава на љубовта, виното, но оваа година воедно одбележувајќи …

„Вечното танго на Астор Пјацола“ – мултимедијална групна изложба во Галерија „КО-РА“ Read More »

Драмски театар со „Мојот маж“ на Меѓународен фестивал во Љубљана 


НУ Драмски театар од 9 до 14 февруари ќе учествува на Меѓународниот фестивал „РУТА Група Триглав“ во Љубљана. На 13 февруари ансамблот на Драмски ќе ја изведе претставата „Мојот маж“ која претставува колаж од расказите на Румена Бужаровска. Претставата е во режија на Нела Витошевиќ и има добиено повеќе награди: за севкупен уметнички ангажман на …

Драмски театар со „Мојот маж“ на Меѓународен фестивал во Љубљана  Read More »

„Ковид-19“, „Делта“, „Омикрон“- скулптури на Нела Јанковска инспирирани од пандемијата


Академската скулпторка од Крива Паланка Нела Јанковска е дел од годишниот реномиран настан на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, „Зимски салон“, што пред два дена официјално беше отворен во Чифте амам.   На деветнаесеттата манифестација „Зимски салон“ на тема „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“ беа изложени дела од македонски уметници, членови на ДЛУМ, како …

„Ковид-19“, „Делта“, „Омикрон“- скулптури на Нела Јанковска инспирирани од пандемијата Read More »

„Француски бакнеж“ – љубовен концерт со оркестарот на Филхармонија


  „Француски бакнеж“ е насловен концертот што вечерва ќе се одржи под диригентската палка на Џијан Емин, а како солисти ќе настапат членовите од француското трио „Ана Кап” кои воедно се и автори на музиката што ќе биде изведена. Гости на концертот се и виолистот Оливие Самуилан и вокалистката Бети Жарден, и двајцата од Франција. …

„Француски бакнеж“ – љубовен концерт со оркестарот на Филхармонија Read More »

Почнува Берлинале, еден од најголемите европски филмски фестивали


Германија– Во Берлин вечерва почнува 72. Меѓународен филмски фестивал (Берлинале). За главните награди ќе се натпреваруваат 18 филмови. Фестивалот ќе биде отворен со филмот „Питер фон Кант“ на режисерот Франсоа Озон, со Изабел Аџани во главната улога. Покрај него, во трката за награди се и филмовите „Со љубов и одлучност“ на Французинката Клер Дени, со …

Почнува Берлинале, еден од најголемите европски филмски фестивали Read More »

Шест нови членови во Друштвото на писателите на Македонија


Шест македонски автори  ќе бидат зачленети во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) кое на 13  февруари ќе одбележи 75 години постоење. -Се работи за автори кои добиле некоја од престижните книжевни награди и кои веќе се здобиле со сериозна писателска репутација. Поканата за членство во ДПМ во оваа пригода ја прифатија: Владимир Јанковски, Румена …

Шест нови членови во Друштвото на писателите на Македонија Read More »

На 83 години почина Милан Влајчиќ, истакнат новинар и филмски критичар


Србија- Новинарот, писател и критичар Милан Влајчиќ ненадејно почина на 83-годишна возраст во Белград. Милан Влајчиќ е роден во Белград, а дипломирал на Катедрата за општа книжевност на Теорија на литературата на Филолошкиот факултет во Белград. Книжевна критика и критика објавува од 1960 година во списанието „Дело“ и други изданија. Ги уредувал културните колумни „Студенти“ …

На 83 години почина Милан Влајчиќ, истакнат новинар и филмски критичар Read More »

Без ковид сертификати на Оскарите во март


САД- Нема да биде потребен доказ за вакцинација против коронавирус за да присуствувате на годинешните Оскари. Доделувањето на 94. Филмски награди на академијата на САД ќе се одржат на 27 март. Според британски „Гардијан“, Американската академија за филмски уметности и науки нема да бара пропусница за ковид за присуство на церемонијата. Наместо тоа, од гостите …

Без ковид сертификати на Оскарите во март Read More »

Откажан Саемот на книгата во Лајпциг


Германија- Годинешниот Саем на книгата во Лајпциг беше откажан поради незаинтересираност на издавачите, кои се откажаа од учеството поради епидемиолошката состојба. Иако владата на германската покраина Саксонија овозможи нови мерки за одржување на Саемот, кој требаше да се одржи од 17 до 20 март, организаторите одлучија да го откажат. Според нив, многу големи издавачки куќи, …

Откажан Саемот на книгата во Лајпциг Read More »

„50 години МКЦ“: Милан Димитриев со најдобро идејно-графичко решение


За најдобро идејно-графичко решение и визуелен идентитет за „50 години МКЦ“ е избран трудот на Милан Димитриев, соопшти Младинскиот културен центар и им се заблагодари на сите учесници во конкурсот за идејно-графичко решение за визуелно обликување на програмите и активностите на МКЦ, кој има за цел создавање визуелен идентитет и препознавање на јубилејот „50 години …

„50 години МКЦ“: Милан Димитриев со најдобро идејно-графичко решение Read More »

Почнува Берлинале-18 филмови во трка за „Златна мечка“


Германија – Во германскиот главен град Берлин утре започнува 72. Меѓународен филмски фестивал (Берлинале). За главните награди ќе се борат 18 филмови. Фестивалот ќе трае до 16 февруари, а ќе биде отворен со филмот „Питер фон Кант“ на режисерот Франсоа Озон, со Изабел Аџани во главната улога. Покрај него, во трката за награди се и филмовите …

Почнува Берлинале-18 филмови во трка за „Златна мечка“ Read More »

Отворање на 19. „Зимски салон“ на ДЛУМ


Деветнаесеттата манифестација „Зимски салон“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер ќе биде отворена во Чифте амам. Селектор на годинашниот „Зимски салон“ е романската професорка од Националниот Универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу, а зададената тема гласи „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконстуирање“. На изложбата ќе бидат претставени дела на 41 македонски автор. …

Отворање на 19. „Зимски салон“ на ДЛУМ Read More »

„Турандот“ во Националната опера и балет


Операта „Турандот“ од Џакомо Пучини вечер ќе биде изведена во Националната опера и балет. Диригент е Бисера Чадловска, а режијата, сценографијата и костимографијата се на Џанкарло дел Монако. Кореографијата е на Саша Евтимова, а концерт мајстор – Јане Бакевски. Настапува врвна домашна солистичка екипа: Весна Ѓиновска Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Злата Тошевска, Владимир Саздовски, Јане Дунимаглоски, …

„Турандот“ во Националната опера и балет Read More »

Номинации за Оскар 2022: Кој изгуби, а кој изненади?


САД-  Секоја година, првото забележливо нешто што треба да се разговара по објавувањето на номинациите за Оскар е кој изгуби, а кој изненади според гласачкото тело на Академијата за филмски уметности и науки. Денес, Академијата ги објави номинациите за својата 94-та церемонија на доделување награди – и има многу да се зборува како и секогаш. …

Номинации за Оскар 2022: Кој изгуби, а кој изненади? Read More »

„Моќта на кучето“ на Кемпион со 12 номинации за Оскар


САД- Комичарот и актер Лесли Џордан и актерката/извршен директор/продуцент Трејси Елис Рос денеска ги објавија номинациите за Оскар 2022 година во сите 23 категориите, преку глобален онлајн пренос во живо. Доделувањето на 94. Филмски награди на академијата на САД ќе се одржат на 27 март. Филмот „Моќта на кучето“ (The Power of the Dog) на …

„Моќта на кучето“ на Кемпион со 12 номинации за Оскар Read More »